Античкиот град на Исар-Марвинци, Валандово - Културно-историски осврт
Детали за Античкиот град на Исар-Марвинци, Валандово - Културно-историски осврт
Поле Податок
Име Античкиот град на Исар-Марвинци, Валандово - Културно-историски осврт
Опиц
Неодамна, на Римската некропола на Исар-Марвинци откриена е мермерна плоча во секундарна употреба врз Гробот 1905. Во натписното поле врамено со двојна профилација се наоѓа прецизно врежан текст на грчки јазик. Текстот соопштува дека Марко Тетиј Руф подигнал статуа на Херакле и храм на градот од сопствени средства.
Натписот е датиран во 227 година, што според македонската ера, е 79 година. (Натписот е објавен во: Ц. Крстевски, Добер, Античкиот град на Исар-Марвинци, во печат). Без сомнение, сега сме во можност да констатираме дека се работи за истиот храм кој по рушењето бил обновен од страна на нашиот македонијарх во 181 година. Со оваа исклучително драгоцена информација се потврдува дека градот на Исарот помеѓу овие две дати - 79 и 181 година - пострадал од силен земјотрес, за подоцна, кон крајот на 2. век да биде обновен.
http://cc.org.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_details&gid=367&&Itemid=32
Објавена под Creative Commons лиценца, „Античкиот град на Исар – Марвинци кај Валандово“, од д-р. Викторија Соколовска, е првиот македонски електронски научен труд од областа на археологијата и културното наследство. Трудот се однесува на локалитетот Исар кај Валандово кој откри резултати кои „во голема мера ги изменија дотогашните сознанија, знаења и констатации кои владееја дотогаш во археолошката наука. Се создадоа услови кои овозможија да се испита културниот развој на Повардарјето во вековите на I милениум пр. н.е., што доведе до состојба да се поврзат и
објаснат, дотогаш недоволно јасните појави во постарото железно време и раната антика на нашата земја.”
Значајно е што д-р. Соколовска и покрај своите околу 80 години (таа е првиот дипломиран археолог во Македонија) се одлучи да го објави своето научно истражување во електронска форма под лиценци кои многу помлади едвај ги разбираат. Тоа сигурно не е погрешна одлука бидејќи електронското објавување значи дека трудот ќе може да допре до поширока публика.
За Василка Димитровска, магистер по археологија и блогер, чиј „Археолошки дневник“ е првата .мк книга за археологија која беше објавена електронски под CC лиценца, публикувањето на Интернет е единствениот начин да се стави македонската археологија на научната и културна мапа на светот.
„Во борбата за што поголем и подобар пристап на информации, ставањето на едно дело на Интернет под лиценца на Creative Commons, може да биде одлична можност за промоција во светски рамки. Сите корисници би требало да бидат запознаени со глобализациските придобивки од оваа лиценца, чија благородна идеја оди под мотото ‘Сподели знаење’. Објавена под лиценца на Creative Commons, електронската монографија за археолошкиот локалитет Исар кај Марвинци е многу важна, бидејќи е првиот комплексен научен труд од областа на археологијата и културното наследство публикуван оригинално во дигитална форма, со дозвола од авторот д-р Викторија Соколовска за негово преземање, споделување и цитирање.”
Creative Commons се дигитални лиценци кои го олеснуваат заштитување на делото со основните авториски права, но да може, по избор на авторот, да се достави за симнување и да може да се сподели тоа дело, со обавезннаведување на авторот на делото.
http://www.it.com.mk/prezemeta-ja-prvata-mk-arheoloshka-elektronska-monografija/