Охрид - стотина брачни парови склучија и црковен брак

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
ОХРИД - СТОТИНА БРАЧНИ ПАРОВИ СКЛУЧИЈА И ЦРКОВЕН БРАК



VENCAVKA.JPG



Над сто брачни парови беа групно венчани според православните обичаи на церемионијата што денеска се одржа во црквите Св. Ѓорѓија во Горна Влашка маала и Св. Богородица - Каменско во Охрид.
Во Охрид за прв пат се организира групно венчавање, кое свештениците на Дебарско - кичевската епархија го извршија бесплатно.

- Денес во градот Охрид е празник, затоа што многу брачни парови кои од различни причини до сега не се венчале имаат прилика да го направат тоа и навистина чувството на радост е големо и ние како свештеници тоа го чувствуваме, изјави отец Сашо Богданоски.


pop.jpg

На групното венчавање присуствуваа брачни парови од Охрид но и од други градови во земјата. Имаше парови од сите генерации, а меѓу највозрасните беа охриѓаните Надежда и Славко Бежовски, кои се венчаа во црква по половина век брак.

- Во комунизмот работев во внатрешни и немаше никаква можност да се венчаме, па одлучивме сега на стари години да се венчаме Црквата ни излезе во поресрет и решивме да го направиме тој чин иако сме веќе 52 години во брак, истакна „младоженецот“ Славко. Сопругата Надежда беше среќна што љубовта со својот животен сопатник ја овековечува и пред Бога. Венчавката, како што истакна таа, ќе ја прослават во домашна атмосфера со најблиските.


par.jpg

Во црквата Св. Ѓорѓија владееше свечена атмосфера. Специјално за групната венчавка волонтерите од оваа црква рачно исплетија 80-на цветни венци кои младенците ги носеа наместо круни.

- Воопшто не беше тешко да се изработат цветните венчиња кои ги симболизираат венчалните круни, а се исплетени од бршлен и хризантеми, истакна Марија Кочоска, волонтер во црквата Св. Ѓорѓија.


par2_1.jpg


vencavka3.jpg

Граѓаните ја поздравија иницијативата на Црквата со која на верниците кои од различни причини досега не се венчале им се овозможи бесплатно да го направат тоа.

airlija da e godinava daj boze da ima sto povejke vencavki vo makedonija :) i sto povejke decinja da ni trgne napred drzavava :)

 
лопати не продаваа? или можеби бидермаери
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom