S
Shellshock nam67
Гостин
Битката кај Гавгамела бил вооружен судир во 331 п.н.е. помеѓу Македонија и Персија, каде војсководецот Александар Македонски го поразил Дариј III крал на Ахаменидска (Персија), со што практично започнал падот на дотогаш неприкосновената персиска империја. Битката исто така неточно се нарекува Битката кај Арабела.
Две години по битката кај Ис Александар продолжил со освојување Медитеранскиот брег и Египет. Потоа продолжил преку Сирија кон срцето на Персиската империја. Александар ги преминал реките Еуфрат и Тигар без да наиде на било каков отпор. Дариј собрал силна војска повлекувајќи војници од далечните краишта на неговата империја. Неговиот план бил со бројно надмоќна војска да ја победи војската на Александар. Според некои историчари војската на Дариј во оваа битка броела преку 100,000 војници.
Персијците биле на бојното поле уште пред самата битка да започне. Дариј ја регрутирал најдобрата коњица од неговите сатрапии и од сојузничкото скитско племе. Дариј исто така ги спремил српните двоколки за кои имал приготвено чист терен пред неговите трупи. Исто така Дариј имал 50 индискид бојни слонови со поддршка на индиски двоколки, иако тие не играле никаква улога во битката. Пред битката, Дариј наредил да се искорне секаква вегетација на бојното поле за да може што подобро да оперира со српните двоколки.

Првични позиции и движења. Одделот за историја при Воената Академија на САД
Самиот Дариј стоел во средина заедно со најдобрата пешадија, по персискиот кралски обичај. Тој бил опкружен, десно, од каријска коњица, грчки платеници и персиска коњичка гарда. Меѓу центарот и средината ја поставил неговата пешадиска гарда (Јаболконосачи или Бесмртници), индиската коњица и неговите мардиски стрелци.
На двете крила била коњицата. Бес го командувал левото крило со бактријанците, дахајската коњица, арахрозијската коњица, персиската коњица, сузиската коњица, кадузијската коњица и скитите. Двоколките биле сместени напред заедно со мала група бактријци. Мазеј го командувал десното крило со сиријската, медијската, месопотамиската, партијанската, сакијанската, тапуријанската, Хирканијанската, албанската, сакезијската, кападокијанската и ерменската коњица. Кападокијците и Ерменците биле сместени во преден план и го воделе нападот. Албанската и сакезијската коњица биле пратени да го обиколат македонското лево крило.
Македонците биле поделени на два дела, со десното крило под директна команда на Александар, а левото на Парменион. Александар се борел со своите коњички придружници. Со нив биле пајонците и лесната коњица на Александар. Платеничката коњица била исто така поделена на две групи, со ветераните на десното крило, а остатокот од нив пред агријанците и македонските стрелци кои се наоѓале непосредно покрај фалангата. Парменион се наоѓал лево со тесалците, грчки платеници и тракиските коњички единици. Тие биле наменети да го задржуваат непријателот додека Александар го задава решавачкиот удар десно.
Меѓу десната страна и центарот биле критски платеници. Зад нив била група од тесалски коњаници под команда на Филип како и ахајски платеници. Десно од нив бил друг дел од сојузничката грчка коњица. Таму била и фалангата која била позиционирана во двојна линија. Заради тоа што биле бројно надминати 5:1 во коњица, и персиската линија била за 1.5 км пофолга од македонската, изгледало неизбежно дека Македонците ќе бидат заобиколени од Персијците. Вториот ред фаланга имал за задача да се справи со оваа ситуација ако тоа се случи. Оваа втора линија се состоела главно од платеници.
Почетокот на битката
За време на битката Александар употребил толку уникатна стратегија која само неколкумина во светската историја можеле да ја повторат. Неговиот план бил да повлече што повеќе персиска коњица на крилата. Овој план имал за цел да направи отвор во непријателската линија каде подоцна би се задал решавачки удар кај Дариј во центарот. За ова бил потребен речиси совршен тајминг и маневрирање како и условот дека Дариј требал да изделува прв. Македонците нападнале со крилата свиткани наназад под агол од 45° за да ја намамат периската коњица да нападне. Истовремено полека крилата се придвижувале кон десно. Александар го приморал Дариј да нападне (и набрзо неговата војска се поместила од подготвениот терен), иако Дариј не сакал да нападне прв одкога видел што се случило во ваква слична ситуација кај Ис. На крајот Дариј бил приморан да нападне.
Сега Дариј наредил напад на двоколките. Некои од нив биле пресретнати од Агријанците. Меѓутоа македонската војска имала извежбана тактика за соочување со овие смртоносни направи. Првите линии се поттргнале, отворајќи процеп. Коњите одбииле да се втрчаат во копјата на првите редови и се фатиле во т.н. „стапица за глувци“, каде што биле запрени со копјата од задните редови. Потоа возачите биле лесно убиени. Двоколките биле бескорисни.
Решавачкиот напад на Александар
Како што Персијците оделе се понапред и понапред во македонските крила, Александар полека ја исфилтрирал неговата гарда позади. Персијците го направиле истото, додека не се отворила празнина помеѓу левата страна на Бес и центарот на Дариј кога Александар ги пратил своите последни коњички резерви против нив. Александар ги отповикал своите придружници и се подготвил за решавачкиот напад против Персијците. Под негово водство, тој ги групирал своите единици во форма на гигантски клин, со самиот Александар на врвот од него. Позади него била бригада од неговата гарда и батаљони од фалангата кои успеал да ги извлече од битка. Овие биле лесни, проследни трупи.
Овој голем клин се судрил директно со ослабениот персиски центар, масакрирајќи ја кралската гарда на Дариј и грчките платеници. Бес од левата страна сега бил отсечен од Дариј и плашејќи се дека и тој би бил нападнат од овој клин почнал да се повлекува. Самиот Дариј бил во опасност да биде отсечен, и тука има неколку различни верзии на она што потоа се случило. Според речиси сите верзии, Дариј почнал да бега и остатокот од неговата војска исто така. Меѓутоа единствениот зачуван документ од тоа време вели дека војската сама почнала да бега.

Решавачкиот напад на Александар. Одделот за историја при Воената Академија на САД
Диодор се согласува со оваа приказна, со тоа што ја поддржува нејзината валидност. Изгледа дека ова е најверојатно тоа што навистина се случило.
Левото крило
Александар сега можел да го гони и да го фати Дариј. Меѓутоа, примил очајни пораки од Парменион (настан кој подоцна ќе биде употребен од Калистен и други за да го дискредитираат Парменион) од левата страна. Александар бил соочен со изборот да го брка Дариј со тоа што би ја изгубил војската, или да се врати кај левото крило за да му помогне на Парменион и да си ја зачува војската. На крај решил да му помогне на Парменион и да го гони Дариј подоцна.
Држејќи се лево, се отворил процеп помеѓу левата страна и центарот на макеоднската војска. Персиските и индиските единици сместени во центарот со Дариј успеале да пробијат. Но наместо да ја нападнат фалангата на Парменион одзади, тие продолжиле накај кампот за да го ограбат. Исто така тие пробале да ја ослободат кралицата мајка Сисигамба, но таа одбила да дојде со нив. Враќајќи се назад, Индијците успеале да убијат преку 60 коњички придружници.
Во меѓувреме, како што дариевиот центар се распаѓал, Мазеј исто така почнал да се повлекува по примерот на Бес. Меѓутоа, за разлика од левата страна на Бес, Персијците набргу се разорганизирале кога Тесалците и другите единици ги нападнале во бегството од непријателот.
Последици
По битката, Парменион го обиколил персискиот багажен караван, додека Александар и неговите телохранители го гонеле Дариј со надеж дека ќе го фатат. Како и кај Ис, така и во оваа битка пленот од грабежот бил огромен. Биле фатени 4,000 таленти, како и личната двоколка и лак на Дариј. Исто така биле фатени и бојните слонови.
Дариј успеал да избега од битката со мала група на војници. Бактријската коњица и Бес, успеале да го стигнат. Некои преживеани од кралската гарда и 2,000 грчки платеници исто така им се придружиле.
Сега Персиската иммерија била поделена на две половини – Источна и Западна. Александар потоа се прогласил за Големиот Крал (титулата на Дариј). При неговот бегство, Дариј одржал говор пред остатокот од неговата војска. Тој планирал да оди источно и да регрутира нова војска за напад врз Александар додека тој одел накај Вавилон. Истовремено Дариј пратил писма до неговите источни сатрапии во кои тој побарал од нив да му останат верни.
--- надополнето: Oct 28, 2011 7:35 PM ---
na ovaa mesto se odvival i najkrvaviot sudir megju Makedoncite i Grcite vo pogolem obem i pokrvava duri i od razurnuvanjeto na Teba.(bitkata kaj Heroneja 338 g.p.n.e)
site grcki platenici na Dari 3 odbile da se predadat i site do eden bile pogubeni
- Македонци и грчки сојузници под водство на Александар со 7,250 коњица и 40,000 пешадија. (Според Аријан)
- Персијци под водство на Дариј веројатно се 20,000 главно тешка коњица, 230,000 пешадија (вклучувајќи околу 10,000 грчки платеници). Вистинскот број на Персијците не е утврден, но се знае дека биле многукратно побројни од непријателот.