Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.619

Изразот поп-арт е кратенка од англискиот popular art (популарна, народна уметност).
Се работи за понов правец во фигуративната ликовна уметност.
Називот поп-арт се јавил за првпат во 1954-та година во Англија, а потоа се проширил во САД. Опфаќа импровизирани постапки со разновидни материјали, во произволни комбинации на сликање, моделирање, вклопување на секојдневни и отфрлени предмети, како и учество на гледачите. Според тематиката и постапката, можат да се разликуваат статички дела, комбинирани слики, колажи и трик-слики.
Kaко уметнички правец се оформил во 60-тите години на 20-от век, а корените му ги наоѓаме во дадаизмот и кубизмот. Поп уметниците го превртеа светот на уметноста наопаку, цртајќи го секојдневјето и рециклирајќи го како иронија, ирелевантна уметност. Суштината на оваа уметност ја претставува интеграцијата на уметноста во социолошки контекст. Главна цел му е воздигнување на наизглед банални предмети и производи од секојдневниот модерен живот во Уметност.

Додека во Америка дадаистичките демонстрации против „Уметноста” со голема почетна буква претставувале зачеток на поп-артот, во Англија тоа била автохтона супкултура, чии главни медиуми за распространување биле рекламните плакати, жолтиот печат, илустрациите на научната фантастика и стрипот.
Карактеристично за сите уметници на поп-артот е користење на техниката на „колажот”, преку кој потоа иронично се пласира виталната содржина на модерниот човек, манипулиран од потрошувачкото општество, социјалниот фетишизам, преку тривијалните идоли и потребата за чисто расфрлање. Така поп-артот ги разоткрива парадоксите на една цивилизација условена од индустрискиот напредок, ја критикува модерната меркантилистичка култура и наедно учествува во самиот механизам.
Истакнати претставници на поп-артот се Питер Блејк, Дерек Бошиер, Ричард Хамилтон, Роберт Индијана, Џаспер Џонс, Рој Ликтенстајн, Клаус Олденберг, Роберт Раушенберг, Џејмс Розенквист, Вејн Тибо и други.
Еден од најконтроверзните, но наедно и најинтересните сликари од овој правец е секако американскиот сликар, дизајнер и филмски творец Енди Ворхол.
Вистинското име му е Endru Varhola, роден е во Питсбург, живеел од 1927-ма до 1987-ма година, студирал дизајн на универзитетот Karnegi Melon, а потоа заминал во Њујорк.
Во „Слободната енциклопедија Википедија” на Интернет се приведени две од неговите многубројни „откачени” изјави:
„Во иднина секој ќе има свои 15 минути светска слава”;
„Уметникот е лице кое прави работи што не им требаат на луѓето, но тој од некоја причина мисли дека би била добра идеја да им ги даде”.

Во првата половина на 60-тите години од минатиот век Енди Ворхол станува водечка личност во поп-артот, користејќи ја иконографијата и печатарските техники на масовната култура. Тој ги прикажува предметите на масовната потрошувачка, ги умножува и ги изведува во ситопечат. На пример, делата „Кока-кола”, „Брило сапуни” и др. Подоцна почнува со зголемување на портрети на тн. супер ѕвезди, прикажувајќи ги во смели хроматски контрасти: „Елвис”, „Мерлин”, „Елизабет Тејлор”. Истовремено, додека ги создава ваквите дела, Ворхол чувствува наклонетост кон шокантни глетки на современиот живот, па ги создава делата „Катастрофи”, „Црвени расни немири”. Ја основал и рок- групата „Велвет Андерграунд”, потоа ревијата „Интервју” и сопствена телевизиска станица.
Во фабриката „The Factory" снима авангардни, тн. андерграунд филмови, на пример „Сон”, „Девојката од Челзи”, „Емпаер Стејт Билдинг”. Многу филмски проекти по негова замисла и во негова продукција режира П. Морисеј, на пример „Плот”, „Смет”, „Горештина”, „Франкештајн”, „Дракула”, на кои им дава и поизразена наративна компонента.
Енди Ворхол ја објавил и книгата „ПОПисм”, како и збирката на фотографии „Америка”.