Чуден монитор

  • Креатор на темата Креатор на темата Marvin
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 март 2011
Мислења
60
Поени од реакции
12
Здраво форумџии особено компјутерџии :)

сакав да ве прашам за еден проблем што ми се случи со мониторов. Само што го уклучив компјутеров забележав чудна обоеност, мислам се некако се прелива па и лентата наместо сина ми е обоена црвена со некои интересни нијанси,
Дали некој можеби искусил вакво нешто некоја да знае каде би можел да биде проблемот ?

Поздрав и благодарам
 
Мене вака почна да ми прави преливаше бои и си умре после два дена.
 
Ова е слично нешто како со мојов што почна да јавува симптоми од пред скоро една година, пробај искчучи го од копче и пак вклучи го.
Што монитор имаш и колку е стар?

BTW, темава е за во подфорум Хардвер, нека ја преместат модераторите.
 
не кажа каков монитор е, ЦРТ или ЛЦД? ако е ЦРТ, односно обичен со катодна цевка, во менито има DEGAUSS, активирај го за да го ДЕмагнетизираш екранот.
 
Пробај да го мрднеш малку кабелот што го поврзува со куќиштето...мене така ми се случило неколку пати.
Ако не е до тоа разгледувај најдобра понуда за нов:)
 
јас имам сличен проблем, на кој веќе се навикнав, немам зелена боја оддамна, значи само основните црна црвена, плава сите нијанси на сиво и бела.... знам дека ми е пред умирање со оглед на тоа и дека е стар.... Немам ништо да прашам, само сакав да си се пожалам... фала
 
Ако е LCD пробај го кабелот да не е прекинат или лошо прикачен.
 
Ако е стар - CRT монитор, разгледај низ опциите за degaus опцијата која ќе го демагнетизира и треба да му ги врати боите - да не случајно ги чуваш звучниците до монитор?
 
јас имам сличен проблем, на кој веќе се навикнав, немам зелена боја оддамна, значи само основните црна црвена, плава сите нијанси на сиво и бела.... знам дека ми е пред умирање со оглед на тоа и дека е стар.... Немам ништо да прашам, само сакав да си се пожалам... фала
Ако ти е CRT монитор.... најверојатно имаш го имаш прегорено транзисторот за зелена боја... се менуваат комплет сите три транзистора... цената им е некаде околу 150 денари... потребен ти е само некој што знае да леми или најблискиот тв сервис.
 
фала на совет, ама ова си плаче за нов... знаеш колкава кутија има отпозади....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom