Primera División 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011-12 во Примера Дивизион?


  • Вкупно гласачи
    123
  • Гласањето е завршено на .

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.845
Поени од реакции
23.246
la_liga.jpg

Примера Дивизион, или Ла Лига, позната и како Лига ББВА од спонзорски причини, е највисокото лигашко натпреварување во шпанскиот фудбалски систем. Се состои од 20 тима, од кои 3те последнопласирани на крајот од сезоната заминуваат во втората лига, а на нивно место доаѓаат 3те најдобро пласирани второлигаши.
Досега во Ла Лига имаат настапувано 59 екипи, а досега Примера имала 9 различни шампиони. Од '50тите години, Реал Мадрид и Барселона се екипите кои владеат со Примера Дивизион. Тимот од Мадрид има освоено 31 титула во Примера Дивизион, а Барселона 21. Други тимови кои ја имаат освоено Ла Лига се Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао, Валенсија, Реал Сосиедад, Депортиво Ла Коруња, Реал Бетис и Севиља.
Според Меѓународната Федерација за Фудбалска Историја и Статистика(IFFHS), Ла Лига е најдобрата фудбалска лига во светот.
Првите 3 тима во Ла Лига директно се натпреваруваат во Лигата на Шампиони, а четврторангираниот тим стартува од 3тото квалификациско коло за ЛШ. Екипите на 5тото и 6тото место, играат во плеј-офот на Лигата на Европа, а седмопласираниот стартува од 3тото квалификациско коло на ЛЕ.

Ова се 20те тимови кои ќе се натпреваруваат во Примера оваа сезона, подредени по азбучен ред:
Тим (Град, Стадион, Капацитет на стадион)

Атлетик Билбао (Билбао, Сан Мамеш, 39.750)
Атлетико Мадрид (Мадрид, Висенте Калдерон, 54.851)
Барселона (Барселона, Камп Ноу. 99,354)
Бетис (Севиља, Бенито Виљамарин, 55.500)
Еспаљол (Корнеља де Љобрегат, Корнеља-Ел Прат, 40.500)
Гетафе (Гетафе, Колисеум Алфонсо Перез, 17.700)
Гранада (Гранада, Нуево Лос Карменес, 16.200)
Леванте (Валенсија, Сиутат де Валенсија, 25.534)
Мајорка (Палма, ОНО, 23.142)
Малага (Малага, Ла Росаледа, 28.963)
Осасуна (Памплона, Рејно де Навара, 19.800)
Расинг Сандтандер (Сантандер, Ел Сардинеро, 22.271)
Рајо Ваљекано (Мадрид, Тереса Риверо, 15.500)
Реал Мадрид (Мадрид, Сантијаго Бернабеу, 80,354)
Реал Сосиедад (Сан Себастијан, Аноета, 32.076)
Севиља (Севиља, Рамон Санчез Писхуан, 45.500)
Спортинг Хихон (Хихон, Ел Молинон, 29.800)
Валенсија (Валенсија, Местаља, 55.000)
Виљареал (Виљареал, Ел Мадригал, 25.000)
Сарагоса (Сарагоса, Ла Ромареда, 34.596)

Актуелен шампион и бранител на титулата е екипата на Барселона, која минатата сезона трет пат во серија ја освои Ла Лига и ја освои својата 21ва титула, што е за 10 помалку од водечкиот Реал Мадрид, со 31. Најголем противник на Барселона кон одбрана на титулата и оваа сезона е и нивниот најголем ривал, Реал Мадрид. Да се замешаат во трката за титулата и да котираат високо на табелата се очекува да бидат и екипите на Валенсија, Севиља, Атлетико, Атлетик, но и засилената Малага.

Сезонава ќе започне на 21ви август, а ќе заврши на 13ти мај.
Првото коло е:
Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид
Еспањол – Гранада
Осасуна – Валенсија
Вилјареал – Спортинг Хихон
Расинг Сантандер – Хетафе
Леванте – Реал Сарагоса
Рајо Валјекано – Мајорка
Бетис – Севилја
Малага – Барселона
Реал Мадрид – Атлетик Билбао

Во оваа тема, многу страни да испишаме, многу дискусии на ниво, да славиме победи, да има и нервози заради порази, фер и голема борба за титулата до последен здив.

Анкетата ќе ја направам ограничена да трае до започнувањето на првото коло.
 
Малага :D

Ама сепак се знае дека борбата ќе биде меѓу Барса и Реал.
 
Можеше нешто подобар вовед, заслужува Шпанска лига такво нешто додади од претходната нешто.

Инаку за анкетата - Реал Мадрид!!!
 
Што е толку битен воведот за вакви теми да го е*ам. Значи вакви имало и порано, знаете што е како е... нема ваљда да утепам цела страна читање за ова... :)

Последните трансфери можете да ги видите овде и овде. :)

Mој тип за „изненадување“ сезонава е Сарагоса, а за разочарување Малага. :P

п.с. требало јавна анкета, вака не е интересно. :D
 
Мислам дека оваа година потешко ама Барса пак ке освои :)
 
Барса нормално, втори реал ке си бидат, инаку Малага може да биде пријатно изненадување и да го лапне 3то или 4то место али ај ке видиме, инаку прво коло одма градско дерби Бетис--- Севилја познато како Noche de fiesta.
 
п.с. требало јавна анкета, вака не е интересно. :D
Ејјј, моја грешка. :tapp:
А, баш планирав јавна да ја направам, сум испуштил. Има шанса модераторите да ја направат сега јавна?
 
Малага игра многу попаметно од еден Сити на пример на трансфер пазарот, купува токму тоа шо е потребно, пред некој ден го земаа и Санти Казорла... Имаат асален тренер, очекувам место во европа за нив.
 
test
--- надополнето: Jul 22, 2011 3:45 PM ---
Е сеа имате анкета, ресетирана, ама ми е гајле :)
 
Малага игра многу попаметно од еден Сити на пример на трансфер пазарот, купува токму тоа шо е потребно, пред некој ден го земаа и Санти Казорла... Имаат асален тренер, очекувам место во европа за нив.

Не е официјално сеуште со Казорла.

Туку wtf, малезиски фанови на Арсенал палат дрес на Барселона. Се мрднале азијативе... :pos:

http://www.as.com/futbol/video/aficionados-arsenal-queman-camiseta-barcelona/20110722dasdasftb_8/Ves
 
Туку wtf, малезиски фанови на Арсенал палат дрес на Барселона. Се мрднале азијативе... :pos:
http://www.as.com/futbol/video/aficionados-arsenal-queman-camiseta-barcelona/20110722dasdasftb_8/Ves
Незадоволство изгледа искажуваат. :pos:
Сега нашите таму треба да искажат контра-незадоволство и да запалат дрес од Арсенал. :icon_mrgr:
 
Јас очекувам повторно Ел класиката да го одлучат шампионот, а се надевам дека овој пат ќе биде друга приказната. Ако не се лажам, оваа сезона првиот натпревар се игра во Мадрид.
 
Годинава очекувам освен Реал Мадрид и Барселона и Атлетико Мадрид,Виљареал,Валенсија па и Малага :icon_lol: да влезат во трката за титула. Иначе лани убаво почнаа Валенсија,Виљареал и Алтетико Мадрид но за 2-3 кола одма паднаа.

Иначе сакам Реал Мадрид да ја освои Ла Лига но ќе биде тешко. Сепак очекувам оваа сезона Ла Лига да биде многу поинтересна од минатата сезона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom