6 начини да спречите дијабетес пред тој да се појави

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.317
Поени од реакции
34.727
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Глобалниот број на луѓе заболени од дијабетес во моментов се движи околу 366 милиони и веројатно оваа бројка ќе порасне до 522 милиони во следните две декади, доколку не се преземе итна акција. Што може превентивно да направите за вашето здравје?
6-nachini-da-sprechite-dijabetes-pred-toj-da-se-pojavi-63912.jpg

Регулирајте ја телесната тежина
- Ова е еден од најбитните чекори во превенцијата од дијабетес, бидејќи вишокот на килограми го отежнува контролирањето на шеќерот во крвта. Наместо да следите некоја истоштувачка диета, промените во исхраната правете ги постепено и пополека. Добар начин за ова е да се започне да се бројат калориите кои ги внесувате.

Внесувајте диететски влакна
- Диететските влакна се есенцијални во превенцијата од дијабетес, поради тоа што потребно е подолго време за дигестивниот тракт да ги свари хранливите материи кои содржат диететски влакна. Потребно е да се внесуваат 45 до 50 грама на диететски влакна на ден. Доволно е да ги внесувате со појадокот преку разновидниот асортиман на цереалии и мусли.

Кафе и чај
- Во последниве години, истражувачите ја открија поврзаноста на консумацијата на кафе и чај и намалената рата на дијабетес. Резултатите од 18 различни студии открија дека пиењето на 3 до 4 шолји кафе на ден е асоцирано со 25% намален ризик за дијабетес, споредено со лицата кои воопшто не го консумираат.

Физичка активност
- Редовната физичка активност го зајакнува телесниот систем кој ја регулира гликозата во крвта. Ова е клучот за превенцијата од дијабетес. Вежбањето ја зголемува инсулинската сензитивност, овозможувајќи долготрајни придобивки од гликозата во крвта.

Правилно распоредени оброци
- Регуларната исхрана во текот на денот е многу важна за... [остатокот на статијата може да го прочитате на Кајгана]
 
Ќе се надоврзам на текстот со според мене најбитната превентивна мерка, укинување или драстично намалување на консумација на бел шешер односно сахароза која го оштетува панкреасот и го заслабнува имунолошкиот систем.

Во најголем број случаи лицата кои од деца би имале правилна исхрана без бел шеќер во најголем дел воопшто не би го развиле како болест.
 
Зошто животните немаат дијабетис едноставно не јадат жеќер во неприродна количина или РАФИНИРАН Шеќер,добро решение

Во Иднина ќе се најде лек за Дијабетис за оние што го имаат само
Главниот проблем е кој Панкреасот кој е поврзан со Нервниот СИстем и тешко е да се натера нашиот систем повторно да го натера панкресот да лачи инсулин според потребите на организмот.

Тоа е поради генетска и стрес состојба нешто слично на луѓето кои неможат да се опорават после повреди на главниот рбет раце или нозе невропатија.

Ако се направи ова нема да има Дијабетис но лошата храна ќе биде голем проблем за сите луѓе на планетата бидејќи има и други болести како рак и дебелина.
 
Ќе се надоврзам на текстот со според мене најбитната превентивна мерка, укинување или драстично намалување на консумација на бел шешер односно сахароза која го оштетува панкреасот и го заслабнува имунолошкиот систем.

Во најголем број случаи лицата кои од деца би имале правилна исхрана без бел шеќер во најголем дел воопшто не би го развиле како болест.

Потполно точно,рафинираниот шеќер е еден од тивките отрови за организмот и полека-полека си ја врши својата работа.
Обичен шеќер или Сахароза е најштетниот дисахарид кој може да постои за органзимот и е еден од факторите за Дијабетис а некогаш и главен фактор за болеста.Проблемот е што Сахарозата многу брзо се апсорбира од организмот и бидејќи е составена од 50 % на Глукоза скоро веднаш го зголемува нивото на Глукоза во крвта со што го доведува Панкреасот во ситуација на висок режим на работа и од тука настануваат сите проблеми.
Уште полошо прават Дијабетичарите кои имаат висок процент на Глукоза кога како засладувач го исфрлаат Обичниот шеќер и го заменуваат со Аспартам и Сахарин,и место самоубиство со Обичен Шеќер прават самоубиство со вештачки засладувачи,ама треба некој да им каже и објасни.
 
Сите знаат дека Аспартамот, Сахаринот и Ацесулфамот се отровчиња па пак ги користат или во мастика или како засладувач и окце не им трепнува.

Јас си гледам за себе а друг кој сака нека се информира, тој што му стало до сопствено здравје има нет да си прочита а тој што не му е гајле до утре збори му тој пак ќе ги користи и ќе тврди дека претеруваш.

После се чудат што има кретени и идиоти кај децата а ги растат на шеќер и аспартам, добра комбинација да станеш болен и глуп.
 
На нервна база се добива дијабетес и тоа убаво се добива...
Битен фактор е стресот за оваа болест!
Покрај се друго набројано, да, и ова е многу точно.
 
Сите знаат дека Аспартамот, Сахаринот и Ацесулфамот се отровчиња па пак ги користат или во мастика или како засладувач и окце не им трепнува.

Јас си гледам за себе а друг кој сака нека се информира, тој што му стало до сопствено здравје има нет да си прочита а тој што не му е гајле до утре збори му тој пак ќе ги користи и ќе тврди дека претеруваш.

После се чудат што има кретени и идиоти кај децата а ги растат на шеќер и аспартам, добра комбинација да станеш болен и глуп.

Во ред е се тоа што кажа,но сепак не е на одмет да се напише и предупреди.
Сахаринот и Аспартамот се најкористени засладувачи и воедно многу пати поштетни од Обичниот Шеќер а ги има почнувајќи од мастики па до сите кондиторски производи па дури и во месната индустрија се користат и се замена за Обичен Шеќер,секако и во безалкохолните пијалоци.Имав прилика да влезам во фабриката од Синалко во Кавадарци и да видам како оди производството на еден газиран сок и ког видов колку количина на обичен шеќер користат косата на глава ми се крена од запрепастување,од тогаш газиран сок не конзумирам:facepalm:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: H8R

Не ми се случило досега некому да спомнам за аспартам и да престане да го користи и затоа си ќутам, ти си сеуште во алтруистичка фаза а јас веќе ја поминав :).

Со шеќерот јас така се зезнав со боза која ми беше омилен пијалок. Еднаш татко ми купи боза без шеќер (имало и таква доста поефтина) и си сипав чаша и почнав да ставам една лажичка шеќер па две па три па четири и кога стигнав до шестата лажичка и уште не ми беше слатко си реков јас ова не го пијам макар пукнал.

Од тогаш еве има 4 месеци не сум се напил боза ниту имам намера а кока кола или пепси користам само како лек ако некогаш притреба :D.
 
Тогаш замена на Сахарин и обичен бел шеќер?

Во моментов само на Стевиа ми текнува (во што почист облик) се друго си има предности и мани.
 
Тогаш замена на Сахарин и обичен бел шеќер?

Замена за засладувачите како Сахарин и Аспартам а воедно за Бел Шеќер е Кафеавиот Шеќер или НЕРАФИНИРАН ШЕЌЕР.
Кафеавиот шеќер има темна кафеава боја со нијанси на истата и колку е потемна бојата толку има поголема количина на Меласа во себе.Меласата е нус производ во производство на Рафиниран шеќер и во себе собржи богатство на Витамини и Минерали,течност е како медот одприлика или малку поголема течливост од него.Поради Меласата нерафинираниот шеќер е наречен Кафеав Шеќер,исто и тој е во кристална состојба како и обичниот бел шеќер.

Е сега Белиот Шеќер нема во себе Меласа,што значи нема никаква витаминска и минерална состојка во себе,освем енергетската вредност што ја носат јагленхидатите а таа е 4ккал на грам.

Цената не знам колку му е,ама бидејќи во технолошка постапка на производство на Нерафиниран шеќер има операција помалку би требало да е поефтин од Обичниот Шеќер,но дали е така чисто се сомевам,обично се што е нерафинирано е поскапо,а треба да биде поефтино.

Има два вида на Меласа,од Шеќерна Трска и од Шеќерна репица,е сега тоа квалитетно продуктче,полно со есенцијални нутритивни и биолошки многу важни состојки се користи за производство на Етанол(Алкохол),Рум и слични пијалоци и за СТОЧНА ХРАНА
 
На организмот исто му доаѓа дали користиш бел или жолт шеќер, разликата е чиста козметика.
 
На организмот исто му доаѓа дали користиш бел или жолт шеќер, разликата е чиста козметика.
Не е козметика разликата, прочитај за рафинирање на шеќерот. Белиот шеќер се преработува со куп хемикалии кои се штетни.
 
Не е козметика разликата, прочитај за рафинирање на шеќерот. Белиот шеќер се преработува со куп хемикалии кои се штетни.

Козметичка е, на панкреасот му е исто дали е бел или жолт шеќер и двата се сахароза, едниот има нешто минерали другиот ги нема ама во суштина и двата исто штетно делуваат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom