Природни маски за лице

  • Креатор на темата Креатор на темата elena1985@
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 јули 2011
Мислења
58
Поени од реакции
21
Возраст
40
Ajde nekoj koj znae bas me interesiraat recepti za maska za lice?bi sakala nekoja da isprobam.
 
  • 1 изрендано јаболко
  • 2 супени лажици мед
Во изренданото јаболко додајте го медот и мешајте додека не се соединат. Ставете ја смесата на лице и оставете ја да делува 20 минути. Потоа измијте го лицето со топла вода. Оваа маска не се суши, па не чекајте да се случи тоа за да ја измиете.--- надополнето: Jul 25, 2011 12:42 AM ---
  • 1 јајце
  • неколку капки лимон
Разделете ги жолчката и белката. Матете ја белката додека не се направи слој од пена. Ако имате мрсна кожа, додајте неколку капки лимон (можете и да го прескокнете лимонот). Премачкајте го чистото лице со белката и оставете ја да делува 15 минути. Измијте го лицето со топла вода.
 
Едноставна маска за лице од квасец

Подготовка: Една коцка квасец се меша со малку млеко. Чувајте за15-20 минути а потоа исплакнете со млака вода.

Маска за лице за сува кожа:

Подготовка:Се мешаат 2-3 лажици какао една лажица мед и малку млеко.После 15 минути од нанесувањето лицето се плакне со вода.
 
И јас сакав да испробам нешто ново, па правев една маска со мед и јогурт... трипати се покајав што го направив тоа.
 
Имав црвенило неколку дена и медот воопшто не придонесе кожата да ми биде мека. :confused:
 
Едноставна маска за лице од квасец

Подготовка: Една коцка квасец се меша со малку млеко. Чувајте за15-20 минути а потоа исплакнете со млака вода.

Јас ја користев оваа маска еден краток период и сум презадоволна! Од ко ќе го измиев лицето, сакав да си го згмечам од шо ми беше меко xD
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom