Хендикепирани лица да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата vlako088
  • Време на започнување Време на започнување
V

vlako088

Гостин
Дали хендикипираните лица во Македонија треба да ги уживаат истите права како останатите граѓани во Република Македонија?
Многу мал број на институции во Македонија имаат пристап за луѓе на кое количката им е основно помагало, а де не зборуваме за пристапни тоалети за разлика во европските земји.
Исто така државата а и поголемиот дел на граѓаните на Нашата држава кон овие луѓе гледаат како кон граѓаниод втор ред.
Ке ви напоменам само еден пример за говорен хендикеп. Се јавува човек со говорен хендикеп во службата за информации и бидејки пелтечи и говори неразговорно тие му поклопуваат слушалка. Нели е ова дискриминација или некултура на институциите?
Дали овие лица заслужуваат да бидат среќни и да ги уживаат истите права како и останатите граѓани на Нашата држава, какво е Вашето мислење?
 
Не само што заслужуваат, туку мора да ги уживаат сите права, и да се превземат акции за тоа да се оствари! Јас колку што знам Полио плус врши добра работа за правата на хендикепираните лица.
Инаку, како пример ќе ја земам Германија, иако се светлосни години пред нас, таму луѓе со тежок физички хендикеп немаат апсолутно никаков проблем сами да живеат, и да се снабдуваат со се што им е потребно, и да шетаат каде сакаат, и во автобус да влегуваат (напоменувам без никаква помош), ама треба многу време додека тоа се имплементира во целост кај нас.
 
Ке ви напоменам само еден пример за говорен хендикеп. Се јавува човек со говорен хендикеп во службата за информации и бидејки пелтечи и говори неразговорно тие му поклопуваат слушалка.
Таквите примери ги има многу. Штетата е направена со неразумното однесување и некултурата на народот, како и со приоритетите на политичарите.
Нема институција каде што можат да се пожалат, а да не се осеќаат повредени.
 
ДА! Тоа и јас не го прифаќам за нивната дискриминација и тоа што ги потсмевуваат со различни невкусни зборови, посебно младете кои сакаат да се шегуваат. Но има и дел од возрасните кои немаат што да прават па ќе ги омаложуваат хендикипираните лица кои ќе ги најдам по чаршијата или друго место.
А тоаа со телефонот стварно е некултурно, можеби лицето има стварно проблем во тој момент, а ти и затвораат слушалка. Невкусно.
Јас искрено неможам да гледам како така човек се мачи, мене ми е жал но неможам да му помогнам, освен ако во моментот нешто му е потребно а јас да го забележам тоа.
 
Вакви теми за хендикепирани лица, за ниски луѓе, за геј популација, за обесправени во Македонија има коооолку сакаш. Нормално дека треба работите да функционираат на врвно ниво, ама на телефон мене ми спуштаат слушалка у јавни служби, не па на лица коишто пелтечат.

Проблемот е во сиромаштијата, то ест, во лоповската држава. Кога ќе има подобри услови за живеење на обичниот човек тогаш ќе има и за оние со вистински проблеми.

И не е точно дека овие луѓе се сметани за граѓани од втор ред бидејќи воопшто и не се хендикепирани. Хендикепирани сме ние, обичните луѓе со работа од 9-5h и навидум нормални животи, ние сме граѓани од втор ред. Оние коишто се во количка, што пелтечат, слепи или глувонеми, тоа се граѓани коишто не постојат. Така што, без грижа, иста ни е желбата, и ние и вие сакаме да ја запалиме влада со монструмите внатре.
 
Во ред и мене ми се има случено да ми затворат слусалка, но кога ке му затвориш слушалка на некој што пелтечи или говори неразговорно не е исто, хендикепот си го прави своето и тој тоа го зема врз себе.
И не би рекол дека Македонија е сиромашка држава кога за се има пари а да обезбеди еден нормален живот за хендикипираните нема а дека е лоповска тоа е повеќе од точно.
Се сложувам со тебе дека ние сме сите хендикепирани и тоа во умот и повеке од некој сто животот мора да го живее во количка, кога на оваа категорија на луѓе не обрнуваме внимание.
 
Многу е лош насловот дај сменете..
Иначе треба да ги уживаат сите права..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom