Забрането место за ЖЕНИ - Планината АТОС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Ljupco Meljata
  • Време на започнување Време на започнување
Знам дека жената е подредена на мажот, жената му служи на мажот, но за забрана за влегување во храм не знам.
А во Македонија и не гледам некаде дека жената во некоја црква мора да носи шамија.
--- надополнето: Aug 5, 2011 2:30 PM ---
Тоа е жалното брате, што нема кој да им укаже! Во Скопје не е така но постојат места во Македонија каде повеќето жени во црква се со марами на глава.

Кои се тие места?
 
И после оти ми се гади од цркви и такви срања. Дискриминација сакаш ли!

Не станува збор за никаква дискриминсција, Вие жените секаде сте во предност да не сакате и литургија да служите???
Оставете ни нам на мажите барем во црква први да се причестиме и да земеме нафора ако воопшто знаеш што значи тоа бидејки ти се гади од црквите, стармота!
 
Друже искочи малце од тој црковен свет кој на кого му е подреден а на кого не му е, релативно е тоа во реалниот свет.
 
Ајде да ја чујам таа предност која е. И бај да веј не гледам ништо срамота во тоа што мене ми се дигаат цревата кога ќе видам дека на секој чекор црква или џамија се гради.

п.с. се пишува сРамота
 
Друже искочи малце од тој црковен свет кој на кого му е подреден а на кого не му е, релативно е тоа во реалниот свет.

Мене неговото ми личи на екстремен шовинизам отколку на канони кои не знаеме дали постојат. Ова дури ни за во КШК не е :)
 
Ајде да ја чујам таа предност која е. И бај да веј не гледам ништо срамота во тоа што мене ми се дигаат цревата кога ќе видам дека на секој чекор црква или џамија се гради.

Карактеристика за типичен атеист, Господ да Ви помогне!
 
Мене неговото ми личи на екстремен шовинизам отколку на канони кои не знаеме дали постојат. Ова дури ни за во КШК не е :)

Ве молам без навреди, ова е форум и секој си го кажува своето мислење!
 
Не гледам во црква да влагаат сите женски со шамија. Никогаш немам влезено така и никој ништо не рекол, ама на голи во рацете со кратки маички им имаат кажувано.
можеби кај нас - ете да речеме прогледуваат низ прсти
но во Русија,Украина, Белорусија.... нема шанси да влезеш без марама, макар и едно парче платно да стаиш над глава само колку да не си гологлава
си ги носат во торба и пред да влезат ги ставаат марамите
бев пред некоја година со девојката и бидејќи не носеше марама (а е задолжителна) надвор имаше као киоск нешто и и дадоа марама - влегува и на излегување ја враќа

http://www.fund-intent.ru/Image/View/13244
http://img15.nnm.ru/f/e/2/5/1/0f92bce60eab8d831b1c2d5f84a.jpg
 
Ќе ги кажеш ли местата т.е црквите во кои жената не смее да влегува без шамија?

Погрешно ме разбравте, не реков дека несмее да влегува бес шамија туку дека би требало секоја жена во црква да биде со шамија бес шминка и скромно облечена.
Црквата е дом Бпжји а не панаѓур!
 
Ве молам без навреди, ова е форум и секој си го кажува своето мислење!

Тогаш покажи го тоа што ти се бара. Чисто за да ги потврдиш твоите тези, за да не сметаме дека не се работи за лудило.
--- надополнето: Aug 5, 2011 2:44 PM ---
Погрешно ме разбравте, не реков дека несмее да влегува бес шамија туку дека би требало секоја жена во црква да биде со шамија бес шминка и скромно облечена.
Црквата е дом Бпжји а не панаѓур!

Пристојно облечена да. Со шамија каде?
Не е ова Саудиска Арабија.
 
можеби кај нас - ете да речеме прогледуваат низ прсти
но во Русија,Украина, Белорусија.... нема шанси да влезеш без марама, макар и едно парче платно да стаиш над глава само колку да не си гологлава
си ги носат во торба и пред да влезат ги ставаат марамите
бев пред некоја година со девојката и бидејќи не носеше марама (а е задолжителна) надвор имаше као киоск нешто и и дадоа марама - влегува и на излегување ја враќа

http://www.fund-intent.ru/Image/View/13244
http://img15.nnm.ru/f/e/2/5/1/0f92bce60eab8d831b1c2d5f84a.jpg

Абе cool види, и поповите не треба да крадат ама сепак крадат така? Верник сум јас ама ова што се прави во црквиве е претеризам, така да ако може поп да краде и да вози мерцедес, така веројатно нема да им пречи што влагам во црква без шамија.
 
А да ги прашаш зошто жената мора да носи шамија на такви места ни они не знаат да одговорат. Демек божји дом било тоа или што ти знам, пак не е тоа причина, сакам да чујам нешто конкретно и што држи вода.
 
Абе cool види, и поповите не треба да крадат ама сепак крадат така? Верник сум јас ама ова што се прави во црквиве е претеризам, така да ако може поп да краде и да вози мерцедес, така веројатно нема да им пречи што влагам во црква без шамија.
јас не реков ништо околу тоа- само пробав да одговорам ;)
--- надополнето: Aug 5, 2011 2:48 PM ---
патем и во Ватикан е истото правило
жена со марама на глава-
--- надополнето: Aug 5, 2011 2:50 PM ---
а како некакво си објаснување за Света гора каде што пристапот на жената е забранет- веројатно е тоа што ја сметаат за “грешна-’ и заради тоа не и е дозволен пристап до светите места
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom