Што мислите за општиот статус на Република Косово

  • Креатор на темата Креатор на темата Fasty
  • Време на започнување Време на започнување
Апсењето на 6те срби на Косово , според Ивица Дациќ (МВР Србија) е сторено со помош на србите лојални на власта на Хашим Тачи , тие ги предаље.

Додека градоначалникот на Партеш околина на Гњилане , Ненад Цветковиќ , му порачал на Дациќ дека оваа е Косово и дека тој треба да ги гледа неговите работи, за косовските општини надлежен да се грижи е Хашим Тачи.
Според него овие нелегални полицајци вршеле терор над србите , и дека апсењето на овие агенти требало да го направи самиот Ивица Дациќ.

Тие агенти им наредувале на србите за кого да гласаат и што да прават , ги земале на испитување по неколку часа
 
x.gif
Иницијатива за обединување на Косово со Албанијавторник, 28 февруари 2012
x.gif
x.gif

x.gif

Група пратеници од Собранието на Косово се подготвуваат за барање за обединување на Косово со Албанија, пишува приштинската агенција Телеграфи, а пренесе Бета


golema-albanija-300.jpg


Барањето најпрвин ќе го потпишат 12 пратеници, за подоцна бројот да достигне до 30, што отвара можност предлогот да се разгледува и во Собранието на Косово.

„Ова барање доаѓа откако владата на Косово одлучи да ја прифати фуснотата која ја исклучува употребата на терминот Република во дипломатските и другите меѓународни претставувања. Се дознава дека барањето на пратениците има и поддршка од претседателот на парламентот Јакуп Красниќи. Ова барање има поддршка и од пратениците од турското малцинство на Косово“ пишува агенцијата.

Претседателот на Собранието на Косово Јакуп Красниќи, според истите извори, индиректно се изјасни дека е против ова прифаќање, кога изјави дека за уставноста на договорот за регионалното претставување треба да се изјасни и Уставниот суд на Косово.

Се дознава дека групата од 12 пратеници, иницијатори на предлогот, во Тирана ќе разговараат со претседателот на Албанија, Бамир Топи, од кого ќе побараат поддршка.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=68368
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom