ФК ВАРДАР-ФК РАБОТНИЧКИ 09.08 20h

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши овој дуел?


  • Вкупно гласачи
    96
  • Гласањето е завршено на .
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.243
Поени од реакции
76.289
Локација
Б'с
Дојде време за градското дерби на Скопје. Уште поголем шмек ќе добие со тоа што по подолго време, ова дерби ќе се игра во вечерен термин под рефлектори, а се надевам поголема афирмираност мечот ќе добие поради тоа што Работнички има успешни настапи во Европа последните денови, па некако клубот стана центар на внимание во овој период и сите се известени дека во вторник имаат утакмица. Нема веќе вадење со тоа "Незнаев дека има утакмица", па народе навалете на стадион. Цената на картите е популарна 100 денари, а мечот за оние кои неможе да го гледаат ќе го има најверојатно на МТВ1, а сигурно и на страната на Спорт Ефе...

Ме мрзи сега пак да го дискутирам мечот од агол на неутралец, па само ќе го постирам мојот пост од фан клубот на Вардар, кој и онака во целиот хаос на темата отиде во неповрат:D

Ајде малку да прокоментирам за мечот кој не очекува.
Очекувам да настапиме во состав:
Симов
Мичка Бојовиќ/Вељановски Вајс Бошкоски
Петров Оса Ранѓеловиќ Лико
Стојаковиќ Ивановски

Искусна одбрана, искусен голман вкомпонирано со млад среден ред и одличен напад.
На спротивната страна незнам како точно би изгледал составот ама претпоставувам дека ќе биде:
Димитиревски
Тодоровски Ќумбев Богдановиќ/Стојанов Лазаревски
Настевски Вујчиќ Петровиќ Велковски
Маневски Велковски

Истотака се работи за искусна одбрана, па слободно можам да кажам дека позади се подобри од нас. Младиот Столе е во подем, брани како ненормален ама не е несовладлив. И ние имаме солиден голман, плус стар и искусен лисец. Симов некогаш знае да биде ѕвер, а некогаш нен е на нивото. Да се надеваме дека повторно ќе се покаже во вторник. Доаѓаме до средните редови. Ранѓеловиќ и ОСа против Петровиќ и Вујчиќ. Брацо јуниор никогаш не ме имрпесионирал искрено...
Можже се покрупни и имаат мала предност во воздушни дуели тука, но затоа мислам дека по земја ите како ги јадеме. Оса е брз и може да затвори секаде. плус висок е како штакур, па нивната корупелнтоност немора да им биде предност во воздушните дуели. По страните имаат дсвајца брзи и млади играчи. Настевски веќе ни е добро познат. Лани ни беше најдобар играч, но некако паднал во форма, или па премногу претерувавме со фалење пошто беше наш играч :D
Ја има уште брзината и дриблингот, ама преслаб е во дуели. Лесно паша, пробува да изглуми што најчесто не му поаѓа пд рака кај судиите (барем не, додека беше во дресот на Вардар).
Ќе имаме борба Тодоровски и Настевски, против Лико и Бошкоски. Несомнено лико е голем талент, но неговата физичка подготвеност загрижува. Во своите најдобри денови би бил како меси во лигава, но му треба одреден период за да се воигра. Но Илчо е стар лисец, мислам дека баш по оваа страна ќе нападне, пошто реално тодороваски е најслаба карика во одбраната на Романтичарите. Ако игра Богдановиќ тоа ќе биде голем плус за нас. Човекот е тежок киксер, сигурно многу подобро би се снашле ако игра он, наместо игор Стојанов. Идеме на другата страна. Уште помладиот Велковски Дарко подзасилен со искусниот Димитрија Лазаревски. Дарко е многу млад, дрибла цело време и себичи. Ниту он, ниту Иве не ме импресионираа. Напротив ги кочеа акциите, а и вака уморени не би требало да преставуваат некаква опасност. Ние го имаме Петров тука позади со Мичка. И ние не импресионираме по оваа страна. Но сепак мислам декан искуството на петров ќе победи. Веќе има многу опрволигашки утакмици во своите нозе. Си останал стандарден од времето, ниту одличен, нити слаб, малку подобар од просечен играч. Мичка е веќе во години, но сеуште знае да изигра добра акција. Се надевам само дека нема да го дриблаат како во прилеп:D
Доаѓаме сдо нападот. Тука сме за класа подобри. Стојаковиќ и за Велковски и за Маневски е Меси. Низок пробивен, во стилот на настевски, но со голема разлика што може да издржи секаков дуел. Но одново слабост е тоа што е себичен...
Ранѓеловиќ и он прекрасмно се вклопија во нашиот тим. Фичо стандарден, секогаш е на право место, а се надевам така ќе биде и во вторник. Плус они се преморени, неможеа да одат на дуелот со Анортозис, а после прославуваа со пиво во рацете:pos: На тренерското позиција битката е како Давид и Голијат. Глупандерот Чунга-Лунга против Илчо. Тука ја гледам најголемата наша предност. не е Илчо глуп тренер, знае да го изненади противникот.
Секогаш овие мечеви значеле нешто повеќе од обична утакмица. Наше е да го наполниме запад, и да им дадеме безрезервна подршка на нашите. УШТЕ Е ВРЕМЕ КОМИТСКО!!!!
 
Ах....тешка утакмица ке биде..резултат 1-1 :P
 
Типувам победа на Вардар.

Работнички се уморни од тешките натпревари во Европа,исто така со паметот сите ќе бидат на мечот против Лацио.Вардар би требало да го искористи ова и да слави победа.

Секако Работнички се едни од конкурентите за титулата заедно со Шкендија,Металург а можеби и Вардар(зависи како ќе се покажат против потешките противници).
 
Ке биде одлично дерби,се надевам на што поголем број на обична публика,додека на запад мислам дека ке направиме една од најдобрите атмосфери во последниве години:)!
 
Најпаметна е работава со 100че карта, ко што се популарни Работнички у моментов, а Вардар се нафурани на револуција си некоја, ќе има посетеност голема ! :D
 
Типувам на победа на Вардар од едноставна причина што ни Работнички ни било која друга Македонска екипа неможе да издржи такво темпо какво што тера Работнички во моментов Европа/МК лига.
 
Типувам за моите :D

Иако морам да се надоврзам на постот на Сабер, Лико и Петров лесно можат да ги сменат страните па лесно можеме да нападнеме со Петров од страната кај Тодоровски. ;)
--- надополнето: Aug 6, 2011 3:26 PM ---
Ама не верувам да направиме така, сепак не се толку наивни :)
 
Инаку изгледа ќе има само за Јужна карти, и нормално ние на западот....
 
0-0 тапа игра од двете страни..
 
Инаку картите за мечот за јужната трибина ќе бидат пуштени во понеделник. Ќе може да се купат во билетарата на градски, салоните на Together и на плоштад :)
 
РАботнички е по квалитетен но изморен и не сконцентриран доволно на овој натпреавар.Вардар можеби ќе има мала предност но повеќе на X ми мириса.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom