Што недостасува во македонските филмови?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
По излегувањето на секој македонски филм, македонската јавност е ептен длабоко поделена во однос на критиките. Ретко се случува некој македонски филм да доживее некој огромен успех или екстра позитивни критики.

Што мислите, што е она што му недостасува на македонскиот филм?

Креативност, реплики, хумор? Подобра режија, подобри глумци?

Што е она што највеќе ви пречи кај македонските филмови и што мислите дека треба да се поправи или додаде?

Според мене, македонските филмови треба да имаат повпечатливи краеви.

Ваши мислења?
 
Поголем буџет (y),министерството за култура лошо работи во таа распределба на пари.
 
Македонски филмови?

Значи без Хаус иронично-саркастични досетки, затоа што истите ќе бидат избришани.

Ако не ти се допаѓаат, кажи што недостасува, што е лошо, за да видиме каде заглавила македонската кинематографија. Цинични постови од два збора не се дискусија и по правилата на форумот таквите постови се бришат.

Поголем буџет (y),министерството за култура лошо работи во таа распределба на пари.

Се согласувам со тебе, апсолутно, но мене повеќе прашањето ми беше насочено кон креативниот дел од создавањето на филмот. На пример, постојано има критики дека нашите филмови се мрачни, дека има премногу голи сцени итн...

Инаку потполно си во право. :)
 
нема креативност, нема хумор..некако вештачка е глумата како без волја да се работи
 
Преголемата застапеност на црниот хумор во секој македонски филм доведува до монотоност. Истотака и самата црнина. Но не можеме да избегнеме од таквата тематија оти самото време не` има направено такви.
 
Имаме доста добри актери, добра режија и имаме креатнивност но филмовите што се прават се ниско буџетни и нема шмек во нив, еден од најдобрите е Балкан-кан филмов стварно одлично се направи и го има погледнато пола балкан, би било супер да се направат уште неколку филмови како него :)
 
Ми се свиѓа Dust на Милчо, зашто има фантазија. Каубоец во Македонија за време турско :) значи прави у стил Cowboys VS Aliens. И тоа е уметноста на филмот.
Значи треба малце да се бега од секојдневие, треба малце визија, како би било кога би било.
 
нема креативност, нема хумор..некако вештачка е глумата како без волја да се работи

Не би се сложила, имаме добри актери, сметам дека глумата е едно од подобрите нешта во нашите филмови. За хумор, да би рекла дека фали и секако поголем буџет.

Нешто што најмногу ми оди на нерви се изјави од типот па што можеш да очекуваш од наш филм, секако дека не вреди а филмот не им ниту гледан, гледај прво па после зборувај.
 
Првенствено најмногу што ми смета во македонските филмови е голотијата. Не знам, многу различно доживувам секс сцена во американски и македонски филм. Во македонски филм ми се гади.

За другото општо ќе изнесам мое мислење што секако не сакам да кажам дека македонските филмови се лоши, напротив, секогаш го пратам секој нов филм кој ќе излезе, но сепак, мое мислење е дека филмовите ни се ограничени. Режисерите со цел да ја доловат македонската традиција и култура некако си поставаат лимит и немаат некоја преголема слобода во креирањето. Филмовите ни се многу драматични и потресни и тоа е во ред за еден филм, два ама за сите... Сметам дека редно време е да се сними некој современ филм од секојдневието.
 
основното нешто што недостасува во нив е македонскиот дух и колорит
 
Истово ова го додавам со претходното мое мислење. Ама баш истово.
 
Актерите и сценаријата. Дрвена, вештачка глума од театарски актери или лоши аматери кои некако поминале кастинг. Дијалог кој не соодветствува на ситуацијата или ликот. Имало моменти кога сум се ежел од таков спој на лош актер и сценарио кое како да е напишано од второодделенец.
 
И да направиме совршен филм, кој нема да има недостаток, пак ќе го плукаме ко се наше што плукаме... Македонче... :)

Инаку, во глобала единствен заеднички недостаток на сите им е буџетот. Инаку, кај овие поквалитетните македонски филмови (Dust, Пред Дождот, Балканкан, Сенки, Тетовирање...) ништо особено не им недостасува. Одлични филмови се за толкав буџет и за наши услови.

Проблемот кај нас е можеби во неамбициозноста на режисерите... или неафирмираноста на професијата, режисер... една од професиите кои кај нас се на ниво на егзистенција колку рисовите на Бистра. Можеби и „комплицираните“ услови за таква професија, што пак не враќа кај парите и буџетот...

Друго, ретко кај нас некој се осмелува да направи филм со специфична приказна, секој втор е она класичното црнило со многу пцуење и секс... третирање на иста тематика. Не верувам дека не сме до толку креативни...

И она што е исто значајно, е немањето на филмска култура кај народот, едноставно ја нема... ни филмска, ни драмска... или ај еве ја има, али ко нинџа е, се губи...

Сума сумарум, главен проблем се парите, неамбициозноста и слабата филмска култура... :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom