"Тешкото"
Орото започнува со удари на тапанот и со пискотот на зурлите , играорците се движат бавно и формираат круг. Ороводецот дава знак со шамивчето и играорците се фаќаат за рацете , со смиреност и достоинство започнува танецот со приказана за мачниот живот на Македонецот.Тоа е "Тешкото" .
"Тешкото" потекнува од мијачкиот крај и неговата суштина етнолозите ја поврзуваат со печалбарството како судбина на луѓето од овој планински предел во Западна Македонија. Традицијата ни раскажува дека печалбарите од Лазарополе , Галичник , Гари и другите мијачки села , на верскиот празник Петровден се враќале во родниот крај за да учествуваат на свадбите на своите роднини. За време на веселбите " Тешкото" се изведувало со силни емоции, восклици и тага поради скорешното заминување на печалбарите , а често и на младоженците кои во селото си ги оставаат невестите.. Така настанал и опстојувал низ времињата овој симбол на тешкиот печалбарски живот на Мијаците.
На првата интернационална турнеја на единствениот државен ансамбл за народни игри и песни на Република Македонија - "Танец" во Ланголен, Англија за првпат е изиграно орото пред светската јавност и во таа 1950 година "Танец" во Ланголен ја освојува првата награда. Учесник во првата изведба на "Тешкото" во светот бил и ненадминатиот и неповторливиот Александар Сариевски и тоа како тапанџија во оркестарот на "Танец".
"Невестинско оро"
Пандан на машкото оро Тешкото,кое потекнува од мијачкиот крај на западна Македонија.Овде,јасно е покажана достоинственоста,гордоста и убавината на македонската невеста.И покрај едноставноста во чекорот,стилот на играње и пребогатата носија оставаат длабок впечаток.
--- надополнето: Oct 26, 2011 11:28 PM ---
Ќе почнам со нашата Мариовска тресеница, заштитена од УНЕСКО.
Сега оставам на вас да дополнувате
Оваа женска игра,со потекло од Мариово,е инспририрана од обичаите кои жените ги вршеле на Чисти Понеделник,пред велигденските пости кога се чистела цела куќа.Посебно импресивен дел од постановката се оргиналните богати носии од мариовскиот крај,како и музиката која ја изведува Чалгискиот состав.