Кој термин го користите за пијанење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaptija Stojkov
  • Време на започнување Време на започнување

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.859
Возраст
40
Кој ви е!?
Кој ви е онака, нај заразно? Што го употребувате речиси секој пат?

Како на пример:
Леле денеска сум се направил Ѓон или
пак леле вчера сум се направил Лајно,
Стап, Камен, Дрво, Лушпа итн...
 
Зависно какво е пијанството, такви и термини се користат :pos:
ај да дадам некој пример ;)
-ако си се напил толку многу што не си можел да се движиш си бил „стуб„ пијан
-ако си се напил толку многу што не можеле да те мрднат од место си бил „армиран бетон„
-ако си се напил толку многу што а си бил притоа премногу весел (си пеел играл а у) си се напраил „шако полумента„
-ако си се напил толку многу што дури не си давал ни знаци на живот си бил „кома„
-ако си се напил толку многу што дури а притоа си измешал премногу видови на алкохол си си се напраил „салата„
има и уште многу други термини кој опишуваат различни стадиуми на пијанство но бидејки се брзам ќе ги допишам друг пат :pos:
 
У задње време коњак ми е : „Нафлеках се“:D
 
Па многу ретко пијам, само кога има некои прослави колку за расположение.
Но во нормален муабет или баш на тие прославите, почесто користени зборови за опијанување ни се:
"Денеска има да си одземам свежината со пијањето."
"Денеска има да се направал асфалт."
"Ќе си го стопам желудникот од пијање."
"Џам се напрајв вчера..."

и така натаму, не му текнуваат моментално.
 
Терминот Партали за пијанење е актуелен во последно време во Охрид...
 
сум се направил ШТРАФ еј
излегувам пијан, асфалтот скокна и ме удр в чело.....мислам дека добро го преведив од српски :)
 
Читање. Цела библиотека во една вечер.
 
Има теорија дека може да додадеш кој било предмет во реченицата - Се направив ______. - и пак ќе звучи како што треба.

Пример: Се направив лустер. Се направив стол. Се направив бандера. Се направив шкаф.

Што повеќе не се движи предметот - тоа подобро.
 
Знам дека србите го користат терминот пијан ко мајка
 
Хахаха терминиве се лудница.
Инаку ја обично ги користам: мортус, камен, кома, цреп...други не ми текнуваат моментално :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom