Кушадаси

  • Креатор на темата Креатор на темата >>LadY<<
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Некогаш малото рибарско место Кушадаси (Островот на птиците), денес претставува еден од најизградените туристички центри на Егејскиот Брег. Топлата гостопримливост. големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор.Благата медитеранска клима, за време на летните месеци, Ви нуди можност за релаксиран одмор за време на големите летни горештини. Неговите плажи: гратската, женската и долгата плажа, го олеснуваат вашиот избор за место под сонцето. Изобилството на ресторани, кафетерии, дискотеки, продавници како и двата водени паркови во близината на градот од кои едниот е еден од најголемите во светот, ви гарантираат незаборавен летен одмор
Здраво на сите, летово ќе одам на одмор во Кушадаси, па би сакала да слушнам коментари, впечатоци, Ваши искуства од таму. Исто така кои места вреди и треба да се посетат, кои се најдобрите плажи, па и најдобрите хотели, преку кои туристички агенции сте биле, колку трае патувањето со автобус, каков е ноќниот живот, како се движат цените, и секако како сте си поминале, дали сте задоволни од услугата итн. Исто така сите Ваши прашања и коментари во врска со оваа дестинација нека бидат поставени и одговорени тука со цел полесно да се информираме на едно место а не да се бараме во други теми:)
 
Епа да си поминеш убаво. Па земи ме и мене да појдеме заедно па ке идеме на најубавите места и плажи и клубови и ке си поминеме ептен јако :P
 
Би сакал да ја посетам Турција, а меѓу дестинациите се Истанбул, Измир, Кушадаси, а највеќе ме интересира
Памук Кале ( види линк подоле :P )
Код:
http://en.wikipedia.org/wiki/Pamukkale
и еден подземен град изграден пред не знам колку илјади години...
--- надополнето: Jul 14, 2011 3:39 PM ---
еве најдов како беше Кападокија!!!
 
Одлично место за одмор.Пријатни,пријателски расположени луѓе,чист град,сите големи продавници и чаршијата се концентрарни на во центарот.Интересни места за посета во градот и околината се островот на птиците (кај пристаништето),трговскиот центар некаде кај излезот на градот,водниот парк Adaland.Исто така може да се посети и Ефес кој е на некои 20-25 километри од градот,се наоѓа помеѓу Селџук и Кушадаси.До Кушадаси со автобус се патува околу 16 часа во зависност од тоа колку ќе ве задржат на границата и има 40 минутно патување со траект преку Дарданели.Хотелите и услугата во нив се солидни.Ноќниот живот би требало да е добар бидејќи сега е туристичката сезона.Цените се малку солени меѓутоа не се некои ненормални цени кои што би го оптеретиле буџетот.
 
А некој што знае да каже дали плажите (или поточно Лејдис Бич) и морето таму се чисти?
 
А некој што знае да каже дали плажите (или поточно Лејдис Бич) и морето таму се чисти?
4 години по ред идев. Плажата е чиста и водата, само што од што се е песок и целата е како каллива на почетокот, а треви и слично нема. Некој го спомна Памук Кале. Вреди тоа да се види доколку се иде фантазија е да се бањаш тамун а секој чекор топли води, се е бело си мислиш снег е. А, и градот т.е. центарот е убав и голем за шетање.
 
Доколку се оди со автомобил вреди да се посети но да се оди со такси ќе земе многу пари околу 3-3 ипол часа се патува.
 
Доколку се оди со автомобил вреди да се посети но да се оди со такси ќе земе многу пари околу 3-3 ипол часа се патува.
Јас бев сместен 4 години во хотелот La Cigale Akdeniz сега се вика Atlantique.Хотелот е 7 километри надвор од градот. Со комбе те собираат и те носат патував негде саат и пол, али дефинитивно тој саат и пол беше кошмар. Ем патот не беше ко што треба, а сонце пукаше.
 
Доколку се оди со автомобил вреди да се посети но да се оди со такси ќе земе многу пари околу 3-3 ипол часа се патува.

Имаш организирано од агенција.
 
Јас бев со другари низ цела Турција лани при што спиевме и во кушадаси 1 вечер....ноќниот живот е многу добар имаш две улици едната е Bar street пуна е со барови а другата мислам дека се викаше Club street или нешо така пуна е со дискотеки....исто мораш и да го посетиш Water Parkot мислам дека е најголем во Европа многу е лудо :)...Се на се убава дестинација за добар летен одмор
 
Имаш организирано од агенција.
Зависи од агенцијата.Јас бев во април месец на нешто како екскурзија организирано од агенција и се патуваше во Троја,Ефес,Кушадаси,Памук Кале,куќата на Дева Марија и Измир.
 
Зависи од агенцијата.Јас бев во април месец на нешто како екскурзија организирано од агенција и се патуваше во Троја,Ефес,Кушадаси,Памук Кале,куќата на Дева Марија и Измир.

Зошто зависи од агенцијата? Имало некоја турска агенција, ако сака некој ќе побарам како се вика, што ја држел турчин оженет за србинка и лесно можело да се разбере со него, а давал по 10 евра поефтино за секој излет.
 
Би сакал да ја посетам Турција, а меѓу дестинациите се Истанбул, Измир, Кушадаси, а највеќе ме интересира
Памук Кале ( види линк подоле :P )
Код:
http://en.wikipedia.org/wiki/Pamukkale
и еден подземен град изграден пред не знам колку илјади години...
--- надополнето: Jul 14, 2011 3:39 PM ---
еве најдов како беше Кападокија!!!
Малку off topic.
Кападокија е цела област во централна Анадолија.Таму одам за 2 недели за време на патувањето низ Турција.Јас одам во Goreme,тоа е само едно местенце од повеќето села и градчиња кои ја чинат поранешна Кападокија а сегашната провинција Невшехир.Покрај природните феномени,вулканските карпи со необични форми и фантастичните долини има подземни градови - во Derinkuyu и Kaymakli.

Кушадаси е ок,сум бил неколкупати и ни е најблиската а и попристапна Турска дестинација на Егејот.Бодрум,градот и полуостровот,каде е стациониран Турскиот џет-сет преку летото е вистина поубав и `помонденски` ама исто и посолен.

Плажите се ок,препорачувам одење со кола за да се видат сите работи во околината почнувајќи од Ефес па до Памуккале кое е на 2 и пол часа возење од Кушадаси.
Ах да, и обавезно посета на Adaland или Aquafantasy!
 
Друже супер да си поминеш, чекам да кажеш како си поминал, ако не ти е тешко чекам и слики!!! : )
 
Сум бил 5-6 пати и морам да признаам дека е супер место за секаков вид забава, има добар хаш, екстра девојки, супер храна ко сегде во Турција и секако луѓе кои не сметаат за внуци и подалечни роднини :icon_lol: но право доживување е аква фентази...сексови со 6 ѕвезди...леп провод
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom