Ќе донесам „Оскар“ на Македонија - ЗОРАН ПЕТРОВСКИ, режисер на бугарската серија "Стаклен дом"

  • Креатор на темата Креатор на темата Bora Bora
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
Македонецот Зоран Петровски е еден од тројцата режисери што застанаа зад камерата на бугарската серија „Стаклен дом“. Има триесет години, роден е во Скопје, завршил филмска режија на Академијата во Софија и таму веќе 10 години извонредно успешно работи. Етаблиран е во софиските уметнички кругови и го познаваат како вонсериски талентиран за филмска режија, но и како автор на спотови, реклами и кампањи. Досега не работел во својата татковина и голема желба му е да направи филм или серија која ќе биде македонски извозен продукт.

„Стаклен дом“ потврда за квалитет

Серијата „Стаклен дом“ доживува балканска слава. Во Македонија станува вистински хит. Како се најде во тимот што ја создава?

- Ме радува фактот дека серијата ја живее славата која ја достигна во Бугарија, насекаде по Балканот, а особено во Македонија. Убаво е кога квалитетен продукт, како што е „Стаклен дом“, ќе добие потврда за квалитетот и од самите гледачи, што е доказ дека има вистинска вредност. Како се најдов во тимот на оваа хит-серија е навистина склоп на околности во кој судбината има замешано прсти. Тоа е кога многу работи во еден момент треба да се случат точно како што се случија и јас да бидам дел од тимот. Завршувајќи ги студиите и работата на многубројните проекти, првенствено рекламните кампањи ме задржаа во Софија и ми овозможија да сум во тие продуцентски, режисерски и актерски кругови. Секако, движејќи се во тие кругови, секогаш има некој што ќе те забележи и што ќе го заинтригира работата која ја правиш, особено ако ја правиш квалитетно и креативно. Сепак, да незвучи премногу сериозно како станав дел од тимот во целата случка имаше и еден интересен момент кој беше можеби искрата што ме направи дел од тимот.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E811CDDF1402FA439A4A0C5E4FAE7120
 
И навистина да освои оскар, а не на секои три дена само да си ја повторува желбата ко што прави еден друг наш режисер.
 
А зошто Бугарија морала да му го даде тоа што Македонија (не) можела?
 
А зошто Бугарија морала да му го даде тоа што Македонија (не) можела?


Затоа што одговорните на македонскиот филмски фонд очигледно не се многу компетентни за својата работа, не знаат да одберат добар „продукт“ за финансирање, нашите големи компании и бизнисмени попрво би ја спонзорирале Сузана Гавазова, отколку навистина добра идеја, и на крајот, нашата филмска академија очигледно има малку испревртени критериуми.
 
Браво! Навистина се изненадив, незнаев дека во серијава учествува македонски режисер. Не ја следам ама сум гледала една-две епизоди чисто информативно и добра е серијата, нешто сосема поразлично од типичните балкански производи. Ајде, кога веќе ние не можеме да снимиме своја серија барем нашите режисери нека нешто работат.
 
Привет от Софија!

Зоран Петровски сам го направил избор'т да дојде да учи висше образование в Б'лгарија. Така зав'рзал вр'зки с обштествеността тука в Софија и започнал работа. Това е заштото македонците не трјабва да учат език като дојдат тука в Б'лгарија, понеже език'т е все с'штијат и всичко се разбира лесно. И сега е успешен режисьор тука и направи нај-гледанијат, нај-популјарнијат сериал в историјата - "Под прикритие", кој му продадоха правата за изл'чване в Америка, Бразилија и половин Европа и стотици милиони хора по целија свјат го гледат.

Ето интервју с'с Зоран:
http://dartsnews.bg/news/39078
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom