LG Optimus One - P500

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Не најдов тема за телефончево а мислам дека заслужува. Го земав пред саат време од T-Mobile и сум презадоволен, колку е брз, прецизен, прегледен и се останато. Едноставно пресеќен сум што се оттарасив од глупата 5800 XM, ова е светлосни години подобро од нејзе. Ме интересира дали и за овој телефон важи тоа да се пуни демек мора 14 саати првите три пати итн...или може откако ќе јави он дека е пун да си го извадам поштено?
 
Епа со здравје да си го користиш (y) иначе како што имам слушнато од многу луѓе и читано на нет за поновиве батерии веќе не важело тоа старо правило, но сепак јас би одел со првата варијанта некако ми е посигурна.
 
Не најдов тема за телефончево а мислам дека заслужува. Го земав пред саат време од T-Mobile и сум презадоволен, колку е брз, прецизен, прегледен и се останато. Едноставно пресеќен сум што се оттарасив од глупата 5800 XM, ова е светлосни години подобро од нејзе. Ме интересира дали и за овој телефон важи тоа да се пуни демек мора 14 саати првите три пати итн...или може откако ќе јави он дека е пун да си го извадам поштено?

амн бе, до толку ли ти е меракот голем, па да неможеш 14часа да го оставиш да се полни :) остај го ..што те кошта, освен 14часа помалку чалам :)
 
Би требало да пишува во упатството за користење. Ако не пишува тогаш не важи правилото да се пуни 14 саати.
 
Би требало да пишува во упатството за користење. Ако не пишува тогаш не важи правилото да се пуни 14 саати.
Не пишува, не важи, готово, точка :D
--- надополнето: Jun 23, 2011 1:23 AM ---
Иначе, телефонов е одличен, 10/10.
 
Ej јас само да ви се умешам од сервисна гледна точка, декодирам LG P500 за 4 минути, правам unbrick за 1 саат и 20 минути и имам тачови и екрани за него :) а футроли Hobo Case од кај 10ти јули.
 
Некој да каже нешто, било што, некој хинт кој што треба да го знае секој нов корисник на телефонот? На што треба да се обрнува внимание, некои багови итн?..Share your experience, не се срамете :)
 
Бумеранг колку пари го зема телефонот ме интересира,дали на сметка или само телефонот,и јас сакам да земам таков,читам го фалат дека е одличен телефонот,нема замерки ниту еден,еден другар го има и можам да кажам дека е заљубен во телефонот :D
 
Го земав во Relax Family Comfort со договор на 24 месеци како постоен корисник, додадов 7000 клуб 360 поени(кои ги рачунаат како 1450 ден.) и цената на телефонот испадна 5500 ден. Само телефонот мислам дека е 13.000, во припејд 12.000, најубаво да си видиш на сајтот на T-Mobile.

Сите Nokia touch phone корисници нека се оттарасат од нивните демек телефони и нека си го земат овој, стварно е одличен.
 
Како да направам телефонот да нема ascending ringtone туку одма да почне гласно да ѕвони? Гледам ова е проблем на повеќе Android based телефони.
 
Некој си глупав закон за тоа не дозволува како старите телефони веднаш јако да почнува, поради култура.
 
Јас зедов ваков и морам да кажам дека сега за сега сум презадоволен од него.Јачината на рингтонот ме нервира и мене јас не го ни слушам кога ми ѕвони посебно ако сум во гужва.
 
Го имам 2 месеци веќе и сум препрепрезадоволен. Брз е, нуди премногу опции. Јас го земав во Relax Medium и го платив околу 6000 ако не се лажам. Само ме иритира што за да пратиш песна мора да влезеш во ThinkFreeOffice. Инаку, сега за сега, можам само да кажам дека е стварно многу јак телефон, иако мана му е тоа што нема блиц на камерата.
 
Некој си глупав закон за тоа не дозволува како старите телефони веднаш јако да почнува, поради култура.
Аааа демек да не ги вади од памет тие што се околу тебе ако нагло почне да ѕвони..:p
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom