Македонија е 33-та кошаркарска сила во светот

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
По одличниот настап на Евробаскетот во Литванија, Македонската кошаркарска репрезентација забележа најголем раст на ранг-листата во светот

MKD-LIT-508-5.jpg
На 10-те бодови освоени во Полска пред две години, нашиот тим додаде уште 15 со освоеното четврто место во Литванија и обезбеди скок од цели 14 места, што го прави 33-ти тим во светот. Според ранг-листата во Европа, Македонија сега се наоѓа на 13-то место, веднаш зад Израел и пред Летонија.
Оваа ранг-листа на ФИБА се прави според резултатите на една земја во временски период од два олимписки циклуси (осум години). Според системот на бодување, секоја освоена позиција на едно Светско првенство или на едни Олимписки игри се бодува пет пати повеќе отколку на едно континентално првенство.
Инаку, на врвот на светската листа и натаму останува САД, пред Шпанија, Аргентина и Грција. Нема промени ниту меѓу останатите тимови во првите 10, каде се наоѓаат уште Литванија, Турција, Италија, Србија, Австралија и Кина.

извор: http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=66642
 
колку глупа ранг листа..освоиме 4то место и сме 4та сила у европа..не израел и летонија пред нас да бидат..ебате Фиба аматерска организација
 
Според ранг-листата во Европа, Македонија сега се наоѓа на 13-то место, веднаш зад Израел и пред Летонија.
пак не ми штима нешто.
 
Чекор по чекор одиме напред, доколку обезбедиме учество на ОИ ке се искачиме уште некоја позиција понагоре, не може се одеднаш :)
 
Дури не ми се веруваше како можеше пред нас да бидат едни мизерни селекции како Летноија, Полска, Белгија, Португалија... Ајде за Словенија разбирам има сепак поголемо влијание во ФИБА од нас и покрај тоа што сметам дека по квалитет се послаби од нас... Ова е напредок ама за мене е очекувано и не е тоа што треба да бидеме во однос на овој моментален квалитет. Ако продолжиме вака реално е да бидеме во топ 20 екипи. Е тоа е веќе за слава.
 
Пак е скок за 14 места. Јас сум задоволен. Тие што се над нас , се таму дека имале повеќе интернационални настапи.
После следново лето ќе им го кажеме ние вицот ;)
 
Се во свое време, а нашето тек сега доаѓа... ;)
 
Одлично котираме со оглед на тоа дека сме 'млада' репрезентација во интернационални води, сега треба чекор по чекор да се развива кошарката и верувам дека можеме да биде велесила, кога Литванија можела, зошто не и ние, имаме толку добри млади играчи полни со волја за докажување и играње, а и секако после овој успех на оваа генерација ќе следуваат уште многу мотивирани од успехот на оваа селекција.
 
Воопшто не котираме одлично. Да не се повторувам екипи што се далеку послаби од нас се пред нас, барем така беше до сега Португалија, Белгија, Босна, Летонија... Проблемот е што ние немаме апсолутно никакво влијание во ФИБА. А тоа и те како е битно за ранкингот. Една Летонија која сме ја газеле и дома и на нивни терен беше за 15 места пред нас но јасно е тоа со оглед на средствата што ги издвојуваат како и самите членови што ги имаат на собранијата во ФИБА. Ние во тој поглед сме мизерни. Федерацијата треба повеќе да се заангажира бидејќи битката не е само на теренот барем во ФИБА е многу важен и распоредот на силите. И ете оттука излегува зачудувачки што и Македонија ја помина прва фаза на европско а една Словенија се очекуваше да се бори и за медал. Ама нивното влијание им донесе и европско на нивни терен во 2013. година.
 
Незнам што се буниш за Летонија, без разлика што сега е мизерна т.е ние на ова ЕП испаднавме пред нив, позади репрезентацијата на Летонија има повеќе настапи на ЕП од нас, ние до сега сме учествувале само на три ЕП, а тие десет шампионати по ред учествуваат...
И неможи преку ноќ ние да дојдиме пред нив на ФИБА листата.
Па уште се буниш за Словенија бе човече, тие во секој поглед се понапред, и во спортски сали, па и кошаркарката е многу понапред од нашата.
ФИБА туку така не доделува ЕП ;)
Ние со една спортска сала, и со ниеден клуб во Европа ништо не правиме. Се радуваме на успеси на „Балканска“ лига..
 
Незнам што се буниш за Летонија, без разлика што сега е мизерна т.е ние на ова ЕП испаднавме пред нив, позади репрезетнацијата на Летонија има повеќе настапи на ЕП од нас, ние до сега сме учествувале само на три ЕП, а тие десет шампионати по ред учествуваат...
И неможи преку ноќ ние да дојдиме пред нив на ФИБА листата.
Па уште се буниш за Словенија бе човече, тие во секој поглед се понапред, и во спортски сали, па и кошаркарката е многу понапред од нашата.
ФИБА туку така не доделува ЕП ;)
Ние со една спортска сала, и со ниеден клуб во Европа ништо не правиме. Се радуваме на успеси на „Балканска“ лига..

Не знам колку ти е познато барем мене ми е а тоа е дека Словенија има една сала Стожице во Љубљана што е 11.000 гледачи. А и дај зборете конкретно кои екипи ги има Словенија што биле толку конкуренти освен Олимпија кога игра НЛБ Лига? Јасно е дека имаат подобра инфраструктура меѓутоа поентата уште еднаш свати ја дека влијанието на федерацијата во ФИБА и те како е битно и значајно како за рејтингот така и за организирање на ваков настан. Значи влијанието на Словенија во однос на нашето е и те како поголемо и тоа им овозможува да имаат и поголема "респект" во ФИБА. Како прво тие имаат многу членови што се дел од заседанијата на ФИБА во постојана соработка и контакт додека нашите истото тоа го прават телефонски еднаш во една година...
 
Олимпија учествува секоја година во Евролига, НЛБ лига..
Kрка која е актуелен шампион..
Хелиос Домжале..
Нашите да се толку успешни барем колку Крка би било успех.
Даниел Димевски влезе во највисокото тело на ФИБА Европа како претседател на натпреварувачката комисија. Првите луѓе на ФИБА го препознаа и наградија нашиот ентузијазам. Ако досега молевме, сега ќе решаваме. Со свои функции во европската куќа на кошарката влегоа и генералниот секретар Дејан Лекиќ, Илија Мерџановски и Пиперков. Претседателот на МКФ, Даниел Димевски ги објаснува радикалните промени во ФИБА Европа.

Респект се стекнува со успеси, а не од нигде некаде да не почитуваат.
 
Абе не бидете толку арогантни. Сме земале едно четврто место и одма во облаци се ставате -.- бидете малце по реални. Бодовите сегде ги има, кој сака нека ги види, четврто место = 15 бода, 10 + 15 = 25 = 33 у свет. Ова е светска ранг листа, не е играчка, лека полека ќе се искачиме.
И ај ве молам не споредувајте не со други нации, како на пример Словенија, кои завршија 8ми на светско, а ние со само три учества на ЕП ќе се местиме пред нив...
Откако ќе им го кажеме вицот во Лондон, е тогаш може да збориме. Ама се пред тоа е пуфкање во празно. :)
 
Воопшто не котираме одлично. Да не се повторувам екипи што се далеку послаби од нас се пред нас, барем така беше до сега Португалија, Белгија, Босна, Летонија... Проблемот е што ние немаме апсолутно никакво влијание во ФИБА. А тоа и те како е битно за ранкингот. Една Летонија која сме ја газеле и дома и на нивни терен беше за 15 места пред нас но јасно е тоа со оглед на средствата што ги издвојуваат како и самите членови што ги имаат на собранијата во ФИБА. Ние во тој поглед сме мизерни. Федерацијата треба повеќе да се заангажира бидејќи битката не е само на теренот барем во ФИБА е многу важен и распоредот на силите. И ете оттука излегува зачудувачки што и Македонија ја помина прва фаза на европско а една Словенија се очекуваше да се бори и за медал. Ама нивното влијание им донесе и европско на нивни терен во 2013. година.
Тоа се фактори плус, Словенија конкретно еве е далеку поразвиена и како држава и како федерација во тој спорт, затоа што кај нив одамна се инвестираше во спорт.
Тоа се работи кои за нас моментално се 'непотребни' а и ова го оправдувам со оглед на тоа дека првин треба да се инвестира во изградба на сали и правење услови за развивање на кошарката(тоа е во тек) па дури отпосле да се иде на тоа што го напиша ти, и дури тогаш можеме да котираме високо.
Се согласувам потполно со твој пост, но моменталната ситуација е таква каква што треба да биде односно кога нешто што е лошо се менува, се менува од корен, потоа се останато, остани ми со здравје.
 
Колкав скок сакате на листата, 50 места? Полека, со ред. Константност треба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom