"Брза Помош" - колку е "брза"?

  • Креатор на темата Креатор на темата Jimmy
  • Време на започнување Време на започнување

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
928
Поени од реакции
312
Локација
Битола, Македонија
Да разјаснам одма дека прашањето е за преглед во амбуланта на "Брза Помош" во време на викенд, кога не работат матичните лекари.
Мое лично искуство, денес, што и ме "инспирира" да ја отворам оваа тема, беше дека чекав цел 1 час само за преглед и обично мерење на притисок, а замислете бевме само тројца што чекавме ред за преглед... за "Брза Помош". И таму бидејќи не знаеја или не сакаа да се замараат со нас, не упатуваа до болница...а таму пак, сосема друга приказна, да се чудиш кај си отишол... Докторката што ме прими си кршеше лешници од вратата, замислете онака, немаше клешти и ја затвараше вратата и кај што се ментешината си ги кршеше лешниците, абе лудници. На масата и сливчиња, кочани...ко на тезга на пазар. Ама тоа е како што реков друга приказна која е дел од целото наше "Здравство".
Значи, прашањето ми беше дали чекање 1 час за преглед во "Брза Помош" е брза?
 
не е до брзината ...до бројноста е..нема доволно

мислам дека во план се 200 нови возила
 
Па ако не си бил/а во критична состојба 1 час не е кој знае колку... А тоа со лешниците и сливите јас не би го земал за грев, што има врска, дежурен е цел ноќ тој лекар, зошто да не јаде, не е забрането
 
коа ке поушти сирени тоа нема ни семафор ни пешачки башка иде доста брзо како што кажа колегата 120-130 така да брза е
 
Да разјаснам одма дека прашањето е за преглед во амбуланта на "Брза Помош" во време на викенд, кога не работат матичните лекари.
Мое лично искуство, денес, што и ме "инспирира" да ја отворам оваа тема, беше дека чекав цел 1 час само за преглед и обично мерење на притисок, а замислете бевме само тројца што чекавме ред за преглед... за "Брза Помош". И таму бидејќи не знаеја или не сакаа да се замараат со нас, не упатуваа до болница...а таму пак, сосема друга приказна, да се чудиш кај си отишол... Докторката што ме прими си кршеше лешници од вратата, замислете онака, немаше клешти и ја затвараше вратата и кај што се ментешината си ги кршеше лешниците, абе лудници. На масата и сливчиња, кочани...ко на тезга на пазар. Ама тоа е како што реков друга приказна која е дел од целото наше "Здравство".
Значи, прашањето ми беше дали чекање 1 час за преглед во "Брза Помош" е брза?

Иста т.е слична ситуација имав опишано на форумов некаде не се сеќавам каде и кога беше.Не беше иста зошто не беше брза помош ама исто за притисок отидов касно навечер а дежурните се однеусваат како се дома а не на работа.Бев единствен пациент што чекаше за преглед и не оставија да чекаме скоро саат време во ходникот надвор.Кога влегов ми рекоа да се соблечам и 15 минути слушав приказни за синот на докторката и неговите тинејџерски проблеми и ми се качи притисокот уште повеќе тогаш.Беше зима и беше проклето ладно, а јас гол во ордијанација во која темературата беше далеку од просечна собна температура.Ми се чини дека да бев во некоја африканска земја ке добиев ако не друго барем поголемо внимание од докторите и барем ке се чуствував колку толку во сигурно раце.Без разлика какви услови за работа имаат докторите кај нас, во моето искуство со нив многу малце од нив се однесувале професионално и си ја работеле својата работа како што треба.Ретки се оние доктори кои оставиле добар впечаток кај мене како на пример од матичниот од кого сум презадоволен.Сите имаат побитни работи од пациентот во моментот и тоа ги отежнува многу работите.Ете ти си имал искуство со брзата помош, ама не само таму, тоа е општ проблем во сите здраствени установи во нашата земја.Неколку пати отидов приватно и се изненадив колку светлосни години се понапред од државниве.Ама како со услугите и со опремата така и со цените :) нормално.
 
Па вака според мене брзата помош не е до толку спора колку што мислите бидејки и тие имаат големи обврски спрема народот тие не се во мозност од еден крај на друг за толку брзо време да дојдат ,иначи и не се баш кул како што треба иначи за оцена од 1-10 имаат од мене 7-ца :)
 
Не знам за брзината на амбулантата, ама Брзата Помош е катастрофа... Пред неколку месеци имав можност да видам човек во Аеродром да почине чекајќи околу 1 час Брза Помош. Да биде трагедијата најголема, на 10 метри од човекот што лежеше на тротоар со луѓе околу него кои се обидуваа да го одржат во живот, имаше паркирано комбе на Брза Помош. Некој си го зел дома и си го паркирал на паркингот.
 
Кога бев малолетник ми се случи неуба ствар.

Бабами почна да и се врти незнам која болест е сеуште ја има, не и се повраќа но исто ко на пијан шо му се врти цела соба, и голема беше работата пошто паника ме превладеа имав само 17 години сеуште немав пракса голема ниту искуство големо.

Се јавуем на Брза Помош и викам жената има 70 години неможе да иде, немам кој да ја донесе таксисите неработат а јас немам кола малолетник сум!
Таа: па викни такси.
Јас : па нема такси 4 сабајле не е ова Скопје!
Таа: донесија сам со твоја кола.
Јас: слушна ли дека сум малолетник и дека немам никој дома кој може да ја донесе?
Таа : колку години има жената? сигурен си дека не ме зезаш?
Јас : сигурен сум! пратете возило ве молам!
Таа : добро.

Проаѓа 20 минути ( болницата е на 10 мин максимум пешки) проаѓаат 30 минути нив ги нема... а надвор снег незнам како да ја макнам бабами по снегот...

Се јавувам пак

Таа : па ви пративме кола...
Јас : ќе сносите одговорност сите вие таму, нема да ви опростам ( во афектно стање озбилно ќе напраев нешто )

Слегувам доле ги чекам ете доаѓаат и слушам коментар од еден ајван-болничар демек као многу сум мрсел по телефон ќе ми одржел гачка. Како го фатив за гуша па кој му удрев шамар не знаеше што го снајде. На докторот му удрев клоца да потрча побргу нагоре по скалите и им реков дека нема живи да излезат ако нешто лошо се случи.

Буквално тоа го направив, не лажам ниту пак кријам нешто, не добив опомена од полиција ниту заканувачки пораки после тоа, а имав само 17 години можеби не се уплашија преку телефон но се уплашија од физичката сила и помислата што може да биде после тоа.

Моите се четници, сите биле четници дел мал партизани, кој од кој побудала, бабами и дојде подобро за 2 дена... 3тиот ден излезе да прошета до болница.

Диспечерката доби отказ и изгуби прамени од коса, а болничарите што дојдоа вечерта избегаја од канцеларии.

Итно избегаја.

Идиотското понашање на целиот таков персонал е иритирачко, секоја чест само на екипата која работи на Клинички во Скопје каде секоја будала на мотор која паднала ја носат таму тоа приемно таму е за пример.

Другото се фрли го во вода. Тоа треба да се доброволци луѓе со дух и тимска работа, а не партиски војници и големи дебили.
 
^
За жал, веројатно многу дечишта се јавуваат да се зафркаваат на тие броеви.
Инаку и во моето семејство имаше случај да повикаме брза помош, кај нас дојдоа за некои си 15-20 минути (за Скопје зборам).
 
Не знам што отварате веќе вакви теми.
Дежурни за одговор се Македонцки и Цитронон.
На секој ебан проблем имаат одговор од типот: нема доволно, во план, во изградба, споменик, друг е крив, соросоид е тој, предавниците се криви, грцине не саботираат, америка не не сака, немакедонци...

Ае у пм
 
Брза помош во Македонија е доволна брза за да умре пацинетот ! Значи поголема катастрофа од нас во здравството нема.И не само во здравството,но ева во оваа тема за тоа станува збор.Да не ја тупам и ја сега..
 
Кога дедо ми се разболе викнавме брза помош, дојде доктор и две болничарки.
Бидејќи итно мораше да се пренесе во болница, немаше кој да го носи на носилка, бидејќи живееше во зграда. Па викнавме комшии за да го пренесат до амбулатната кола.
Друг случај, мој другар живее спроти клиника Јане Сандански. Сестра му го голтнала јазикот и дечково веднаш истрчал преку улица да викне доктор. На шалтер му рекле дека не може да пратат кола преку улица бидејќи дечкото не викнал брза помош?!
Па излегол од болницата се јавил и им требало 10 минути да преминат една улица!
Додека да дојдат, со помош на татко му некако успеле да и го извадат јазикот.

Не се ефикасни и брзи, за жал, иако многу пати тие минути се пресудни за нечиј живот.
Ургентен центар во државна е хаос. Пред еден месец морав да го посетам. И сфатив дека луѓето всушност не плаќаат на приватно толку ради креветите и опремата. Да, важно им е сето тоа.
Но поважно им е што се третирани како луѓе за тие пари, не како парче месо на кое мора да се изврши интервенција.
 
не е до брзината ...до бројноста е..нема доволно

Како што кажа ги нема доволно а и не се сите брзи има и многу стари на прмер во Битола пред година дена видов едно старо комбенце и воланот му беше на десната страна ќе викни некој помош возачот кај што вози брзо ќе се сплетка ќе се отепа
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom