Зелен кров (покрив) или градина на покривот (кровот)

Член од
26 јули 2008
Мислења
14
Поени од реакции
0
Вака , сериозно сум заинтересиран за изградба на овој тип на кров на мојата куќа но некако на нет немозам да најдам соодветни материјали , како се прави и т.н , па доколку има некој што знае несто околу оваа работа нека писе нешто , би сакал да прочитам некој совет или било што а и нее лошо да и другите почнат да размислуваат за оваков избор на покрив на сопствената куќа.
 
Читав и јас едно време за ова, и да ти кажам право изградбата е малку заебана, и кошта многу пари :)

Практично ти доаѓа како да градиш базен на кров, само што треба да има уште 2-3 слоја од специјални материјали за да не ти пробиваат корења на плафон на собата одоздола :)
 
па види вака , според некои мои груби пресметки мислам дека доаѓа и поефтино од било кој друг квалитетен кров а корењата незнам само како би пробиле во бетонската плоча во која неможам ни бетонска шајка да заковам освен ако можат да го уништат изолациониот материјал но и за тоа имам некое мое решение.
 
Рачунај дека треба да изолираш прво од вода. Пошо ќе ти се собира вода, кад тад ќе пробие, после тоа, треба да изолираш од коренчиња, пошо веруј, пробиваат и низ бетон со тек на време, ако рецимо планираш да ставаш некои поголеми растенија горе. Потоа треба да земеш предвид бубалки и инсекти, ќе имаш многу, и од тоа ќе треба да се заштитуеш соодветно. Комарците ќе ти бидат ептен проблем, а и сето тоа сака константно одржување, што исто така кошта пари. Не би рекол дека е поефтино од стандарден покрив, според мои сознанија нели.

И да, за бетонот, тој е цврст на почеток, но рецимо еден земјотрес ќе направи малецки пукнатини, (нема да се сруши во никој случај) ама доволно колку да почне вода да тече или да се протињаат коренчиња. Пошо бетонот е цврст ама не е толку агилен :)
 
Сингапур.
Трговски центар со многу бутици, модни куќи... Почнато е да се гради во 2010, три кули со зелен кров најгоре и базени и други "чуда" за околу 8 милијарди долари.

003.jpg

008.jpg

011.jpg

014.jpg

http://fishki.net/comment.php?id=95286
 
exploded-layers.gif Еве ова е како се прави доколку тоа би го правела некоја фирма специјализирана за овој тип на кровно решение и можеби доколку ги ставам сите материјали ке биде и поскапо но јас имам некое мое лично решение за замена на тие материјали (за хидро и за корења) и ставање на многу подолготрајни и посигурни па мислам дека и повеке и од стотина години . Ке ги наведам понатака
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom