Предлагам темава да ја полниме и со рецензии на филмовите а не само наслов за да знаеме кои се добри и имаат препорака а кои се само губење време. Јас почнувам со мала рецензија на:
Fist of Legend (1994)
Одличен филм со Џет Ли како ученик на Huo Yuanjia еден од најпознатите кинески мајстори, виртуоз во стилот Mízōngyì. филмот е римејк на Fist of Fury 1972 со Брус Ли во главна улога.
Дејството се случува во Шангај во 1937 во меѓународна зона практично окупиран од Јапонците но сеуште со силно британско влијание.
Изобилува со борбени сцени многу добро направени, има многу малку непотребни движења и фантастика како во Crouching Tiger, Hidden Dragon и е доста реалистично направен.
Феноменални сцени на борба, повремено со употреба на елементи од западен бокс, малку љубов и романтика и една феноменална мисла:
Во една борба го прашува јапонскиот мајстор Chen Zhen кој е смисолот на борбениот тренинг и добива одговор: Смисолот е како најбргу и најефикасно да го совладаш противникот на што овој му реплицира со реченицата: Грешка си, најлесно се совладува противникот со пиштол а смисолот на борбениот тренинг е физички и духовен развој.
ГЕНИЈАЛНО

.
Моја најтопла препорака, филмов мора да се гледа, има одлично сценарио, содржина, глума, одлични борбени сцени а и дава мал дел од светската историја која нам во Европа ни е помалку позната.
Оценка: 8,5 од 10