Метеорски дожд

  • Креатор на темата Креатор на темата TheFrisb
  • Време на започнување Време на започнување

TheFrisb

(Астроном)
Член од
5 јуни 2011
Мислења
246
Поени од реакции
80
Извор: Факултети.мк




Доколку овој викенд имате план да одете некаде на планина, бидете убедени дека може да присуствувате на една спектакуларна глетка која ќе ни ја приреди нашиот Универзум. Станува збор за метеорски дожд кој паѓа секое лето меѓу 17-ти и 24-ти август, а оваа година ќе се случи ноќта меѓу 12-ти и 13-ти август, кога е можно да паѓаат и до 60 метеори на час.
20111008-metheo-shower-3.jpg

Овогодинешниот максимум на метеорскиот дожд за жал ќе се случи во ноќ на полна Месечина. Поради тоа ќе бидеме во можност да ги видиме само сјајните метеори, можеби и по некој болид. Поради тоа се препорачува метеорскиот дожд да се набљудува надвор од градовите и уличното осветлување.
20111008-metheo-shower-2.jpg

20111008-metheo-shower-1.jpg

Причина за појавата на метеорскиот дожд Персеид, кој што е наречен по соѕвездието Персеј е кометата Swift-Tuffle, која има период на обиколка околу Сонцето од 133 години. Ситните и крупните честички создаваат облак и кога Земјата го пресекува гледаме дожд од метеори, објаснуваат научниците.
20111008-metheo-shower.jpg

 
одамна го планирам ова. Вечер ги носам сите во темница:) Ќе гледаме метеорски дожд и ќе го славиме со пиво.
 
аууууууууууууууууууууу фала на информација (y)
 
одамна го планирам ова. Вечер ги носам сите во темница:) Ќе гледаме метеорски дожд и ќе го славиме со пиво.
Пазете да не претерате со пиењето... ќе ви се гледаат ѕвездите дупло.
 
лани се собравме друштво со пиење гледавме дали 2 3 метеори видовме цела вечер.. а оваа година ... во понеделник имам испит така да метеорите слабо оваа година за мене, не дека ќе биде нешто ептен спектакуларно како што и секоја година нагласуваат. Ама по некој.. ќе се види колку да не се биде со ич :)
 
Има некој поинформиран дали може од скопско Водно да се проследи дождот? Доколку да, тогаш која би била најидеалната локација на планината? Од крстот би било непожелно претпоставува, пошто истиот ќе свети... Благодарам однапред :)
 
Ахх едвај чекааам :pipi:
 
Газ стопанкин ако има облаци или ако ја не сум над последнине згради над Водно :)
 
Медиумска кампања, Персеиди на повидок....

Секоја година во периодот Јули-Август ги има, не е ништо ново, ама треба многу гледање нагоре за да видиш летечи метеорит.

За оние што прашаа: Видливи се од секаде, а за да ги забележите подобро, треба да сте оддалечени од вештачки извор на светлина барем некои 300 метри и повеќе.
 
Медиумска кампања, Персеиди на повидок....

Секоја година во периодот Јули-Август ги има, не е ништо ново, ама треба многу гледање нагоре за да видиш летечи метеорит.

За оние што прашаа: Видливи се од секаде, а за да ги забележите подобро, треба да сте оддалечени од вештачки извор на светлина барем некои 300 метри и повеќе.
тАчно + кој може да ја најде Касиопеа лесно ќе го најде радиантот :P
 
ја сум вечер на роденден у планина така да биче весело :D
 
Метеорите почнаа да паѓаат уште пред 2-3 дена, завчера 3 видов. :) Како што се очекува вечер би требало да им се зголеми бројот. :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom