Кај е најНЕбезбедно да се патува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Локација
Скопје
Каде е најНЕбезбедно да се патува (Европа, Азија, Јужна и Северна Америка, Африка итн)?

Мое омилено место за патување е Бразил (:(), но кога патувате таму не е прашањето дали ќе ве ограбат, туку КОГА (најверојатно е така затоа што народот е многу сиромашен, многу зголемен криминал, но безбедноста е на минимум). Патниците често остануваат без својот багаж уште на аеродромите.
Могадишу (Сомалија) е најопасниот град во светот. Беше погоден од граѓанска војна и скоро половина од популацијата ги напушти своите домови, пред се поради насилство, честото бомбадирање и убиства.
Јоханесбург е познат по големиот број на силувања, кражби, киднапирања, убиства. Во овој град не се препорачува патување со кола или шетање во вечерните часови.

Дали ви се случило некаде во странство да ве ограбат и слично?
 
Странство не знам, ама во Скопје ако си турист исто така не е безбедно преку ден, а и во вечерните часови се има.
Треба да се пази највеќе на џепџии на Камени Мост и низ Чаршија. Градскиот парк исто така не е безбеден навечер, има наркомани, алкохолочари итн...
 
Од кај сега Авганистан го спомна жити се. Не верувам дека е до толку небезбедно таму, може за жените да е небезбедно малку. Цело Куманово а и познаници некои се таму и до сега никој се нема пожалено. :)

Па не се жалат зашто се у бази, обезбедени со ланци ,тракатанци , ласерски зраци.. Никој не бил по улици за да каже како е
 
Странство не знам, ама во Скопје ако си турист исто така не е безбедно преку ден, а и во вечерните часови се има.
Треба да се пази највеќе на џепџии на Камени Мост и низ Чаршија. Градскиот парк исто така не е безбеден навечер, има наркомани, алкохолочари итн...
Aко во Скопје не е безбедо незнам каде тогаш на овој свет е безбедно
 
доста небезбедно е да со брод да се плови во Сомалиски води.
 
Безбедно е како не Сарај, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров.... Од тоа што сум гледал ти кажувам!
Иди прошетај во Рио кај фавелите па ќе правиме муабет, Бронкс и слични места низ светов.
Не можеш Скопје со никое друго место да го споредуваш, нормално дека и тука има такви дешавки но споредбата е смешна
 
Безбедно е како не Сарај, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров.... Од тоа што сум гледал ти кажувам!

По убиството на малото дете во Чаир до пред некое време, тешко да ќе е безбедно во Скопје. Треба малце повеќе да се потрудат за безбедноста на граѓаните и туристите што доаѓаат. За небезбедноста во право си, но не сме толку бетер колку што е во Бразил.
 
Јас имав во странство таква случка, ме ограбија. Но ништо неможев да сторам. Џабе ќе биде и полицаец да бидам. Има профеционалци што цел живот учеле како да крадат. Во споредба со странство ние сме нула. Но како за во Македонија (не надвор од нашиве граници) во Скопје доста е застепена кражбата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom