S
Sheldon Cooper
Гостин
Темава е инспирирана од самоволието на градоначалниците на град Скопје и на општина Центар кои носат одлуки за изградба на објекти без да ги прашаат граѓаните што тие мислат за нив. Дали е тоа во ред? Дали ние како граѓани имаме право да поништиме некоја одлука на градот и зошто градоначалниците не свикуваат референдум или јавен форум каде што би се гласало за секоја измена во деталниот/генералниот урбанистички план? Градот е заеднички и сите ние имаме право да даваме идеи во врска со неговото развивање. Како примери за нивното самоволие ќе ги наведам:
- уривањето на Зеленото пазарче
- уривањето на сендвичарите кај ГТЦ
- одлуката за изградба на сплавови на Вардар
- одлука за изградба на панорамско тркало
- одлука за изградба на висококатници на местото каде треба да се гради Јужен Булевар итн.
- целиот проект Скопје 2014
НАПОМЕНА: Темава не е со политичка заднина и целта е секој да го каже своето мислење во врска со овој проблем. Исто така сакам да напоменам дека за некои одлуки што ги носат градоначалниците сум согласен и ми се допаѓаат но сепак мислам дека не треба да се одлучува без најмалку 51 процентна согласност од граѓаните.