Спортисти на кои им се восхитувате

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување
S

Stivie G

Гостин
Ја отварам темата бидејки не видов слична на оваа и мислам дека е интересна, да наброите 3 спортисти на кои им се вохитувате поради тоа што го постигнале во нивната кариера Еве јас ќе напишам за 3 на кои навистина им се восхитувам
1.МАЈКЛ ФЕЛПС(пливач)-Тоа што го постигна овој пливач е нешто неверојатно, освои 8 златни медели во 8 дисциплини на олимпијадата во Пекинг 2008 година, сите медали потркепени со светски рекорди, тој е рекоред кој го нема направено ниту еден спортист досега(барем јас така мислам). На овие 8 златни олимписки медели ќе ги додадам и 6 златни и 2 бронзени медели од Атина 2004г. Има уште многу медели зад неговото име но ги спомнувам само овие од ОИ, ваков рекорд тешко да биде надминат, секоја чест за човекот
2.ЈУСЕИН БОЛТ(атлетичар)-Најбрзиот човек на планетава. Исто како и Мајкл Фелпс и Болт ме воодушеви на ОИ во Пекинг кога освои 3 златни медели исто така со светски рекорди. Исто така во прекрасно издание се покажа и на Светското првенство 20009 година во Берлин каде што беа срушени рекордите поставени во 2008година. Можеби заслужува да биде и број еден пред Мајкл Фелпс поради тежината на спортот но сепак успехот не Фелпс и неговите 14 Олим. медели го прават своето
3.РОЖЕР ФЕДЕРЕР(тенисер)-Можеби според вас не, но според мене Рожер е еден од најдобрите спортисти во било која конкуренција кој го видел тоа. Доказ за тоа се пред се Освоените !6 Грен Слем Турнири и е прв на таа листа. Исто така покрај грен слем турнирите има осовено и доста Мастерс Турнири(не знам колку ги има на број).
Има уште многу спортисти кои реално им се воодушевавам но под број 4 и 5 би ги додал Михаел Шумахер и Елена Исинбаева
 
Дајте објаснување како Стиви зошто баш тие, вака и јас можам да нафрлам 50 души ододма. Мојот топ 5 избор ќе го напишам утре :)
 
1. Стивен Џерард - што да се каже за човеков, едноставно ЛЕГЕНДА.
2. Фернандо Торес - според мене најинтелигентен напаѓач и мој омилен и покрај тоа што си отиде така од Ливерпул.
3. Роже Федерер - едноставно Федекс :)
4. Каролина Возњацки - 21 година и веќе е прворангирана на WTA листата.
 
Кирил Лазаров - мој најомилен спортист од сите, го обожавам човеков заради неговата вештина, лојалност и залагање за репрезентацијата.
Перо Антиќ - херој од ЕП, нов министер за обрана на РМ!
Владо Илиевски - тројката против Литванија што ја постигна беше најсреќниот момент што сум го доживеал досега. Далеку подобар и повозбудлив од се што досега сум видел во овие мои 18 години.
Дејвид Бекам - кога бев дете сигурно би убил некој ако само кажеа лошо за Бекам. Ми беше идол. Ќе се онесвестев кога добив карта од Наше Маало за мечот Македонија-Англија во 2003-та. Само не ми се веруваше дека заради Бекам навивав за Англија место за Македонија. Што знае 10 годишник што е навивање?
Јусеин Болт - да трчаш финале за злато на 100 м спринт на ОИ и да си прв со толкава разлика што можеш да успориш, да се свртиш кон противниците и да трчаш со смеење кажува доволно за човечиштево.
Индира Кастратовиќ - гол од свртување во финале на ЛШ? Легенда. Една ретка врста на спортист кој по пензионирањето не отвори кафана туку спортска школа.
 
Индира Кастратовиќ е името кое со златни букви е испишано во ракометот на нашата земја. Совршен спортист, дисциплиниран, мотор на својата екипа и репрезентација. Ваков лик се раѓа еднаш на 100 години.
Кире Лазаров е некаде до неа на страните на ракометот. Борец, талент и желба склопени во еден совршен спортист. Да имавме тројца како него ќе бевме непобедливи.
Артим Шаќири човекот кој го пензионираше англискиот голман со еден удар од корнер. Потег за восхит кој многу генерации ќе го раскажуваат.

(Има и многу други за восхит, но кога веќе морам да издвојам ова е величествената тројка во Македонскиот спорт, кој се одделуваат како поединци)
 
Хавиер Занети- Ако треба да се пишува во учебници како треба да се однесува на терен и вон него еден спортист е токму тој.

Дражен Петровиќ - И покрај тоа што навивав за Партизан, кошаркарскиот Моцарт ми беше јунак на детството, огромниот талент со упорноста беа инспирација за многу активни кошаркари во моментот да се одлучат за овој спорт.

Пит Сампрас - Човекот кој беше некоја спротивност на Иванишевиќ, и мене лично ми стана покасно еден од омилените сппртисти. Пит е човек кој ти ја фрла во лице формулата за успех која е многу едноставна, а тоа е работа, работа и само работа. Среќа, талент, непотизам се само споредни работи кој не се клучни.
 
Наваро

aLmyT.png


Не, сериозно. Тоа што ни го направи... алал му вера. Му се восхитувам.
 
1.Рајан Гигс-човекот е легенда почитуван е од сите игра со срце за Манчестер Јунајтед
2.Цела Македонска кошаркарска репрезентација
3.Новак Џоковиќ
4.Мајкл Џордан
5.Дарко Панчев за двата гола против панатинајкос во грција и голот од пенал за победа во ЛШ иако сум за партизан али сепак македонче е:D
се извинувам што немам подетално али немам време моментално може подоцна да допишам
 
1. Дарко Панчев- Златна копачка, погоди одлучувачки пенал и овои лига шампиони, кај ќе му беше крајот да не се случеве војната во Југославија.
2.Новак Ѓоковиќ (from zero to hero)
3.Мајкл Џордан(нема потреба)
 
Дарко Панчев - пенал со кој го донесе најсветлиот момент во историjта на ФКЦЗ

Новак Ѓоковиќ - мислам дека не треба многу да се објаснува

Перо Антиќ - исто така не треба да се објаснува, се што направи за репрезентацијата и за одличните игри у ККЦЗ

Дуда Ивковиќ - легенда, најдобар тренер у Европа, сите тимови кои што ги тренирал постигнували значајни успеси

Пеле - објаснување ? што е тоа ?

Драган Џајиќ - :cuc::cuc:
 
Сте изнапишале полно ,а најголемиот БОРЕЦ сте го промашиле:mad:.
1.ТОДОР ГЕЧЕВСКИ - за играњето со скршен нос во квалификациите за ЕП во Литванија
2.ТОДОР ГЕЧЕВСКИ - за играњето со повредена нога/нозе на ЕП во Литванија
3.ТОДОР ГЕЧЕВСКИ - за желбата за играње со повредени нозе и раце на ЕП во Литванија

Секоја чест мајсторе ! :cuc::cuc::cuc:
 
Alain Bernard, Frederick Bousquet, Michael Phelps, едноставно зашто се најдобри во тоа што го прават односно пливањето. Сите имаат рушено рекорди и во 90% од случаите се во топ3..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom