Апел за помош на Ѓокица Величковиќ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Веб-сајт
www.angelfire.com
Дваесет годишниот Ѓокица Величковиќ од Куманово, по предлог на Лекарски конзилиум е упатен на лекување во Лондон, за што му се потребни околу 220.000 евра.
Ве молиме да помогнете заедно да го спасиме овој млад живот со вртење на соодветната мрежа донирате 100 денари.
One – 075 143 103
Vip – 077 143 702
T-mobile – 070 143 107
Како и на жиро сметката на
Комерцијална банка АД Скопје, бр. 300001000021827.

РАКАТА ШТО ДАВА НЕ СЕ СУШИ …
ДОНИРАЈТЕ ЗА ЃОКИЦА!


---------
превземено од Donacii.mk ( http://www.donacii.mk/2011/07/28/apel-za-pomosh-na-gjokica/ )
 
Господ нека му е на помош...
 
Скандалозна и потресна сторија за 21 год. момче со акутна леукемија

08.11.2011 - 16:33 |
Животот на 21 годишниот Ѓоќица Величковиќ во рацете на надлежните здравствени институции. Со акутна леукемија и истрошени можности за лекување во Македонија, неопходна му е итна трансплантација на матични клетки во странство.
23_76568.png

По шокот што го доживеало семејството Величковиќ кога првостепената фондовска комисија ги одбила со образложение – нема да има успех во лекувањето, сега сите надежи им се свртени кон второстепената комисија во министерството за здравство.
Но цели 70 дена Ѓокица води битка со болеста во болничката соба на Хематологија, во очекување дали ќе добие шанса за лекување во странство.
- Уште на втори септември доставивле жалба до комисијата, но еве нема никаков одговор. Неговата здравствена состојба е се полоша, а како што напишаа и докторите во конзилијарното, секое одложување е на штета на мојот син, но нема никаков одговор. Јас незнам што треба да направиме. Првостепената не одби со нелогично објаснување, ама овие треба д аодлучат, вели Тоша Величковиќ татко на Ѓоќица
Борејќи се за животот на Ѓокица, таткото му пишал и на премиерот. Но и од таму не добил одговор. Вели, законот дозволува институциите молчат. Прашува зошто некој предвреме би го осудил неговиот син ако и македонските лекари, но и болницата во Германија со која оствариле контакти им влеваат надеж дека лекувањето може да биде успешно. Од министерството за здравство за Сител само кратко одговорија ... ќе инсистираат предметот да биде разгледан во најкраток рок.
- Тој од мај до сега е во болница. Состојбата му се влоши и затоа не упатуваат во страство за да не дојде повторно до повторување на болеста, вели таткото.
Тешката болест кај Ѓокица е дијагностицирана во 2008 година. Неговите родител исе невработени, па со апел за хуманост бараат помош од граѓаните за трансплантацијата на Ѓокица во странство.
Кога и дали ќе замине зависи од одоговорот на второстепената комисија во чија жалба ова момче им напиша.
Сања Димитровска

ТЕЛЕФОНИ ЗА ДОНАЦИЈА:
Оне 075-143-103
Вип 077-143-702
Т мобиле 070-143-107
Комерцијална банка ад скопје
Денарска 300001000021827
Девизна 02-307-0533507,4
Сања Димитровска

-----------

превземено од Sitel.com.mk - линк: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedon...-god-momche-so-akutna-leukemija#comment-81822

Ве молам раширете секаде каде што можете: интернет (портали, форуми, е-маил на Ваши пријатели, блогови, фејсбук...), телевизија, радио, весници, медиуми... кажете им на сите за да му помогнеме на момчево!!

Господ со него и со нас!!
Амин!!!
 
Донирано
Господ нека те чува Ѓокица и се надеваме дека се ќе биде во најдобар ред
 
Искрено се надевам дека надлежните институции ќе излезат во пресрет, со цел да биде спасен еден млад живот.
за останатите,,,покажете ја својата хуманост како многу пати до сега
 
Да ја актуелизирам темава. Нема многу време.

Т-mobile 070 143 107
ONE 075 143 700
VIP 077 143 700
Нашиот пријател Ѓокица Величковиќ боледува од леукемија и за трансплантацијта на коскена срцевина во Германија му се потребни уште 12000 евра. АКО ТОЈ НАЕ ЗАМИНЕ ЗА 14 ДЕНА НА ОПЕРАЦИЈА, ШАНСИТЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ЧЕКОРИ СО НАС СЕ МАЛИ! Ние не смееме да го дозволиме тоа!!!
 
Донирано, се надевам ќе се соберат пари и се ќе биде добро со Ѓокица
 
‘‘Почивај во мир, Ѓокица! Ние овде остануваме со наведнати глави, сите виновни зошто ти не продолжи да чекориш заедно со нас!
А за сите останати: Во последните разговри со Ѓокица, тој не извести дека му недостасуваат уште 8000 евра за да се оперира во Германија, операција која веројатно ке му го спасеше животот! 8000 евра = околу 492000 денари, а тоа е = 4920 луѓе да донираа по 100 денари за неговата операција на донациските броеви!

:(:(:(
Почивај во мир
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom