е, како бе не гледаш? тоа се вика крадење интелектуална сопственост. идејата е најскапа - барем во светот. ако немаш идеја - немаш ни реализација.
ти се однесуваш како агенцијата и владата да се добротворни организации. црвен крст, уницеф...
цепки!
Ме зафркаваш за ова со интелектуалната сопственост?
Па гледај ги сите вакви спотови сите се со слична тематика и такви ќе си останат до векот. Како ќе докажеш прекршок на правата за интелектуална сопственост? По принцип на географска близина ака комшија?
Јас не сум тука црвен крст да им помагам, само така стојат работите и така ќе си останат. Едноставно може само да гледаме позитивно од оваа ситуација и секогаш како Македонци да работиме по принцип на „First mover advantage“ ништо повеќе не може да се направи од тоа.
Ако мислиш пак дека спотот наштетува на Македонија и оданочените граѓани на Македонија со тоа што беа узурпирани авторските права на спотот, тогаш сигурно има ангенција/министерство/државна институција до која ќе можеш едноставно да напишеш едно писмо и да ти одговорат соодветно.
Среќно.
--- надополнето: 20 ноември 2011 во 03:02 ---
тоа и зборам, пошто на момакот горе ништо не му е чудно ако „се позајмиле“ комшиите.
тоа шо земале пари на туѓ труд - нема везе. „ние“ им помагаме..!?
кои се тоа „ние“? тие што го реализираа спортот во мк? или тие што ги имаат правата?
(Гледам дека очигледно не ти се јасни некои работи, па така да ти ги разјаснам дополнително)
Па да, ништо не ми е чудно. Мислиш дека со цел памет тоа го оправдувам? Тоа ти е на тебе свртено во глава?
Мислиш дека не знам дека некој е повреден (зборувам за Македонија) од ова?
Поентата не ми е во праведноста на потегот (нормално дека не е праведно), поентата е во способноста да се превземе нешто за спотот.
Доста МАКЕДОНЧЕТО само правда бара... никогаш нема да ја добие. <- Ова е целата поента на мојот коментар,
ништо друго.
Со векови само правда бараме, никој не го боли (се извинувам за вулгарноста) за правдата на македонецот.