Цивилизацијата на Инките

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Во историски размери таа цивилизација е мигум збришана со наездата на Шпанците. Во потрагата по јужноамериканско богатство безмилосно го убивале населението на Андите. Едновремено, за изумирањето на Инките несомнено придонеле европски болести што тие ги донеле.

Последниот цар на Инките, Атахуалпа, во 1533-та година бил убиен од конквистадорот Франциско Пизаро, а останатите умирале работејќи како робови во најголемиот рудник на светот Потоси.

Интересно е што сето богатство на царството на Инките биле земјата и работната сила. Кај нив важело „сите мораат да работат, никој не треба да работи премногу или предолго, никој не смее да трпи немаштија“.

Имале аристократија и административна класа, не само поединци со кралска крв, а главатарите на секое племе или држава во царството биле именувани за Инка благородници. Всушност, ученици кои во училиштата, освен интелектуалното образование, биле под постојани тестови на физичка издржливост. Од нив се барало да ги покажуваат своите вештини во трчање, борба, подвижност, сила.

Втора битна општествена специфика на Инките е развиениот систем на комуникација. Изградиле над 20.000 километри поплочени патишта од Пацификот до амазонските шуми и од север до крајниот југ на царството. По нив се движеле гласници, носејќи носилки со впрегнати спитомени лами.

Во претставувањето на оваа исчезната цивилизација се потенцира уште следново:

Казнениот закон им бил краток и мошне строг, а се темелел на правичноста. На пример, ако крадец украл затоа што немал да јаде бидувал казнет неговиот главатар кој не му обезбедил минимум од она што му припаѓа на секој човек.

Инките верувале во Мајката земја, Мајката море, богот Сонце, богот Месец, боговите Ѕвезди. Самиот Инка го претставувал Сонцето на земјата, зашто значи сонце. Над сите други богови бил богот творец, Виракоча или древен темел, господар, учител на светот. Вербата во бесмртност била прилично доминатна во нивниот живот. Кога некој Инка ќе умрел, на другиот свет го водел својот пес, кој бил убиен за да може во него да го води својот господар.

Економијата била базирана на колективно сопствеништво на земјата и на добро решеното наводнување. Имено, постоеле добро решени големи складишта за храна кои овозможувале напредок на царството и во време на лоша жетва. Мрежата од патишта била мошне раширена што овозможувало лесен транспорт на стока и храна. Архитектурата, уметноста и обработката на металот биле високо развиени. Постоела исклучително напредна медицина со развиена хирургија на черепот.

Многу откритија како да потврдуваат некои мислења дека Инките дошле од некоја друга планета:
Нивната цивилизација се развила по долината на реката Урубамба, од местото Писак на југ до Мачу Пикчу на север. Домицилната индијанска популација се занимавала со земјоделство, одгледување на пченка, пиперка и грав.

Писмото на Инките, како и на Маите и Астеците, се уште не е одгатнато и преведено. Тоа е слично на египетските хиероглифи. Мислата се изразува со слика и боја. Најчести фигури во писмото се човек, животни и ѕвезди. Отежнувачка околност е и тоа што многу пишан материјал е уништен со доаѓањето на Шпанците во тие подрачја. Цели книжарници и споменици се намерно уништувани. Па сепак, Мачу Пикчу е населба на Инките која е откриена дури во 1911-та година, и тоа сосема случајно. Планинскиот масив е опашан од три страни со реката Урубамба, зашто тука реката завива, а од четвртата страна е тесен премин низ клисура. На врвот од масивот има планинско седло каде што е сместен Мачу Пикчу. Населбата е верна копија на момент на ѕвезденото небо над локацијата- кога Земјата е најоддалечена од Сонцето и сите планети истовремено. Тогаш теоретски и практично се најмали влијанијата на законите на дел од микросистемот во кој е сместена Земјата.

Календарот се состоел од 18 месеци со 20 дена. Таквата година имала 360 дена. Главната работа на астролозите била родот пченка да биде што подобар. Со астрологија се занимавале само свештениците кои биле оригинални примероци на Инките.

Како и сите Индијанци, домицилното индијанско племе имало религија на култот на природните сили и домашните духови. Со појавата на Инките биле преведени во друга вера, во верување во Богот Виракок, творецот на универзумот, како и во верувањето и обожувањето на Богот на Сонцето, на Месецот.

При ископувањата се откриени многу костури на луѓе и животни кои биле принесувани како жртви, а во некои од нив се откриени совршени отвори на главите. Инките правеле операции на главата кои се на нивото на денешната современа медицина. Досега нема одговор на прашањето зошто се правени такви операции и кој ги правел.

Со својата појава на брегот на езерото Титикака и со напредувањето кон север по долината на реката Урубамба, Инките дошле во контакт со домицилното индијанско племе Кечуа Индијанци. Тоа го потврдува и патот по долината на реката со кој тие се служеле, а постои и денес.

Познато е дека за Индијанците Инките биле Богови. Бројот на оригиналните Инки бил 500, но тоа е сомнително имајќи ги предвид количеството и бројот на архитектонски споменици и други траги што ги оставиле зад себе. Многу цртежи настанале во нивно време, а некои по нивното изумирање според сеќавањето на домородечкото население. Тие сакале да остават спомен на моќни суштества кои владееле со нив, но сепак на крајот изумреле.

Инките се вклопиле во заедницата на Кечуа Индијанците и создале општество на високо културно и технолошко ниво. Имале соживот во мера и форма кои им одговарале. Освен оригиналните примероци на Инките и домицилните Индијанци, како и заробениците, постојат и мутанти настанати со вкрстување на Инки и Индијанци. Спрема останатите индијански домицинлни племиња биле од затворен тип. Биле малубројни, но оставиле неизбришлива трага врз домицилното населеие. Тие помогнале во формирањето на буквите на писмото и јазикот, ги унапредиле културата, општественото уредување и технолошките знаења.

Конечната форма и функција на зданието Мачу Пикчу Инките ја дале 500 години подоцна, по неговата изградба.

Необично е тоа што сите оригинални примероци на Инките, кои според некои дошле со тн. телепортација од една во друга димензија на просторот и времето, изумреле во рок од 3 месеци, а некои од нив живееле од 30 до 215 години.

А германскиот археолог Петер Фукс открил во беспаќата на Перу градби стари околу 5.500 години, што значи дека станува збор за цивилизација многу векови пред Инките. За неа не се знае ништо, а е утврдено дека нејзините припадници биле одлични архитекти.

Се работи за комплексот Сечин Бајо во пуст населен крајбрежен дел на Перу. Пронајден е кружен плоштад за кој со мерење на староста на јаглеродот е одредено дека потекнува од времето пред 5.500 години.

Откриени се пребогати релјефи со два клучни елемента на религиите од тоа подрачје- на мачка и змија. Сместени се во внатрешноста на огромен храм од цигли од кал кои подоцнежната цивилизација на Инките не ги познавала. Ова покажува дека непознатата цивилизација била исклучително напредна. Откриени се и скалила до олтар и огниште. На остатоците од ѕидовите на храмот се гледаат сцени на лов на мурали, најстари на западната хемисфера.

Перу, земјата на многу мистерии од стариот век, очигледно била исклучително населен простор на кој во текот на десетина милениуми се менувале различни цивилизации за кои човештвото допрва треба да стекне сознанија.
 
Инките имале многу добри системи.Тие напредувале многу брзо.Ако ние напредуваме како што напредувале инките досега ќе бевме стигнати многу далеку.
 
Инките имале многу добри системи.Тие напредувале многу брзо.Ако ние напредуваме како што напредувале инките досега ќе бевме стигнати многу далеку.

Ако биле толку напредни ке се одбранеле од шпанците, ама ете кога си во излолација од друга култура..
 
Имам изгледано неколку документарни емисии за инките но не знам ништо посебно од историски аспект. Како што веќе кажавте и двајцата таа била една силно развиена цивилизација на секое можно поле. Мене повеќе ме интресирала нивната религија а посебно сум фасцинирана од нивната замисла за божицата на земјата, мајката земја, Магна матер или на нивниот јазик Пачамама- жена на Виракоча (врховниот бог).
Меѓутоа на почетокот од создавањето на цивилизцијата тие имале друг врховен бог- богот Инти, бог на сонцето а овај Виракоча бил подоцна преземен од античкиот Тихуанако. Ова најверојатно се случило заради карактеристиките кои ги поседувал Виракоча, него како бог на креацијата сигурно го сметале за помоќен.
Еве уште нешто интресно од религијата на Инките :
Тие верувале во спротивност на работите која најчесто се искажувала со зборовите ханан и хурин.
Ханан бил израз за виско, супериорно, десно, силно, а додека пак со хурин се изразувало нешто ниско, инфериорно,лево, женствено.Оваа поларност е евидентирана во култот на месечината која била сестра и жена на богот на сонцето кој бил нејзината машка половина.
За светот и животот сметале дека е компониран од три аспекти.Во нивното претставување на космосот тие користеле три зборови: Уку Пача( минатиот односно светот долу), Кај Пача( сегашниот свет ..местото каде живееле) и Ханан Пача ( идниот свет ). Овие светови се прикажани како космички кругови и секој од нив е населен со спиритуални суштества. Тие верувале дека штом ќе се наруши линијата во која се поставени тие кругови луѓето имаат слободен премин од еден во друг свет.
еве ја и на слика
image308.jpg


Тука е убаво напишано
http://www.allempires.com/article/index.php?q=inca
http://www.philtar.ac.uk/encyclopedia/latam/inca.html
 
Најголема грешка на тие домордни народи на Америка им е што Шпанците ги гледале како богови,и им ги давале сите можни информации...Впрочем и самиот Пизаро го освојува Куско(главниот град на Инките) со околу 200 луѓе,што говори фактот на добро осознаен терен и добро организиран напад...инаку вака Шпанците би го имале "Виетнамски пораз" по тие големи џунгли
 
Ако биле толку напредни ке се одбранеле од шпанците, ама ете кога си во излолација од друга култура..
vidi spancite sose kortez bile okolu 150 dusi mislam ovie bile kade kade pobrojni, ali bile podobro naoruzani
a domorodcite vo nivnata kultura bilo da gi fajkaat zivi zarobenicite za da posle gi zrtvuvaat
 
Ако биле толку напредни ке се одбранеле од шпанците, ама ете кога си во излолација од друга култура..

Болестите на кои немале изградено имунитет ги уништиле и нив, како и сите други домородни народи со кои дошле во контакт европејците после 15 век и почетокот на глобализацијата. Речиси во сите места кои се обиделе да ги колонизираат европејците имало пад на популација од 90 отсто. Во Северна и Јужна Америка, Австралија, Полинезија и Хаваи луѓето немале имунитет на големи сипаници и слични болести. За многу кратко време после првиот контакт луѓето изумреле и немало кој да се бори. На некој начин ова е првото биолошко оружје кое било искористено, иако несвесно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom