Борба за демократија или за промена на експлотаторите на нафта?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Венецуела ги има најголемите нафтени резерви во светот, во појасот Ориноко посебно и поради тој факт ќе биде на удар. Но и тоа зависи од опстанокот на денешниот режим, има многу шпекулации околу Чавез и негово наводно скорешно заминување од овој свет...
Не мора воен напад врз Венецуела, постојат и други средства за остварување на целите. :)
 
Либискиот брег е само мал дел од средоземноморскиот басен.
Нато има бази по цело средоземје и секако носачи на авиони кои ја анулираат потребата од либиски пристаништа.
Нормално дека не е само нафтата, ликвидацијата на Гадафи е само пример за “непослушните“ т.е. оние кои не плаќаат навремено рати од кредитот наречен апсолутна власт.
За разлика од семејството Ал-Сауд.

Зошто мислите дека се “загрижени“ поради “недемократијата и тиранијата“ во Иран а 8 месеци пружаа секојдневна масовна воздушна подршка на либиските бунтовници кои прва работа која ја направија од кога објавија победа е.......Шеријат :vozbud:

Нато е само огромен,скап и релативно ефикасен рекетар за капиталистичката олигархија.

Toe, јас не верувам во борба за демократија ниту во демократијата (како што функционира во пракса последниве 100 години). Дури го напишав тоа и во претходниот пост ама го избришав сметајќи дека тоа е вишок и се подразбира од претходните постови. Насловот на темата е „борба за демократија или за нафта„ а целиот муабет беше дека причината за војната во Либија беше „нафта + нешто„. А тоа „нешто„ е некогаш многу побитно од самата нафта (некогаш не е).
 
мислам дека не е навтата у прашање туку интерес и влијание..И покажување кој е кој.Вакви такви лоши американци благодарение на овие војни американците живеат одличен живот со се што ке посакаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom