Споредба: Охрид - Албанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ljupco Meljata
  • Време на започнување Време на започнување

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Еве една интересна тема да отвориме,

Значи што му фали на Охрид и кое се предностите во споредба да речеме во Албанија,

Охрид
1)СКапи цени на апартмани,колку треба да се намалат

2)Плажи кои се далеку од хотелите ,што може да се смени,

3)Домашно сместување дали вреди или,дали треба да има вклучен појадок,интернет итн.....

4)Дали високите цени во Охрид се поради дистрибутивните центри кои носат храна од Скопје па има поголема маржа.или Охриѓани ги зголемуваат .

5)Хигиена и услуга на ниво

6)Дали Охрид има мал капацитет
Албанија

1)Колку е патот со автобус до Валона,дали патот е добар,колку чини возење со автобус два правци.

2)Храна колку чини во супермаркет,дали е како скопје или поефтино

3)Какво е сместувањето дали плажата е блиску до апартманите

4)Колку чини цената во супермаркет.

Што нудат во Албанија плус бесплатно маркетинг финти итн...............
Дали има гужва и ви смета или има за секој место.
Колку сте потрошиле во Албанија со сите трошоци вкупно а колку во Охрид .

Бидете јасни во приказ на трошоците.
 
Мислам дека оваа година се најавуваше дека цените на сместувањето ќе се намали, дали е направено не знам, ама ме изненади кога ми кажаа дека во х. Горица со 5 ѕвезди ноќевање е 30 еур со појадок ... повеќето хотели имаат плажа ... а високите цени се истите и во зима, и на пазар и во маркетите ... еве во Тинекс на плоштад се повисоки цените од други охридски маркети и сега ти види ...
 
Охрид
1)СКапи цени на апартмани,колку треба да се намалат
скапи, апартман во Лагадин накај брдото (имаш чувство како да си на планина, а не покрај езеро) пред 2-3 години чинеше 2000-2200. Инаку апартмани се нарекуваат, но условите се... со заеднички кујни, стара покуќнина (постара чинам од мене), нишки телевизор и често без клима.

2)Плажи кои се далеку од хотелите ,што може да се смени,
за ова појма немам, хотелите се доста поскапи па најмалку 20 години не сум одел во охридските хотели.
3)Домашно сместување дали вреди или,дали треба да има вклучен појадок,интернет итн.....
може и не мора, но како опција не е лошо да постои...по некои разумни цени. Интернет, како и за клима...треба да е достапен.
4)Дали високите цени во Охрид се поради дистрибутивните центри кои носат храна од Скопје па има поголема маржа.или Охриѓани ги зголемуваат .
којзнае кој го јаде кајмакот, но и вон сезона храната и пазарите им се многу скапи.
5)Хигиена и услуга на ниво
хигиена нема, барем последен пат кога бевме во споменатиот Лагадин. Контејнерите беа турени од ѓубре, смрад на скапан бостан и коекаква храна.

Генерално тоа им фали -хигиена, пониски цени, обновени апартмани, клима, доручек и интернет би требало да постојат како опции (оти сите не седат цел ден на плажа), но да не ги зголемат премногу трошоците. А, да не заборавам...лежалките да си ги тргнат и да дозволат и лежење на крпа, трска...тоа со лежалките им е голем лоповлук (споредено со грчкиот начин на издавање лежалки).

Албанија бевме еднаш, но на кратко заради сеуште ниското ниво на хигиена (пред 3-4 години) со контејнерите и плажите (многу полошо од охридско), градежните зафати и високите цени на апартмани кои ги набија во сезона (јули бараа 50 евра 3 ред од плажа). Така да, немам некои искуства со Албанија.
 
Еве една интересна тема да отвориме,

Значи што му фали на Охрид и кое се предностите во споредба да речеме во Албанија,

Охрид
1)СКапи цени на апартмани,колку треба да се намалат

2)Плажи кои се далеку од хотелите ,што може да се смени,

3)Домашно сместување дали вреди или,дали треба да има вклучен појадок,интернет итн.....

4)Дали високите цени во Охрид се поради дистрибутивните центри кои носат храна од Скопје па има поголема маржа.или Охриѓани ги зголемуваат .

5)Хигиена и услуга на ниво

6)Дали Охрид има мал капацитет
Албанија

1)Колку е патот со автобус до Валона,дали патот е добар,колку чини возење со автобус два правци.

2)Храна колку чини во супермаркет,дали е како скопје или поефтино

3)Какво е сместувањето дали плажата е блиску до апартманите

4)Колку чини цената во супермаркет.

Што нудат во Албанија плус бесплатно маркетинг финти итн...............
Дали има гужва и ви смета или има за секој место.
Колку сте потрошиле во Албанија со сите трошоци вкупно а колку во Охрид .

Бидете јасни во приказ на трошоците.
1. Цена 25 евра повратна, Патот е така и така
2. Малку поскапо е од СК едно 30-40%
3. Ваљда да зависи кај ќе најдеш ама генерално е блиску.
4. Колку чини цената во супермаркет.:D:pos:
 
Охрид е најубавиот град на светот ако некој мене ме прашува. Мислам дека ниедно место на светот не ме смирува како Охрид. Уште да ги нема Охриѓани и туристите ќе биде перфекција :)
Не ми се допаѓа Албанија сеуште е во изградба и имаат многу отровни храни :))) Но очекувам да израсне во одличен туристички центар. Засега гласам за Охрид.
 
Охрид
1)СКапи цени на апартмани,колку треба да се намалат
300-400 ден.по лице е ок.

2)Плажи кои се далеку од хотелите ,што може да се смени,
На кој хотел мислиш?Сите хотели си имаат своја плажа.Ако мислиш на хотелите во градот,30 денари е до Св.Стефан/Пештани.50 Градиште.Куба Либре и Кадмо се скоро в град.

3)Домашно сместување дали вреди или,дали треба да има вклучен појадок,интернет итн.....
Ретко каде и настрана и кај нас со домашно сместување имаш вакви додатоци ,оти е нешто најминимално и најефтино.Вклучен појадок + интернет = повисока цена, а секој би сакал бесплатно да е.
4)Дали високите цени во Охрид се поради дистрибутивните центри кои носат храна од Скопје па има поголема маржа.или Охриѓани ги зголемуваат.
Високите цени се поради Охриѓани.

5)Хигиена и услуга на ниво
Улиците низ градот се добро одржувани,а плажите не баш.Хигиената и услугата е различна зависи каде од место до место.

6)Дали Охрид има мал капацитет
Доволен капацитет.
Албанија

1)Колку е патот со автобус до Валона,дали патот е добар,колку чини возење со автобус два правци.
25-30 евра е повратна.Охрид-Валона е 7 сати со автобус(320 км + граници).Со кола зависи од возачот.
2)Храна колку чини во супермаркет,дали е како скопје или поефтино
Цените се слични со Охридските.

3)Какво е сместувањето дали плажата е блиску до апартманите
Зависи од апартманите.

4)Колку чини цената во супермаркет.
:pos:

Што нудат во Албанија плус бесплатно маркетинг финти итн...............
Доплаќање 3-5 евра дневно за пуштена клима во апартманот.2-3 евра по лице туристичка такса.
 
Можам да ви кажам дека контењерите од Комунално на лето 2 пати во денот ги чистат.
Рано наутро и касно навечер. Преку ден неможе да дојде да го чисти.
 
Можам да ви кажам дека контењерите од Комунално на лето 2 пати во денот ги чистат.
Рано наутро и касно навечер. Преку ден неможе да дојде да го чисти.

Kaj мене три пати идат со камионот.Еднаш кај 8 сабајле ,после кај 17.30-18.00 и кај 1,2 навечер.
Една од ретките фирми под Општина шо вистински работат.
 
Јас не сум бил последниве 2-3 години, али имам роднини кои ми кажуваат дека Албанија ги нема тие проблеми со хигиената на водата/хранате етц.

Крај краеава ако имаш некој денар повеќе тркни до Турција да видиш што е море :)
 
.... а да споредуваме баба и хор жаби?
....може да направите споредба Охрид - Валона, Охрид - Драч, Охрид - Саранда, Охрид - Дерми....но не и Охрид - Албанија
....бидете малку попрецизни
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom