Бизнис со уметнички слики

  • Креатор на темата Креатор на темата Alchemyst
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57
Возраст
40
Пред некој еден еден другар кој работи во галерија ми предложи да му купам 3 слики со огромен попуст, а попустот му ги дал уметникот кој ги нацртал. Тие слики купени поединечно сега вредат 60% повеќе, а како во иднина уметникот има дополнителни изложби, така и цената на сликите ќе расте.

Колку се разбирате од ваков вид на инвестиција? Дали вреди да си ја пробам среќата во оваа сфера. Според претходни искуства, сликите би се продале за 1-2 години, и годишната заработка би била %30-%60, што е многу пати повеќе од чување пари во банка или инвесирање во инвестициски фонд или слично. Проблемот е што никој не гарантира за колку време би се продале, но во секој случај цената никогаш не би паднала.

Мене ми се чини доста примамливо. А на вас?
 
мал пример:
2011 купуваш: 5 слики х 5 илјади евра = 25 000 евра
2015 продаваш: 5 слики х 7 илјади евра = 35 000 евра
Да сумираме:
Четири години ќе ти зафаќаат ѓубре по дома. Ако ја купиш една слика 5к, нема шанси да иде повеќе од +2к.
И сеуште мислиш за 10 000 илјади евра вреди? :)
И најјако е што ова ти го пишав од многу оптимистички аспект. А на пример што ако се неквалитетни? Што ако се по*бат? Што ако ги заборавиш за 4 години? Што ако не им се дигне цената па да мораш да ги даваш поефтино? :D
 
Сликите ќе си останат во галеријата каде што ќе се продаваат. Јас само би ги откупил по 60% поефтина цена, така да реалната цена почнува со веќе 60% повеќе од цената што сум ги откупил јас. Така наредено делува примамливо... освен немањето на гаранција за колку време би се продале. За квалитетот сум 100% сигурен, сепак се работи за реномиран сликар за кого знам доста за него и неговите дела.
 
..не постои жив сликар во Македонија кој постигнува цена од 5000 евра за слика, а кои пак слики би донеле за 2 години 30-60% заработка.....на првиот купувач :) нив и у свет ги има дали цца..0.5% од сликарската популација....
Значи со чиста интерполација на овој наш квадрант...во моментов...нема таков...
 
Малку сум оф-топик можеби, ама има, ретко прави такви слики бидејќи му се наменски портрети, иначе оној што го познавам јас е еден од најдобрите сликари на просторите на екс-ју, да не претерам ама во топ 5 е.
Сега назад на темата, се зависи кој е авторот на сликата, често пати знае името на авторот да е повредно од самата слика, така да ако ти прави мерак и имаш вишок пари за тоа, пробај си и пак ќе повторам, се зависи кој е авторот(а тоа 60% попуст може доста да значи, а може и ношто да не значи).
 
Имам на ум дека влегувам во ризична категорија на инвестиција, поле што сеуште не го разбирам комплетно.

Значи да нема забуни, не реков дека сликите допрва ќе добијат вредност од 60% повеќе, туку јас можам да ги откупам за 60% попуст. Реалната цена им е веќе 60% повеќе уште во старт.

Сепак ви благодарам за советите! Точно, името на авторот знае да ја крене цената, посебно откога, да не звучам бизарно ама... откога ќе почине авторот :)
 
Малку сум оф-топик можеби, ама има, ретко прави такви слики бидејќи му се наменски портрети, иначе оној што го познавам јас е еден од најдобрите сликари на просторите на екс-ју, да не претерам ама во топ 5 е.
Сега назад на темата, се зависи кој е авторот на сликата, често пати знае името на авторот да е повредно од самата слика, така да ако ти прави мерак и имаш вишок пари за тоа, пробај си и пак ќе повторам, се зависи кој е авторот(а тоа 60% попуст може доста да значи, а може и ношто да не значи).
хммм..имаш право во тој свет СЕ Е ГАЧКА..што би рекла мојата баба да е жива....,иако јас раскажувачи на СКАПИ ГАЧКИ кој е некој спремен да ги плати...сепак не гледам меѓу живите сликари во Македонија...така ни во бизнисот , кој е мноогу ризичен , а кој се вика инвестирање во сликари и нивните дела... :)
 
Освен што имаме неликвидност (за да продадеш треба да најдеш друг инвеститор или да направиш аукција) кај уметничките слики има и друг проблем: нетраспарентност. Како можеме да ја одредиме нивната вредност? Како инвеститорот би ја одредил? Зошто сме сигурни дека ја добивам со 60% попуст? Можеби ја купуваме по реална вредност и потоа ја продаваме 60% повеќе од реалната. И уште една работа, немаме income (дивиденди, камата итн). Најдобро е да се инвестира во сегмент кој добро го познаваш или за кој можеш да платиш консултант. Ако си уметник или сакаш да играш на факторот среќа тогаш е добра инвестиција.
 
Ова се исплати на запад, а кај нас слабо и под услов сликарот да не е меѓу живите
 
Има една акција од здружението за деца болни од аутизам која што сакам да ја испочитувам и да купам слика од причина што имам потреба во домот, односно имам желба да украсам еден дел со уметничка слика.
Ми треба мислење колку се реални цените на уметничките слики кои се во понудата споредбено со цените на слични такви слики во истата техника од непознати наши автори да ги купам во галерија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom