Како да ја разведам мајка ми од татко ми?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ma Jas Be
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 јуни 2011
Мислења
224
Поени од реакции
159
За брз, ефективен, и без галама развод, што треба да направам? Едноставно повеќе не се трпат, животот ми е како у војна, цело време само чекам од која страна ќе пукне...
 
без галама? единствен начин ти е сами да се согласат на развод
 
И јас имам размислувано на оваа тематика, не знам мило треба тој поразумниот да го убедиш некако ама не знам како, (обавезно има поразумен, абе жената е поразумна тое)...ти најдобро знаеш пошто ти се у куќа.
 
Збори како си несреќен, и дека твоја желба е тоа ! Ова ќе и го кажеш на мајка ти, и ќе видиш како ќе потише некои документи
 
Ваква тема ни на сон не сум сонила да се појави. :S...незнам како да ги убедиш ама ако ги убедиш дали си подготвен на озборувања и разни глупости како на пример.. ајде бе, остави го...мајка му и татко му разведени, дошол мене да ми соли памет. Ова не е Америка за разводот да биде третиран како нешто нормално. Ова е Македонија кај што вакви нешта се сметаат за светски чуда :S
 
Нз, наместо да размислуваш за "брз, ефективен, и без галама развод", можеби би било подобро да пробаш да најдеш решение како да престане таа воена состојба.

Разводот сепак е лична одлука на тие коишто се во брак, а и да се случи не е гарант дека оттогаш па натаму животот ќе ти биде бајка.

Ти пожелувам среќа за понатаму.
 
кажи му на дедо ти и баба ти од двете страни на татко ти и мајка ти што се случува и што ти е маката и тие нека им даде ќутеко;)
 
Ова е многу тешка тема и треба да се воздржите од „досетливи“ коментари!

Дали сте пробале со брачно советувалиште? Познавам многу луѓе кои биле и кај кои разговорот со стручно лице помогнал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom