Лажни Вести ( Дневна доза хумор + креативност ) :D

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Се мислев подолго дали да отворам ваква тема, а и немам видено вакво нешто досега на ниту еден форум ( не знам најверојатно ми фали А1 и така таму имаше доста лажни вести, шала на страна :P ), па покажете ја ваша креативност и пишувајте лажни вести. :D

Дневна доза хумор + креативност. :D на кој не му се свиѓа идејава има други теми - без навреда. :)
 
Шок,Шок,Шок​
Грција прогласи банкрот.Денеска околу 15:00 Каролос Папуљас,претседателот на Грција официјално прогласи банкрот.​
,,Ние константо добивавме пари од ЕУ,ама поради неразумно трошење тие пари се потрошија за приватни причин,а не за спасување на државата,па затоа се замолува претседателот на Република Македонија,да даде донација од околу 500 милиони евра,па кога ке се извлечеме од кризата,ке ги вратиме со 3% камата``изјавува за грчкиот весник Катимерини.
Директно од Атина,Горан Младеновски
 
Скопје 2014 добива нови споменици

На тајна седница одржана во Владата на Р.М. вчера се донесе одлука за проширување на проектот Скопје 2014.
Проектот ќе биде проширен со нови споменици, а меѓу нив и познати Холивуски ѕвезди меѓу кои Арнолд Шварценегер, Жан Клод Ван Дам, Мерлин Монро склуптури на пејачи меѓу кој ќе бидат Мајкал Џексон, 50 Цент, Лејди Гага, а има најава и за поставување на споменик на Гоздила. Имаме информации и дека ќе бидат поставени споменици на неколку порно ѕвезди. На ова реагираа албанските партии и побараа барем еден споменик на Калимеро - како симбол на Албанците и нивните барања кој секогаш се онеправдени.
17979_1348491797827_1397282048_30967506_1350580_n.jpg
demotivacija.mk_Skopje-2014-Bi-izgledal-mogu-podobro-so-vakvi-skulpturi_130368656494.jpg
15k-19350-.jpg

--- надополнето: Oct 1, 2011 5:49 PM ---
:pos::pos::pos: Не си нормален, ме пресмеа...​

0:16 натаму гледај :D
 
Вести од културата.
Стари неславни копилиња на Балканот е работниот наслов на новиот филм на Тарантино
Како што пренесуват Танјуг и Асошиејтед пресс, познатиот амерички и светски режисер Љуентин Тарантино ќе снима нов филм, овојпат на Балканот. Филмот ќе биде посветен на турското ропство и ќе се снима кај нас во македонија. Таранитно не крие дека една од омилените хит серии што ги гледал као мал, биле Тврдокорни и најавната песна и секогаш сакал да сними филм на таа тематика, со револуции и борби за слобода, со многу крв, ракија и бомби од црешови топови.
Зад проектот ќе застане владата на рм, а ко-режисер ќе биде Лабина Митевска. Спонзори се Седмица, Скопска пивара и Охис. Познато е и кој ќе глуми. Дени трејо ќе биде Гоце, а вин Дизел ќе го толкува Даме Груев. Самоил ел џексон ќе биде главниот негативен Турчин - Црна Арапина, а Чак Норис ќе настапи како Питу Гули. Ќе има и наши глумци. Зафир Василчев ќе се појави како камео. Се преговара и со други.
За музиката ќе се погрижат популарни локални изведувачи за да било автентично. Калиопи, Блага Петреска и Марјан Стојановски.
Се очекува филмот да почне со снимање во мај оваа година, и да биде готов на почетокот на идната со што директно ќе се натпреварува за оскар, еми, греми, златна малина и на други познати фестивали ширум светот и пошироко.
 
Откриен нов вирус кој ги напаѓа сите оние што оставаат лажни информации на нет

Скопје, 12 Август 2013


Во претходните два дена е откриен нов вирус кој ги напаѓа сите граѓани кои оставаат лажни информации за себе на нет.
Вирусот наречен "Минхаузен" ги уништува сите лажни информации на корисниците кои ги оставаат на нет и утринава голем број на граѓани останаа запрепастени кога нивните фејсбук профили беа празни.
Исто така мистериозно исчезнаа и голем дел од постовите во темите на форумите како "Колкава големина е вашиот полов орган", "Дали изневерувате", "Колку сте искрени" и слични на нив.
Во разговорот со една млада корисничка на фејсбук истата кажа дека таа е запрепастена кога наеднаш и исчезнале сите нејзини омилени групи и останал само Здравко Чолиќ во групата на омилени пејачки.
Голем шок го стресил и лидерот на ДУИК Алил Амети каде што во неговиот избор на омилени книги останал само стрипот на Златна Серија Број. 13 "Насиље у Дарквуду"
Тука секако најголем удар на овој вирус имаа кампањите на политичките партии каде што останаа само интерпукциските знаци, слично како и извештајот на владата за проектираниот раст во наредниот квартал.
Сајтот на Македонски Железници за распоредот на возовите е сосема паднат, додека на удар се исто така и останатите сајтови од јавните претпријатија.
Владата на Р.М заради сериозноста на оваа ситуација свика вонредна седница каде ќе се разговара дали да се префрлат на стариот начин на известување на своите граѓани со барабанче и квалификувани аберџии.
За таа цел се отвори конкурс за прием на 100 квалификувани аберџии кои ќе ги пренесуваат информациите до народот.
Предност ќе имаат личности кои имаат завршено музичка академија отсек тропачки инструменти и од социјално загрозени семејства.
Со оваа мерка ќе се намали исто така процентот на невработени во Р.М.
Голем дел од незадоволните граѓани излегоа на улица од тоа што се случува протестираа пред агенцијата за информатика да се најде решение за овој вирус, за да можам да се представат во најдобро светло виртуелно како и што им доликува.
Цела ситуација моментално се следи будно и службите работат за откривање на овој случај.
Во моментот ние од редакцијата не знаеме колку од овој наш текст ќе биде едитиран од вирусот бидејќи можеби дел од информациите ќе бидат лажни, и затоа однапред се извинуваме за тоа ако има некакви проблеми при читањето на текстот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom