Вук Драшковиќ: За 10-15 години поделба на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Realen.
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Датум: 04.10.2011, 23:25
Вук Драшковиќ: За 10-15 години поделба на Македонија


A20A8F4B43E18A428FB3154D9B04493D.jpg

Поделбата на Косово ќе стане тема на разговор за 10 до 15 години кога тема на разговор ќе бидат и поделбите на Македонија и Босна и Херцеговина, рече лидерот на Српското движење за обнова, Вук Драшковиќ во интервју за српската „Б92“.
Тој своите ставови ги даде по повод актуелните случувања на Косово. Тој ја критикуваше изјавата на српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој побара свикување конференција за поделба на Косово.
Според Драшковиќ, уште е рано да се зборува за таква поделба, зашто за тоа време ќе дојде потоа.
Драшковиќ додава дека се спремаат нови крвопролевања во Косово, слични на оние што настанаа за време на операцијата „Бура“ во Хрватска, по што голем дел од српското население избега во Србија.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=B0A1CBB1D425304F9224D2B2F3222B4D
 
може да стане реалност али нема никој да им рече ОК ајде ке делиме поготово не ние македонците. него нека си го гледаат они својот двор и косово нека не се интересираат многу и многу за нас... нека не не прават будали барем у фаца дека ни се „браќа“
 
Стварно не сакам да коментирам на темава на атинецов ама вакви изјави од политичари на северните ни, пардон североисточните комшии имам слушано уште од осамостојувањето на Македонија. Те 1999 ќе сме се распаднеле па после беше 2005 и еве сега ни даваат подолг рок... најверојатно откако ќе истече и тој ќе го продолжат за 100 до 200 години. :tapp:
 
За 10-15 години Србија ќе си го смени името...нивен проблем сакаат на нас да ни го префрлат. Само ако дозволи Америка тогаш ќе не поделат. Вака не гледам како ќе не поделат планинците. Нема доволно автобуси да ги извадат од Македонија.
 
ако влеземе во НАТО тогаш нема шанси некогаш да се поделиме (освен ако нема желба од двете страни) бидејќи НАТО ги гарантира границите и територијалниот интегритет
 
До некаде и у право е со нашето признавање на косово успеавме да си напраиме поголем проблем, сеа косово утре ќе се преселат кај нас ќе ја окупираат цела држава, па ќе си бараат делови за да си ја спојат голема албанија...Не се чудете ако се случи нешто o_O
 
Поделбата на Косово ќе стане тема на разговор за 10 до 15 години кога тема на разговор ќе бидат и поделбите на Македонија и Босна и Херцеговина...

Си дава прогноза, само ја утнал, поделба на Македонија е веќе тема на разговор секојдневно, другарите Албанци можат да потврдат.

Kо кoјзнае шо да кажал, само го потврди оноа што секојдневно ние овде го слушаме, така да батали он што предвидува, глејте да не се оствари прогнозата. ;)
 
Датум: 04.10.2011, 23:25
Вук Драшковиќ: За 10-15 години поделба на Македонија

A20A8F4B43E18A428FB3154D9B04493D.jpg

Поделбата на Косово ќе стане тема на разговор за 10 до 15 години кога тема на разговор ќе бидат и поделбите на Македонија и Босна и Херцеговина, рече лидерот на Српското движење за обнова, Вук Драшковиќ во интервју за српската „Б92“.
Тој своите ставови ги даде по повод актуелните случувања на Косово. Тој ја критикуваше изјавата на српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој побара свикување конференција за поделба на Косово.
Според Драшковиќ, уште е рано да се зборува за таква поделба, зашто за тоа време ќе дојде потоа.
Драшковиќ додава дека се спремаат нови крвопролевања во Косово, слични на оние што настанаа за време на операцијата „Бура“ во Хрватска, по што голем дел од српското население избега во Србија.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=B0A1CBB1D425304F9224D2B2F3222B4D
1.A за (можното) отцепување на Војводина ни збор.Не е лошо да си го видиш сопствениот двор ,пред да коментираш за дворот на комшијата!
2.Србија си е сама крива за губењето на Косово ,а српското население во Хрватска избега по вина на нивната (пара)војска која влезе во Хрватска дури до Загреб.
 
Абе не Пирин цела бугарија ќе ви ја земеме.Не значи дека ако во документот пишува дека си бугарин и мора тоа да бидеш, тоа е само папир бе другарче, македонец си е внатре во срцето !
Најсмешно ми е што овие стварно мислат дека ќе не снема едноставно, дури и со привремено губење на државата Македонците ќе им бидат уште поголем проблем, ама ајде нека се обидат да го демантираат Андреевски.
 
Дека ќе дојде моментот кога Албанците ќе побараат федерализација, ќе дојде.
Тоа е претпоследен чекор пред сецесија.

Од Македонците зависи како ќе одговорат на сето тоа, од никој друг.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom