Не да ги бранам бисер пром, али со сите туристички агенции има по некоја зафрканција.Исто како , кога потпишуваш претплата на некој мобилен оператор, све најболје е напишано горе, а со ѕвездичка и мали букви, останатото, т.е лошото.
Кога идев за црна гора лани,прво од битола до охрид се одеше со галеб,пофалби до нив за културните шофер/кондуктери/вработени, итн итн. Далје,се качуваме во бока турс црногорски, ако верувате, хитлер подобро ги возеше евреите, него ли овие нас. Шоферот во кривина влегуваше со 500 на саат, климата ја исклучи оти главата го болела и назад од средината до последно седиште моравме да се гушиме и да трпиме жешко.За во веце, или ако му се лоши некому- нема теоретски шанси да се застани, а камо ли за цигара. На Албанска граница се застана еднаш, црногорската само ја преминавме за 15 минути, и тоа беше целото застанување. И на крај не можев да издржам до будва, и морав да слезам во улцињ, пошто уште 5 часа не се издржуваше стегнат во автобус.
Значи, има заебанции со сите фирми не само бисер пром. Е сеа, што се случи со бока, им се јавив од црна гора во нивната фирма, и се извинија за случката, и рекоа дека не смеел шоферот во 9 часовно патување да не застани воопшто.А завраќањето, беше друго.Автобусот беше преполн, а јас и девојка ми немаше место да седиме заедно, шоферот одма размести 2-ца, за ние да седниме заедно, по пат 4-5 пати застанавме,одмори, паузи, и донесоа вода по едно шише за секој, и се беше како што треба. Значи , на грешките се учат.
Така да, бисерковци, ако сите се согласуваат дека сте направиле грешка, признајте ја и поправете ја. Со егоизам и куросување, само губите муштерии, а тоа сигурно не му е фетиш на директорот на фирмата.Поздрав