Патување со траект

Член од
20 јуни 2011
Мислења
192
Поени од реакции
13
Дали има некој патувано со траект да каже некое искуство,од каде до каде патувал колкава била цената и др.
 
Имаш различни патувања , ѕирни тука http://www.europecruises.com/
а мене највеќе ми се допаѓа патувањето околуѕ светот, се тргнува од соутемптон , трае 103 дена , види на нет
..а инаце не сум бил на тоа , само звучи неверојатно хаха
 
Патував пред 5дена, од Сплит до Хвар(Хрватска). Се патуваше 2часа а цената на билетот во еден правец беше 47куни(7куни=1 еуро).
 
На училишната екскурзија патувавме со траект од Драч до Бари. За цена не знам, а што се однесува до патувањето, патувавме од 12 по полноќ до 7 сабајле. Интересно искуство и доживување. Штета е да се возиш со траект, а да не излезеш на палубата и да го испуштиш изгревот на сонцето. Прекрасно е за тие што го сакаат морето. :)
--- надополнето: Sep 2, 2011 7:18 PM ---
100_0046.JPG
100_0046.JPG100_0034.JPG
Еве и слики
 
Дали има некој патувано со траект да каже некое искуство,од каде до каде патувал колкава била цената и др.
Широк поим е тоа.За траекти се сметаат и оние кои тераат 15мин и имаш траекти за 15 сати и нагоре.
Патувањето со крузери и превозот со траект се малку поразлични работи и не треба да се мешаат.Превозот со ferry е вообичаено редовен сообраќај за масовна употреба,било да вклучува секакви возила или е passengers only.
Имаш траекти во цел свет,на различни поднебја,во различни временски услови,за различни цени и уште илјада работи плус.
Тебе за каде те интересира кажи поконкретно?
 
Имаш различни патувања , ѕирни тука http://www.europecruises.com/
а мене највеќе ми се допаѓа патувањето околуѕ светот, се тргнува од соутемптон , трае 103 дена , види на нет
..а инаце не сум бил на тоа , само звучи неверојатно хаха

абе не можеш во траект 103 дена:eek:

тоа можеш само на некој крузер
пат околу светот на крузерот Queen Elizabeth - 111 дена
 
абе не можеш во траект 103 дена:eek:

тоа можеш само на некој крузер
пат околу светот на крузерот Queen Elizabeth - 111 дена
На тоа мислев :)
иначе порано беше 103 дена , ама сега е повеќе
како и да е , се плаќа 10000 фунти по човек , ама нормално , све е all-inc :)
 
На тоа мислев :)
иначе порано беше 103 дена , ама сега е повеќе
како и да е , се плаќа 10000 фунти по човек , ама нормално , све е all-inc :)

па всушност и не е така;)
вклучени ти се само 5 оброци во текот на денот и пијалок со ручекот и вечерата
сите останати пијалоци си ги плаќаш
екскурзиите кај што застанува бродот пак сам си ги плаќаш..........

за 2012 год поаѓа на 8 јануари од Хамбург а се враќа на 28.04
кабина без никакво прозорче ти е 22151 долар по човек, ако сакаш едно мало бедно прозорче цената е 27311, со балкон 29431 а апартман 57432 долари

на оваа цена имаш плус 9 долари од ден за гориво (максимум 300 долари), пристанишни такси осигурување и ред други ситници
 
хмм , јас поинаку имам читано , ама добро нема врска , а од каде ги знаеш овие работи толку детално ?
 
хмм , јас поинаку имам читано , ама добро нема врска , а од каде ги знаеш овие работи толку детално ?
сум пловела со нив
не на пат околу светот, ама на пократко крстарење:)
 
фино , ти оставив подетални прашања во приватна порака , ѕирни ги ако сакаш и одговори ми :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom