Што ги прави децата среќни?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
деца ко деца...седни ги на маса....че ти ја изедат салатата.....
однеси го на плажа....прво ќе се налапа песок, после ќе го г'тне сапунот.
Секое дете се радува на нешто различно од тоа на кое се радуваат другите.....некои се радуваат на училиштетот...некои го мразат училиштето.....(егзампл)
 
Слободата пред се, не треба да се чувствуваат премногу ограничени ( барем децата кои имаат афторитативни родители ) да не ги гњават многу, да не ги тераат на нешто што не сакаат да го прават, потоа вниманието и љубовта што ја добиваат, играчките :D, разговорот и најважно да се почувствуваат сакани.
 
Позитивната енергија на оние кој ги опкружуваат,слободното изразување без разлика дали било добро или лошо,играта со своите врсници,и исполнување на сите соништа ...
 
1. Љубов од најблиските.
2.Игри, песни , смеење .
3.Слобода .
4. (зависи до вкусот и карактерот на детето)
5. (зависи до вкусот и карактерот на детето)
 
Ја се сеќавам како дете никогаш не сум плачела по играчки, чоколади и такви работи, кога ќе ми рекле не може и не може, крај, не сум досаѓала понатаму, ама затоа пак многу лесно се навредував и секој "погрешен" збор што ми го кажале го анализирав со денови... и затоа сметам дека едно и единствено правило за детето да биде среќно е да му се даде слобода за рамноправност со родителите ( во граници се разбира), ништо друго.
 
Ја се сеќавам како дете никогаш не сум плачела по играчки, чоколади и такви работи, кога ќе ми рекле не може и не може, крај, не сум досаѓала понатаму, ама затоа пак многу лесно се навредував и секој "погрешен" збор што ми го кажале го анализирав со денови... и затоа сметам дека едно и единствено правило за детето да биде среќно е да му се даде слобода за рамноправност со родителите ( во граници се разбира), ништо друго.

Ко јас да сум го пишала ова. Тотално исти тип. :)
 
Најсреќен бев кога ќе се вратев од школо, и излегувам надвор и цел ден го утепував во фудбал, брканици, караници.. И уште е така :) Само што сега не се бркаме и караме за се и свашта. Кога излегувам се олабавувам и гледам да си поминам убаво. Пред и после излегувањето е време кога се мисли за проблемите. (y)
 
Нај убавите нешта се бесплатни...и секое дете може да ве потсети кои се тие :)
8f9bbda4039b0b5d8075e070aedb2daa.jpg
 
Зависи колкави се децата. Инаку малку глупаво е прашањево пошто децата како и возрасните се со различен карактер, сонови и желби.

Во глобала можеби клише, но она што сите го бараат се љубов и внимание од блиските. Ова можеш да го заклучиш посебно од однесувањето на малите деца пред да пораснат доволно и да научат да лажат.

После тоа како се повеќе растат секое дете си има работи кои го/ја прават среќен/а. За некој тоа е спорт, за некој друг можеби уметност за некој трет нешто сосем различно итн.

Во глобала работи кои ги прават сите луѓе среќни се добра храна(читај сладолед и палачинки и пица и ... и....:D)
Секс(Ова за повозрасни деца :backa:)
Физичка спремност:cujte:
Емоцинална исполнетост:ljubove:
Добро здравје:angel:

П.С Ова веќе е кажано и докажано е сега колку е изводливо е друга приказна.
 

...едно од нештата што ги прави среќни децата е пеењето!
„Велигденска песна“ исполнува: „Хорот на децата“ од детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“- Скопје
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom