Регистар на педофили за поголема заштита на децата

  • Креатор на темата Креатор на темата Hank Moody
  • Време на започнување Време на започнување
Внесување во регистарот, како што јас разбрав..
не се мисли на таков, во МВР регистар, тоа го има и ќе го има, се мисли на јавен регистар кој што ќе биде на дофат на сите граѓани..
Го знам типот, професор по музичко во гимназијата беше...
да,да, на него и мислев, нешто баш денес се шушна за него кај мене во сервис и некој рече дека го вратиле дури и назад на работа, као не бил педофил, има вистина во ова или само чаршински муабети какви што впрочем во Прилеп ги има и за извоз?
 
да,да, на него и мислев, нешто баш денес се шушна за него кај мене во сервис и некој рече дека го вратиле дури и назад на работа, као не бил педофил, има вистина во ова или само чаршински муабети какви што впрочем во Прилеп ги има и за извоз?
Немам за такво нешто разбрано, а ако испадни дека си во право, ќе биди невиден преседан. И нема шанси да помини без реакции од наставници, родители... барем колку што ја познавам ситуацијата. Оти за него барем, и врапчињата знаат во Прилеп што беше и како беше.
 
Дали некој размислува за отварање на посебна единица под МВР, односно одделот за интернет криминал, која ќе се занимава со ловење на педофили на интернет? Интернетот е најмоќната алатка на педофилите, а може да стане и најмоќната алатка за ловење на истите. Со едно логирање има да фатам 5 педофили на фејсбук, топ.мк и слични сајтови за "запознавање"...

Во МВР постои таква служба. Е сега, колку се стручни, спремни и креативни тоа е веќе дискутабилно.
 
@Acid: Постои во МВР таква единица.
За интернет криминал, или конкретно за ловење педофили?
За интернет криминал, фала богу, знам дека има... :)
 
За интернет криминал, или конкретно за ловење педофили?
За интернет криминал, фала богу, знам дека има... :)
Меѓу другото ловат и интернет педофили, а мислам дека тоа им е како приоритет.
 
За интернет криминал, или конкретно за ловење педофили?
За интернет криминал, фала богу, знам дека има... :)

Еден сегмент од целокупната проблематика со која се занимава службата за компјутерски криминал се однесува конкретно на детска порнографија. Педофилијата ја работи службата за борба против трговија со луѓе и семејно насилство, но сепак социјалните служби се тие кои што се должни да работат во интерес на децата. Полицијата интервенира на нивно барање.
 
Добра идеја, нека имаат и веб страница обавезно.

Во врска со тоа дека ова ќе дискриминира педофилите... Одлично, и сосема заслужено. Можеби ќе замисли други пред да направат такво нешто.

Не знам што ќар од регистерот. Колку има...100-200 ...икс педофили. Како ќе се превенира заштита на деца? Наместо полиција на улица, одговорни полицајци по училишта, населби и маала, ќе добиеме база со слики според кои ние и децата треба да се раководиме...како? Параноично ќе се загледуваме во секое лице, притоа пребарувајќи низ базата...упс, неаме пц на улица... :notworthy:
Освен 70-80 години затвор и ефикасни служби, се друго е обичен зафат заради популарност.
Полицијата што не си ја работи работата е друг дел од проблемот. Популизмот можам го игнорирам кога бенефитот е очигледен. Дури и ако дел од целта е свртување на вниманието од неспособноста на институциите.

Ќарот од вадење во јавност на овие податоци е голем.
- Дали ќе може педофилите да се провлечат да работат во училишта и слични установи?
- Дали би прифатил да одиш под кирија кај газда педофил?
- Дали би го пратил детето на курс по странски јазик кај газда педофил, на спорт, карате, балет, итн итн?
- Ако имаш таков комшија дали би го оставил макар и да разговара со твоето дете?

Примерите се безброј.

Инаку дискриминацијата на овие индивидуи со оваков акт ќе биде голема ама и заслужена. Безбедноста на децата доаѓа пред било какви права на педофили.
 
Kaква црна дискриминација?!
Нема дискриминација!
Нечии права можеби се ускратени, но ускратени се заради бенефит на општеството во вид на превенција од педофилија.
 
јавна кастрација на плоштад или праќање на принудна работа во некој новоотворен камп...
 
Конечно нешо паметно. Само шо тоа педофилите треба јавно на плоштад, кај Воинот на коњ, да се кастрираат.
Кога во МВР би функционирал подобро одделот за ловење педофили, би било одлично. Секој ден на минимум 5-10 души би им ги сечеле тулињата/мадињата на плоштад.:pipi:
 
Освен што меркава ќе натера да се испосамоубијат еден добар дел од нив, не гледам како ќе се реши проблемот.
Јавниот резил, стигматизирање и прекинување на сите социјални контакти, само ќе им ја влоши и така лошата здравствена (психичка) состојба во која се наоѓаат. Па од педофили, ќе имаме педофили-невротичари, педофили-шизофреничари... и мал милион други комбинации.

Кога веќе науката утврдила дека постои преодна и перманентна педофилија, за тие вторите би требало кастрација, како би им се минимизирал сексуалниот нагон. Зошто, перманентните педофили единствена сексуална возбуда доживуваат само со деца и состојбата им е трајна. Кое фајде народот да плаќа за неговото лежење затвор цел живот, кога со кастрацијата трајно и евтино се решава проблемот?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ime
Добра идеја, нека имаат и веб страница обавезно.

Во врска со тоа дека ова ќе дискриминира педофилите... Одлично, и сосема заслужено.

Полицијата што не си ја работи работата е друг дел од проблемот. Популизмот можам го игнорирам кога бенефитот е очигледен. Дури и ако дел од целта е свртување на вниманието од неспособноста на институциите.

Ќарот од вадење во јавност на овие податоци е голем.
.
Еве овие имаат
http://www.moi.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=178
Како првите четворица ќе сретнеш денеска само низ Скопје едночудо луѓе...а квечерина?...изглед вара. Дали ќе ја отпечатиш страната и ќе се загледуваш во секој човек во автобус, околу зграда, на станица, училиште, маркет...? Што ако наидеш на некој од сликите, што би сторил или ако посочиш на лице кое само наликува на некого.
- Дали ќе може педофилите да се провлечат да работат во училишта и слични установи?
- Дали би прифатил да одиш под кирија кај газда педофил?
- Дали би го пратил детето на курс по странски јазик кај газда педофил, на спорт, карате, балет, итн итн?
- Ако имаш таков комшија дали би го оставил макар и да разговара со твоето дете?
Дали овој список за потрага од МВР кој одамна е јавно достапен си го искористил некогаш и некаде?
Инаку според медиумите, многу поголем е бројот на нови педофили (прво дело) отколку оние со повторено дело. Доколку не е на листа, нема ниту да се посомневаш. Тој е само наставник, газда на стан, занаетчија, попишувач...
Нека има, ама не знам колкава му е реалната употребна вредност.
 
Мислам дека прв пат го гледам овој список. Со оглед на видот на престапите (убиства, тешки разбојништва и кражби) не верувам дека некој од нив претендира за работа во училишта и слични установи...
Во секој случај, нема со листава да се загледувам по луѓето низ градов, ама може да се консултирам во специфични ситуации. Плус овие од линкот се во бегство, некои од сликиве се многу стари. Педофилите би требало да ги сликаат барем на 6-12 месеци и да им го обновуваат профилот на секоја измена (преселба, менување личен опис, итд)

Ти ја гледам поентата ама мислам дека добивката сепак го надминува зијанот. Најмалку училиштата ќе треба да бидат одговорни да не вработуваат педофили.
 
Добро нека е така, нема да напињам понатаму. Само напомена. Кога се вработуваат во државни установи, колку што ми е познато се бара лекарско и судска потврда. Ако за школите досега немало ваков критериум, слабост на системот...ако имало вакви услови, а се протнувале ...јбг, пак ни е слаб системот.
 
Системот не ни е слаб... системот ни е за никаде. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom