Khuda и ADI во La Kaña - 07.10.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата plagijat
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јуни 2007
Мислења
43
Поени од реакции
2
Веб-сајт
www.plagij.at
Би сакале да ве поканиме на концерт за кој сметаме дека ќе претставува оргазам за вашите уши. Овој петок (7.10.) во клубот La Kaña ќе настапат британското инструментално пост-рок дуо Khuda и ADI, еден од најбараните авангардни музичари во Македонија. Концертот ќе започне во 22 часот и 30 минути, а цената на влезницата е 200 денари. Во продолжение следуваат кратки биографии.

poster.jpg

KHUDA
Khuda се прогресивно дуо од Лидс, Велика Британија. Свират моќен, инструментален пост-рок/мат-рок. Том Брук (гитара) и Стив Мајлс (тапани) долги години се во срцевината на андерграунд сцената во својот град, што се отсликува во нивниот екстремно разновиден звук. Тој потсетува на редок албум од Constellation Records разнебитен со прог-метал од бендови како Manatees, но и разорен со моќни амбиентални акорди што уриваат ѕидови од бучава, а можат да се слушнат кај состави како Melvins, Sunn0))) или Part Chimp. Редовно се на турнеја во САД и Европа. Во 2009та го издадоа EP-то Stratospherics, во октомври 2010 го објавија албумот Palingenesia, а во јуни оваа година го издадоа вториот албум, Iecava. По впечатливиот настап на фестивалот Plagijat turns 5 минатата година, се враќаат во Скопје за концертно да го промовираат своето второ студиско остварување.

khudab.jpg

Рецензии:

Khuda од Лидс се фантастичен дует од гитара и тапани, кој постепено ги гради своите песни низ повторлив ритам, пред да ги ослободи заглушувачките гитарски напади врз вашите сетила, во стилот на Godspeed, Mogwai, или дури и Om. - blitzgigs.de

На сцената се појави дуото од Лидс, подготвено да го претстави својот прв албум, Palingenesia, кој треба да излезе овој месец. Способноста за справување со рифовите во постојан loop му дозволува на бендот да создава богата текстура, на што присутните искрено аплаудираа. Згора на тоа, степенот на подготвеност на полиритмичниот тапанар е совршен за овој хаотичен пост-метал бенд... - Live Review @ Music Box, Lisbon: opontoalternativo.wordpress.com

adi.jpg

ADI
Ади, од скопското power trio, Јаболко за Даскалот, се претставува во соло варијанта, во бесконечната потрага по нелагодност и вадење од сите комфорт зони на свирење на музика пред луѓе. Тој е еден од најбараните млади авангардни музичари во Македонија, свирејќи во бендови како String Forces, Јаболко за Даскалот, Bill Skins Fifth, Zdeev, Next to Silence Quartet, Deir Zor, The Lady said NO, и многу други. После долго време посветено на композиција и дисциплинирана импровизација во многу различни идиоми, овој пат решава да вложи енергија предизвикувајќи ја електричната гитара, сама, на сцена. Благословен со малку, или ниту малку респект за инструментот, неговите настапи балансираат сирова експресивност, виртуозност и диверзитетен мелодичен и ритмички инстинкт благодарение на своето богато мешано балканско потекло, дисциплина од ригорозниот класичен тренинг како и комплетниот недостаток на желба за стагнација. Со звучен бран далеку од стандардизираниот израз и историскиот багаж на електричната гитара, тој се труди да ги скрши стегите на импровизираната музика во нејасните води на музичките жанрови.
 
Ако успеам да ја договорам екипата би наминал La Kaña ми е топ место само напред и нека трае (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom