Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.619
Колку е земјата понеразвиена, толку почесто за спортот во неа се раскажуваат јавни бајки: дека е тоа чесна занимација, ги учи младите на работа и однесување и ја промовира земјата во светот. Приказната вели дека спортот придонесува за развој на општеството оти го развива најдоброто во луѓето. Најдоброто? Оти, зошто за спортот би вределе поинакви правила од главното натпреварување, бизнисот? И во него се луѓе кои јурат по победа и заработка во немерлива конкуренција.
Затворен круг
Модерните олимписки игри се стари нешто повеќе од сто години, а со време се развиле во голо гладијаторство, во жанрот индустрија на забава. Многумина се чудат на предадените идеали, но зошто чудење? Според што спортот би морал да биде почесен, подобар и со поголема чест од другите дејности и занимања, како и на се она што не опкружува.
Натпреварувањето е својство на човечката природа, а успехот не се мери со остварување на некоја важна цел, туку со победа над соперникот или соперничката. Кога се на дофат на раката пари и слава, кога натпреварувачите кралски ги плаќаат оние што кралски заработуваат, кругот е затворен, а тука победата е се.
Допингот, откриен, покајниците, но и оние што тврдат дека барем кај нив се случила грешка...и оние што тивко ја завршиле кариерата, повеќе говорат за самиот карактер на времето, за јагмата. Оцрнети се многумина, и оние што се осомничени, и оние што името го „исчистиле“ во цивилните парници, и на крајот оние што ги фатиле.
За жал, има премалку убедливи докази дека со чесен тренинг и макотрпна работа би можело да се успее. Многумина не можеле да му одолеат, а надарените во спортот биле еднакво успешни. Меѓутоа, шоуто продолжува и нема време прегласно и пречесто да се расприкажува за допиншките епизоди на спортистите што ги фатиле на контролите, кои издржале казна и потоа повторно се искачиле на врвот.
Финската тркачка на скии Virpi Kuitunen со уште тројца колеги не ја мина контролата на домашен снег на СП во Лахти во 2001-ва. На две години ја отстранија од натпреварување. По отслужувањето на казната се врати и освои пет медали на СП, од кои три златни, а подоцна го освои големиот кристален глобус.
Откако падна Берлинскиот ѕид и со тоа поделбата на запад и исток, спортистите на САД станаа најотворено изложени на големи допиншки скандали. Американскиот спорт, успешен и финансиски моќен, во последната деценија е доминантен на црната листа. Не е сосема јасно дали допингот е прикриван од студеновоени причини, но е извесно дека сегашните откритија не значат дека допингот дури сега го има во големи размери. Најлошо им е на чесните и надарени спортисти кои од таквите изгубиле.
Славната Marion Jones, трикратна олимписка победничка и трикратна светска првенка, Kelli White, двократна спринтерка светска првенка од Париз 2001-ва, Tim Montgomery, светски рекордер на 100 м и светски првак од Едмонтон 2003-та, Jason Gatlin, светски рекордер на 100 м, олимписки победник од Атина 2004-та и светски првак од Хелсинки 2005-та.
Ќе пресудат нималку подобрите
Велосипедистот Floyd Landis е прв победник на Tour de France (2006.), на кого трофејот му е одземен откако Американскиот сојузен суд го прогласи за виновен поради допинг. Помеѓу велосипедистите, некако во исто време, се разоткри нова афера: дури
11 години по освојувањето на Tour, Данецот Bjarne Riis призна дека се помагал со препаратот EPO, и тогаш и сега уште повеќе раширен синтетички препарат.
Marion Jones можеби требаше да биде една од најдобрите спринтерки во историјата. Од почетокот на аферата па досега „добро се држеше“, се до соочувањето со сојузните агенти во истрагата на калифорниската лабораторија BALCO. Лажела, а кривоклетството според законот е тешко дело. Да не го сторила тоа во истрагата можеби и би се извлекла, дотолку повеќе што во контролата мострата Б урина била негативна.
Кој тоа советува
Морално е скршена, а Американците по обичај законски не го истераа случајот на допинг до крај. Marion Jones врати три златни и два бронзени медала од Сиднеј 2000-та, а спонзорите бараат и пари. И што сега? Да се врати времето наназад или да се почне од нула? Иронија е дека златен медал би требало да добие Гркињата Ekaterini Thanou, која четири години подоцна на Игрите во Атина, со сонародничката Konstantinа Kenterisа, „исчезна“ одбегнувајќи ја допиншката контрола. Правно, тоа е исто како да била позитивна.
Кому ќе му се доделат медалите, ќе мора да одлучи Меѓународниот олимписки одбор. Истиот оној чии најистакнати членови масовно примале мито. Горчлив залак за МОО.
Фудбалот и денес, иако СП во Мексико беше во 1986-та, на свој начин го обележува „Божјата рака“ на Diegо Maradonа.
Самиот контроверзен аргентински фудбалер девет години подоцна во сопствена Тв шоу програма призна дека голот против Англичаните, во времето на Фокландската војна, го постигна со рака и коментираше дека тоа „била мала измама која не ја планирал“. Потоа самиот го одлучи натпреварот со антологиски слалом од средината на теренот до соперничкиот гол и ја поведе Аргентина до титулата светски првак.
500 страници одмазда
Англичаните му го дадоа името на fair-play-от. Но во високотехнологизираниот и пребогат циркус на формула 1, каде што Англичаните се најмногу, тоа го нема. Во посед на главниот инженер на McLaren, поради желбата за одмазда на неговиот колега од Ferrari спрема сопствениот тим, дошле 500 страници документи на италијанскиот тим. Извинувањето беше дека во светот на Ф1 се шпионира.
Според кој било закон за тоа можеше да се „парничи“, но „оштетениот“ би морал да ја докаже штетата, а тоа е тешко. Тимот е казнет со рекордни 100 милиони долари, како две сезони на Michael Schumacher. Ф1 веќе долго не е само спорт, или пред се спорт, и тука се употрребува се да се освои титула. Но, не може да се скрие или да се испере фактот на индустриската шпионажа и располагањето со туѓа интелектуална сопственост.
Во расплетот кај McLaren се покажа целосен недостиг на чувство за стварност, а камо ли коректност. Во последната трка остана без титулата светски првак, иако двајцата возачи беа во трката за титулата првак.
Сламка во горивото
Грчовито се фатија за формалноста по таа трка дека три болиди во поредокот пред Lewis Hamilton имале гориво спротивно на правилата. Истата таа контрола установи дека таа разлика не била решавачка предност, па и по жалбата трката ја прогласи за завршена, ја потврди победата на Kimi Räikkönen која му ја донесе титулата светски првак.
Слепилото потраја и покрај фактот дека и самиот млад британски возач, како и неговиот поранешен тимски колега, двократниот светски првак Fernando Alonso, јавно рекоа дека би било нечесно и срамно на таков начин да се освои титулата првак, но McLaren мисли дека има основа во правилата и вложува жалба, оти сака врвното тело на FIA да утврди дали имало непочитување на прописите или не, и ништо повеќе. Расплетот ќе уследи, а она грдото ќе остане.
Људмила Нарожиљенко
Ја избркаа од спортот на голема, а се врати низ мала врата
Случајот на шведската Русинка Људмила Нарожиљенко е еден од секако најилустративните. Во Токио во 1991-ва ја освои титулата светска првенка на 100 м со пречки. Две години подоцна, поради користење на забранети хемиски материи, ја казнија со забрана на настап на четири години. Потоа се пресели во Шведска, се омажи и го додаде презимето Engqvist. Бидејќи казната и ја преполовија- правно беше спорно „долготрајното одземање на правото на работа“, и тој пропис подоцна ја регулира двегодишната забрана на настап- па можеше да настапи на ОИ во 1996-та во Атланта. И да победи. Една година подоцна натурализираната Швеѓанка во Атина стана и светска првенка. Кариерата сакаше да ја заврши со титулата олимписка првенка во боб двосед, но ја фатија и во тој спорт, па доживотно ја протераа од спортот.
(Преземено и преведено од: http://www.vecernji.hr/)
Допинг, желба за победа, бизнис стратегија или... Нашите кошаркари кои играат маестрално на Европското во Литванија почнуваат да ме убедуваат во спротивното ( играат чесно, со големо срце, гинат на теренот за Македонија, без ниедна дамка ) али според вас дали постои МОРАЛ во спортот? Смешно е да прашам дали постои допинг? Постои ли фер плеј? Се бираат ли средства за да се стигне до тронот? Постојат ли спортисти кои чесно се на врвот? Колку спортот е бизнис? Допинг ради што..?Дискусијата овде...