LG Optimus 3D (P920) - Првиот Android 3D телефон

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.280
Поени од реакции
34.646
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Па момци, ако го земе некој од вас, очекувам мислење. Ако се покаже како добар, може и да го сменам iPhone-от за него...

Веќе го има во VIP :)
Цена: 25.999 денари.

Откако го најави на почетокот од годинава, LG конечно го пушта во продажба Optimus 3D, нивниот прв 3D Android уред, кој што LG го најавува уште како и првиот на светот паметен телефон со тројна-двојна архитектура. WTF?

LG Optimus 3D има двојадрен процесор, двоканална меморија и двојна меморија - токму поради ова доаѓа и погорниот термин.

Optimus 3D е Android телефон, а ќе се испорачува со 2.2 верзијата. Дисплејот е со големина од 4.3 инчи, а корисниците нема да имаат потреба од наочари за преглед на 3D содржини. Но, интересната работа е што телефонот не само што може да прикажува, туку може и да снима 3D видео содржини со помош на двете камери од задната страна кои имаат резолуција од 5 мегапиксели кои снимаат видео во Full HD резолуција.

Од другите карактеристики, ќе ги издвоиме двојадрениот процесор со работен такт од 1GHz, 512 MB RAM (2x256MB), внатрешна меморија од 8GB која може да се зголеми преку слотот за microSD мемориска картичка.


 
Искрено телефончево е моќ , ама за телефон не ми се даваат 25 000 !! поарно со тие пари ке си купам некој асален компјутер !! не ми се даваат 25 000 за телефон !!
 
Уште да почнат да го оптимизираат андроид и апликациите за двојадрен процесор ќе биде супер. Вака цела оваа моќ е баш за џабе.
 
Ne deka imam iskusstvo so telefonov, ama nemoj da menuvas iphone za LG
 
Уште да почнат да го оптимизираат андроид и апликациите за двојадрен процесор ќе биде супер. Вака цела оваа моќ е баш за џабе.

Сега е за "џабе" али дека ќе трае подолго време е факт допрва ќе почнат апликации што ќе захтеваат двојадрени процесори такада и нема да има потреба да се мења на побрз период.
 
Супер е ама не е подобар од Ајфон
 
И Nokia 1300 е подобар од Ајфон, веќе не е интересна ни споредбата. Барем батеријата еднаш неделно ја полниш а не по двапати на ден.

Патем, моќно изгледа мобилниов, иако не верувам дека ќе го купам... Презадоволен сум од HTC Desire и планирам да го задржам барем дур не направи 2 години во моја сопственост (уште една година... прв мобилен кој го имам држено толку долго по моја воља :) )
 
Ова не е телефон,ова ти е веќе џебен компјутер.
Вака на прв поглед телефонов е врв,а има и вртоглави спецификации споредба со Ајфонот не треба да се прави ни под разно,мада и Ајфон петката излегла утре од сабајле :D
 
Сега е за "џабе" али дека ќе трае подолго време е факт допрва ќе почнат апликации што ќе захтеваат двојадрени процесори такада и нема да има потреба да се мења на побрз период.

Па не би рекол, додека помини толку време ќе прават двојадрени со 2 гига херци и ти ќе си пак еден од послабите :)
 
Ако некој планира да го купи само заради 3D ефектот, нека се откаже од таа помисла.

А пак ако планира да го купи заради спецификациите, веќе Џои напомена дека Android пазарот има многу телефони (50+?), па апликациите не се баш оптимизирани за секој. Значи и тоа паѓа во вода горе-доле. : )
 
Таман е телефонот за тие пари, полека но сигурно Лг станува добар конкурент во андроид пазарот.
Првиот телефон со двојадрен процесор на андроид платформа го извади Лг, сега првиот андроид 3Д уред.
 
Таман е телефонот за тие пари, полека но сигурно Лг станува добар конкурент во андроид пазарот.
Првиот телефон со двојадрен процесор на андроид платформа го извади Лг, сега првиот андроид 3Д уред.
Не давај лажни информации на форумов.
Првиот двојадрен процесор го извади моторола, воедно што турка андроид.
Atrix 4g :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom