Стрипови Варм Комикс

  • Креатор на темата Креатор на темата Selekt3
  • Време на започнување Време на започнување

Selekt3

Волшебник
Член од
3 август 2011
Мислења
254
Поени од реакции
45
Локација
Битола
Веб-сајт
www.facebook.com
Варм Комикс Дооел е мала фирма од Прилеп основана во 2008 година и нејзината дејност е издаваштво на познати европски стрип едици, првенствено од изадавалите Макс Бункер Пресс и Серџо Бонели Едиторе од Милано. Фирмата започна со печатење на стрипот Алан Форд од првиот број кој беше издаден во септември 2008 година. На почетокот од следната 2009 година, започнавме со едициите на Бонели Едиторе и го издадовме првиот број со Загор со наслов “Мачнина“, а по еден месец ја стартувавме и редовната серија и првиот број “Индијанска Магија„. Веќе следниот месец, во продажба се појави и првиот гигант со Мартин Мистерија “ Тајната на Свети Никола“, а напоредно ги печатевме и стриповите со Алан Форд од едицијата класик. Кон средината на 2009 година, не затече кризата и тоа влијаеше крајно негативно врз работата на нашиот партнер Зомес од Прилеп која заедно со печатницата и другите дејности престана да постои. Тоа значеше подолга пауза и за нас, во еден период во кој немавме прецизни податоци околу продолжувањето на работата со Зомес од Прилеп. Откако некои работи станаа појасни, ги презедовме работите во свои раце и некако успеавме да го продолжиме континуитетот со редовните изданија со Загор и Алан Форд, па на почетокот од 2010 година започнавме со печатење на изданија по редослед и ја променивме печатницата. Тоа значеше значително губење на време и намалување на тиражите. Набргу ни стана јасно дека тешко ќе успееме во време на криза и нелојална конкуренција да ги одржиме редовните изданија кои бараа месечен континуитет, па затоа решивме да се насочиме исклучително кон периодичните изданија, а редовните да ги одложиме за некои подобри времиња. Иако изданијата кои ги печатиме во последниот период се далеку поскапи од оние од редовната серија, истите ни даваат поголем период за обработка, а на купувачите повеќе време за купување, со оглед на нивната поскапа продажна цена која никогаѓ не е популарна, но беше главен услов за опстојување на домашните стрип изданија. Малиот тим на Варм Комикс и понатаму ќе се обиде да опстои во овој микро бизнис, а тоа сигурно ќе се случи поради фактот за опстојување на фирмата во најтешките времиња на кризата што ни дава надеж за повеќе едиции во иднина и враќање на почетниот каков таков интерес
кој го имавме.

Ова е нивната вебстрана:http://www.varmcomics.com/index.html
И нивниот форум:http://forum.stripovimk.com/f/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom