Судењето на ЕП 2011 и Македонија

Член од
24 јуни 2011
Мислења
61
Поени од реакции
35
Возраст
35
Имаше најмалку три спорни игри со судењето - најпрвин мечот со Литванија, каде имаше скандалозни моменти, потоа беа оние фамозни 2,5 секонди за кои судиите се натегаа со Русија, и најпосле, фактот што ни поставија судија Грк со Шпанија (да не бидам сватен погрешн, главната работа сепак ја заврши Наваро), кој прв пат суди на европско натпреварување и тоа токму полуфинале! Со оглед на добро познатите односи меѓу нас и нашиот јужен сосед, како и веста за обид на купување на мечот Македонија-Грција од страна на вториве, тоа е скандалозно од страна на ФИБА!!!
Дури и некој да ми рече нормално е да се суди на страна на фаворити, т.е. да им се попушта (а мислам дека во наведениве случаи имаше барем малку повеќе од тоа) тоа е смешна логика, какви фаворити се тоа тогаш?
што мислите за судењето на ЕП 2011 и посебно, за односот на судиите кон Македонија?
Како ќе биде со Русија?
 
Доста го слушате Игор Трпевски, судењето беше коректно, посебно со Шпанија, доста е познато дека многу им се попушта на Шпанците, посебно на браќата Гасол, што не беше случај денеска.
 
Генерално беше коректно добро шо изгубивме со РУсија па затоа влеговме во полуфинале.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: FA
Не се разбирам многу во ова судењево , но мислам дека беше добро и џабе кукаме за со Русија да го вратија повеќе времето , но тоа не значи дека немаше Русите да уптатат удар и за 1.7 секунди колку што мислам дека требаше да биде времето .
 
иако имаше грешки и превиди,судењето (кое патем го спроведуваат ЛУЃЕ) ќе добие многу добра оцена.....имам забелешка на мечот со грција каде навистина бевме оштетени најмалку 5-6 пати,а со мечот со Литванцитенемам забелешки затоа што домаќините секогаш имаат предност во дискутабилни моменти....како и да е барем нашата репрезентација го извлече максимумот,а Трпески си заслужи тема во подфорумот ХУМОР
 
Некако премногу лесно ги заборавате кошевите поништени БЕЗ НИКАКВА ОСНОВА со Литванија, а на почетокот на мечот слично беше и со Шпанија.
Да не зборам што шуш/буш и пупуневажи од страна на судиите е дискредитирање.
Не викам дека ради тоа изгубивме (освен со Русите, каде беше јасно), сепак во баскет не не реметат така како во ракомет, ама не реметат
 
Во Литванија судењето е коректно, и можеби има некои ептен ситни судиски грешки, а за споредба судењето лани во Турција беше ужас. Оваа година судењето си беше на место а тоа што коментаторот зборува те ова те она, тоа кошаркарско " знаење" што го има Трпевски е дискутабилно, па што мисли човекот дека не може да има никаков контакт меѓу кошаркарите на теренот, па ова е кошарка машки спорт, а ако Трпевски не сака физички дуели и контакти тогаш нека ја остави кошарката и нека си коментира тенис, одбојка. Судењето е одлично, а оние што бараат влакно во јајцето, често им паѓа влакното од косата во јајце.
 
Генерално добро судење, освен оние 2 секунди де, ама од друга страна тој веројатно беше нај-небитен натпревар, не мораше толку да се исцрпуваме. Нормално, големите тимови секогаш изгледа како да се суде за нив, ама ретко кога е така. Бар на ова првенство ние за среќа не изгубивме ни еднаш поради судиите, бар не со Шпанија. Мислам дека и на моменти кога имаше грешки против нас, не беа намерни туку едноставно си беа судиски грешки.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: FA
иако имаше грешки и превиди,судењето (кое патем го спроведуваат ЛУЃЕ) ќе добие многу добра оцена.....имам забелешка на мечот со грција каде навистина бевме оштетени најмалку 5-6 пати,а со мечот со Литванцитенемам забелешки затоа што домаќините секогаш имаат предност во дискутабилни моменти....како и да е барем нашата репрезентација го извлече максимумот,а Трпески си заслужи тема во подфорумот ХУМОР

Кога ги тепавме тие никаквите, и тоа со таква разлика, толку се радував, што тоа веќе и го заборавив! Ама добро што го спомна.
 
Судењето во мнозинството случаји беше коректно едино не ми се свиѓа што имаше судии кои пречесто судеа 3 секунди у рекет, небитно дефанзивни или офанзивни тоа во модерна кошарка ретко се суди, но ете. :)
 
Некако премногу лесно ги заборавате кошевите поништени БЕЗ НИКАКВА ОСНОВА со Литванија, а на почетокот на мечот слично беше и со Шпанија.
Да не зборам што шуш/буш и пупуневажи од страна на судиите е дискредитирање.
Не викам дека ради тоа изгубивме (освен со Русите, каде беше јасно), сепак во баскет не не реметат така како во ракомет, ама не реметат

во кошарката одамна е познат зборот РЕНОМЕ и АВТОРИТЕТ........докажан и авторитетен кошаркар секогаш има привилегија кај судијата !
 
во кошарката одамна е познат зборот РЕНОМЕ и АВТОРИТЕТ........докажан и авторитетен кошаркар секогаш има привилегија кај судијата !
Ај баш да видиме... Сега и нашите покажаа дека се такви, па да видиме дали ќе уживаат респект...
Но пак ќе речам, тоа е смешна логика, да му прогледуваш на некој кој и онака е појак е апсурдно.
 
Судењето во Литванија низ текот на целиот турнир досега беше коректно

+1

И Игор дај престани со судииве веќе аман не е ова ракомет педантоста на ФИБА сепак некад има грешки!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom