- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.441
- Поени од реакции
- 26.737
Меѓународната демократска унија (МДУ) е прва интернационална политичка институција која го менува сопствениот статут за да се оневозможи грчката блокада на Македонија.
МДУ на состанокот во Лондон изгласа нов статут. Освен Грција, сите други земји дадоа поддршка на промената на статутот за да се отфрли принципот на консензуално одлучување. ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партиска прес-служба, од набљудувач примена е за асоцијативна членка, нешто што Грција долго го блокираше. Оваа одлука беше поддржана со акламација од сите гости, премиери, министри,..
Меѓународната демократска унија обединува повеќе од 80 демохристијански и конзервативни партии од целиот свет. Формирана е во 1983 година. Основачи се поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, тогашниот претседател, а подоцна и претседател на САД Џорџ Буш постариот, некогашниот француски претседател Жак Ширак и поранешниот германски канцелар Хелмул Кол.
Оваа организација ги обединува сите светски демократски унии меѓи кои што е и Европската народна партија. Претседател на МДУ е поранешниот премиер на Австралија Џон Хауард, а во оваа организација членови се и партиите на Ангела Меркел, Никола Саркози, Силвио Берлускони, Дејвид Камерон, американските конзервативци и уште голем број на влијателни светски лица.
Извор:
http://kurir.mk/makedonija/vesti/49...-da-ja-spreci-Grcija-da-ja-blokira-Makedonija
Ако се погледнат имињата на партиите-членки во организацијава, оваа „победа“ може да биде добар сигнал.