Нова понуда од ОНЕ (Mobile Total)

  • Креатор на темата Креатор на темата peter
  • Време на започнување Време на започнување

peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Денеска ОНЕ ги објави новите понуди. Одма штом се пушти муабет, оп, излегоа топ понуди за да се набилда портфолиото на корисници.
Според ова што се нуди, ми се чини дека оваа понуда е најдобра во моментов, дури подобра и од ВИП.
Е сега, имајќи го искуството со ОНЕ, никогаш не би одел пак кај нив, ама цените се релативно ниски..

http://www.one.mk/default.aspx?SectionID=13
 
  • Бесплатни минути во мрежата на ONE
  • Бесплатни минути кон другите мрежи
  • Бесплатен интернет
  • Бесплатни SMS и MMS пораки



ONE Mobile TOTAL
тарифни модели

S

M

L

XL

Месечна претплата (денари)
279

699

1.099

1.999

Вклучени бесплатни разговори
кон броеви од мобилната и фиксната мрежа на ONE (минути)
1.000 кон 1 ONE број

1.000 цела мрежа

1.500 цела мрежа

1.500 цела мрежа

Вклучени бесплатни разговори
кон другите национални мрежи (минути)
40

200

500

1.000

Вклучени бесплатни SMS пораки кон сите национални мрежи (број на пораки)
100

200

500

1.000

Вклучени бесплатни MMS пораки кон сите национални мрежи (број на пораки)
100

200

500

1.000

Вклучен бесплатен интернет
100 MB

1 GB

1 GB

1 GB

Цена на повици по искористување на бесплатните минути (ден/мин)
6,8

3,8

2,8

1,8

Цена на SMS/ММS пораки по искористување на бесплатните (ден/SMS и ден/MMS)
4,8

3,8

2,8

1,8

Цена на SMS пораки кон меѓународни мрежи (ден/SMS)
4,8

3,8

2,8

1,8

Интернет цена по искористување на бесплатниот интернет (ден/MB)
4,8

3,8

2,8

1,8
--- надополнето: Sep 2, 2011 6:12 AM ---
овој моделов М што го нудат не е лош само иам една замерка
1.000 цела мрежа - ова е према уан само.. треба да дадат повеќе према уан барем. - на вип им е неограничено меѓу нивна мрежа кога зборат
 
Не ја сфаќам фората искрено. Моментално сум на тарифен модел М, и значи сега доколку го активирам ова ТОТАЛ, ќе добивам месечно 1000 минути во One, 200 минути на T-Mobile и Vip, 200 бесплатни SMS пораки, 200 бесплатни MMS пораки, и ова последново некако најмногу ме чуди, затоа што досега ми наплаќаа интернет со тарифа од околу 1MB/10ден. , а сега даваат 1GB бесплатно. Плус по искористувањето на сета оваа бесплатна понуда, понатамошното тарифирање е дури и поефтино од порано. А да не зборам за тарифниот модел S, за кој што можам уште утре да идам да земам некој најобичен телефон за 0 денари, и да плаќам по 279 денари месечно и да добивам 1000 минути во One, 40 минути со другите мрежи, 100 SMS и MMS пораки и 100MB интернет. Мора да има некоја скриена фора тука, не сфаќам каде им е ќарот на нив.
 
1.000 цела мрежа - ова е према уан само.. треба да дадат повеќе према уан барем. - на вип им е неограничено меѓу нивна мрежа кога зборат

И ВИП имаат 1000 минути, ама ги рекламираат како неограничени. Во секој случај, тешко да ги надминеш!
--- надополнето: Sep 2, 2011 6:28 AM ---
Мора да има некоја скриена фора тука, не сфаќам каде им е ќарот на нив.
Фората е дека сакаат да се продадат, а немаат корисници. Никој нема да купи оператор без база. Во рамките на своја мрежа немаат трошок за ништо. И нетот им е фрее, така да кога ќе видиш, и не е баш ефтино 279 денари за 40 минути
 
финтата е примамлива понуда за да привлечат повеќе корисници со кои би склучиле договор на 2 години по овие цени а рачунајте дека од сега па за 2 години ке има уште најмалце 3 пати поевтинување на разговори пораки смс ммс интернет и слично.. е тоа е финтата! - истата финта ја користат сите оператори дали кабелски дали мобилни дали интернет провадери и тн... просто и едноставно
 
Фората е дека сакаат да се продадат, а немаат корисници. Никој нема да купи оператор без база. Во рамките на своја мрежа немаат трошок за ништо. И нетот им е фрее, така да кога ќе видиш, и не е баш ефтино 279 денари за 40 минути

Интересно, баш вчера имаше интервју на Сител со директорот на One кој изјави дека во скоро време немаат намера да се продаваат, и дека од вчера имаат нов менаџмент.
Ваква понуда дефинитивно требаше за One, најдобра откако операторот е на нашиов пазар. Претпоставувам превземена за да се разбудат од зимски сон, бидејќи Vip веќе го престигнува нивниот удел (има само 1% разлика меѓу Vip и One во првиот квартал годинава). И уште една претпоставка, сега повеќе ќе целат кон корисниците на T-Mobile, бидејќи како што гледам многу се испопрефрлија на Vip и не планираат да го менуваат во скоро време.
 
Дефинитивно.... конкуренцијата ги прегази па се приморани на овие чекори...
инаку... еднаш ONE и никогаш повеќе ONE... (најтапа се и најнеуслуживи најнадмени и наипрепотентни према своите корисници)
... но без гајле...конкуренцијата сега ќе извади нови пакети (им се може) така да овие пак ќе си останат со прстот у уста...
 
Добри се пакетиве ама не се издржуваше нивното гњавење со наградни игри и пораки секој ден. Не се враќам :)
 
Добри се пакетиве ама не се издржуваше нивното гњавење со наградни игри и пораки секој ден. Не се враќам :)

Се согласувам, за тоа навистина претеруваат. Мислам дека има опција да не ти стигаат пораки од нив, ама тогаш нема да добиваш ни кога навистина ќе биде потребно.
 
има слушнато некој дали ќе има нови пост пејд понуди од вип или т-мобајл? и на двата ми е завршен договорот па незнам дали да го продолжувам сега
 
Јас уште сум во шок од понудава. Не ми се верува дека словенците направија нешто добро.

Звучи ептен добро и примамливо. А се што е такво обично крие нешто друго (овде во Македонија тоа едно е сигурно).
 
Од кога ВОЛКУ е ОЛКУ????Да ви се ....... во маркетингот ретардиран!
mobileTotal-mak.jpg
 
Јас сум на оне постпејд и се јавив да ме префрлат во овие новиве тотал тарифи и ми рекоа дека не можело бидејќи сум искористил промоција, 6 месеци без претплата, да си знаете онака ако некој планира да се префрли од старите на новите тарифни модели
 
Очигледно е дека со новиве пакети целат на корисниците на T-mobile
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom