- Член од
- 23 јуни 2011
- Мислења
- 569
- Поени од реакции
- 339
Панталоните ги измислиле азиските коњаници за да си го олеснат јавањето. Во Рим панталоните се појавиле во првиот век, а се до 20-от век им биле забранети на жените. Јованка Орлеанка била казнета затоа што не го почитувала ова правило.
Познатата Жаклина Оназис во шеесетите години на минатиот век била замолена да замине од еден познат њујоркшки ресторант на чија врата стоел натписот „Не примаме жени во панталони“.
Потеклото на краватите пак се врзува со хрватската коњаница чии припадници во текот на триесетгодишната војна (1618-1648) врзувале марами околку вратот.
Џиност се појавил во Европа кон крајот на минатиот век, а дури во 19-от век станал препознатлив како облека на бродските работници. Баварскиот емигрант Levis Strauss во 1873 година во Америка го започнал индустриското производство на оваа днес толку популарна ткаенина.
Бикините ги дизајнирал Зак Хам во 1946 година и ги нарекол „атом“, но неговиот модел останал незабележан. Вистинскиот успех малку подоцна го постигнал Луис Рид со бикините кои го добиле името според остров на кој експлодирала атомска бомба.
Подвезиците се појавиле уште во 13-от век и тоа како дел од машката гардероба.
Чорапите кои ги носле древните Римјани биле од груб материјал. Памучните чорапи се појавиле дури кон крајот на 18-от век, а од 1938 година се изработуваат и од најлон, материјал патентиран од Dipon.
За време на Втората светска војна многу жени цртале раб на листовите за да изгледа како да носат „најлонки“. Овој трик станал непотребен после 1955 година кога почнале да се произведуваат и „најлонките“ без раб.
Градникот кој го носле Римјанките за да ги зацврстат своите гради бил всушност марама која се замотувала околу градите. Модерниот градник се појавил дури во 20-от век.
Ремени носеле египетските танчерки, но само на сосема голо тело. Во средниот век ременот бил статусен симбол и им бил забранет на жените со сомнителен морал.
Марамчето кај старите Грци било со големина на пешкир за раце, додека Римјаните користеле две марамчиња, едно за бришење пот и едно за бришење на усните. Во периодот на ренесансата марамчето било знак на префинетост.
Тангата ја носеле древните Египќани, како и некои примитивни народи.
Сложувањето на боите пак отсекогаш било актуелно. Црната боја се користела за погреби, белата за венчавки, сината за момчиња и розевата за девојчиња. Боите секогаш се користеле за означување на опшествените, социјалните, психолошките и половите разлики.