Одземање на моето име и идентитет (Македонија/Македонски)

Протестно Писмо до Европската комисија од Пеце Наумовски, студент во Thomastown Secondary school во Мелбурн Австралија и врвен спортист во карате.

Одземање На Моето Име и Идентитет (Македонија/Македонски)

До вас високо почитувани во светот од Европската комисија што носите одлуки и решенија кои треба да се изјаснат или прочитаат на конференција пред многу присутни министри од целиот свет.

Ви го пишувам ова писмо од длабочината на моето младо и храбро срце не со омразда туку со добра намера и совест и кога ќе го читате ве молам за миг да застанете и да размислите и почуствувате колку е тешко, да го наречеш некој дека е ништо или да му го одземеш правото на тоа што е и постои, а тоа сме ние Македонците.

„Со тоа што Европската комисија го изостави Македонскиот јазик во извештајот тешко ги погоди сите Македонци каде и да се дали во нашата родна земја Македонија или ширум во светот, ние каде и да сме го зборуваме Македонскиот јазик и тоа ни е наш мајчин јазик кои ја одликува и нашата земја Македонија, нашата религија, нашата култура, историја кое го наследивме од нашите предци, и ова нема да го изгубуме што се градело со векови. Ако ние Македонците не го задржиме сето ова, и ако некој ниго одземе и ни го смени ние нема за што да се залагаме во иднина да се бориме, и трудиме за подобар свет“.

Што стана со паролите што гласеа „Човекови права кои каде и да е, да нема граници, да нема војни и никогаш да не се повтори како во Виетнам пред многу години“.

Затоа Господине Штефан Филе како Еврокомесар на Европската комисија ве молам, немој да осекате притисок од други да го изјасните вашето мисленје и најдете добрина во вашето срце и немој да го искорените од нас што само Господ ни го подарил, а тоа е името Македонија.

Ние сме Македонци, Македонска нација, зборуваме Македонски, пишуваме Македонски, имаме вера Македонска и нашата земја е Македонија не можеме да се наречеме поинаку зошто не припаѓаме на никого.

Јас Пеце Наумовски сум 14 години. Млад спортист каратист што постигнав многу во мојот спорт патувам на првенства во светот сум бил во многу земји и сум се соочил со многу прашања од другари во многу земји како Јапонија, Германијам, Фиги, САД, Тахити и Грција од која земја сум, а кога јас им одговорам дека сум од Австралија следува друго прашане што сум по нација, а јас со гордост им одговарам дека сум Македонец и дека Македонија каде и да одам ја носам во душата и срцето.

И за крај јас верувам дека „Добрите нешта им доаѓаат само на оние кои се воздржани и чекаат“ а тоа е Македонскиот народ на Република Макеоднија.

Со почит,
Пеце Наумовски – карате кид.

229908_10150280787237786_522952785_9584249_2721307_n.jpg

--- надополнето: Oct 31, 2011 7:26 AM ---

Какви се вашите мислења за детево и за писмото?

Дали сите требаме да го прифатиме ова Македонско сонце како единствено знаме на Македонците?
 
После револуцијата 1945 да се воспитуваше младината во традиционалните македонски дух немаше да дојдеме до ова дереџе.

Но 1945 имавме контрареволуција и инсталација на анационални елементи, затоа и резултатот е оваков.

Честитки до момчето
 
Ееее Пеце кога ќе пораснеш ќе сватиш колку се лицемерни тие педерски гадови од фашистичката организација на ЕУ.Ама ако,се врти тркалото а ние што не преживеавме па за нивните буљашки и подли игри не е проблем.
 
Браво Пеце....тука кај нас луѓе на 40-50 години уште не се свесни и неможат да го разберат ова што си го напишал ти со твоите 14годинки.....само наред...и ако ме задева некој ќе те викнам да ме браниш :)
 
Пеце дипломат такви ни треба ширум светов,а не гркомани,србомани,бугарофили и такви слични за нив нема место во Македонија;)
 
Ajде бе 500 години под турско преживеавме, па колку толку закрепнуваме. Ќе го преживееме и ова, па утре со македонска ЛИЧНА карта валјда ќе ни се клања светот:)
 
Пеце Наумовски 14 годишно мажиште браво за писмото ,ама другарче тие бирократи таму немаат слух за твоите ставови.
 
Младите се нашата иднина, време е за младината на Македонија како Пеце Карате Кид да станет и да речет не за менување на нашето свето име
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom