Венецијанер

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.321
Поени од реакции
34.741
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Венецијанерот претставува поволно финансиско решение за заштита од сонце и непожелни погледи. Во последно време има широка примена во опремувањето на станбените и деловни простории. Се монтира на самата рамка на прозорецот, од неговата внатрешна страна. Колку што знам има дрвен, пвц и алуминиумски венецијанер.

Какво е вашето искуство? Негативни и позитивни страни? Препорачувате?

venecijaner_2.gif


Како се движат цените? Кои се најквалитетни?
 
Венецијанерот претставува поволно финансиско решение за заштита од сонце и непожелни погледи. Во последно време има широка примена во опремувањето на станбените и деловни простории. Се монтира на самата рамка на прозорецот, од неговата внатрешна страна. Колку што знам има дрвен, пвц и алуминиумски венецијанер.

Какво е вашето искуство? Негативни и позитивни страни? Препорачувате?

venecijaner_2.gif


Како се движат цените? Кои се најквалитетни?

Јас имам вакви дома и задоволна сум.

Кога ги менувавме прозорите на мојот спрат ставивме нови прозори + венецијанер + комарници (како надворешни лизгачки ролетни со мрежа, се креваат и се спуштаат). Од ТЕНЗОР ги земавме, 500 евра беше цел комплет ама ова пред 6 години, сега се поефтини многу, плус ти ќе земаш само венецијанер.

За венецијанеров можам да кажам дека лесно се оддржува, не мораш да го переш на секое поготово ако е пушачка просторија дека завесите пожолтуваат многу. Се вади од горе, ги ставаш во када, со црево, било што и за 10 минути се готови. Ако нејќеш вака доста е и со крпче ама па така за подобро чистење ќе мораш едно по едно :p Алуминиумски се моите, за тие од ПВЦ ни кажаа дека лесно се виткаат. Јас би ти препорачала да ставиш, помодерно изгледаат.

P.S. Ако менуваш и прозори, може да ти ги монтираат венецијанерот внатре во прозорот, меѓу двете стакла :)
 
Има алуминиумски одамна монтирано кај старине дома, ама како тие што не ги интересира ни Ф од Фенг Шуи или некој интериор дизајн се презадоволни со функционалноста и издржливоста.
Мене ми се фора за во некој канцелариски простор, додека во станбен објект ми изгледаат како премногу официјални, немам видено дрвени можно е да одговараат ако имаш дома некој шведски стил на интериор.
Одржувањето е лесно, само пази кога ги переш да не го превиткаш алуминиумот, зошто е нежен.
Цена навистина не знам.
 
Кога живеев во куќа имав вакви, да бидам искрен, ич не ми правеа мерак. Јесда беа стари, ама сонце пак продираше низ нив, гломазно вртење и слично....не знам колку се поквалитетни (или понеквалитетни) новиве модели...

Јас мислам дека ролетна е решението, поготово ако ви треба за соба во која спиете и е свртена на исток. Не би ставал по дома венецијанери пак...
 
...многу се подобри и попрактични од завеси....лесни за одржување и ги прават по мерка за секој прозор....со цените не сум во тек....но не се нешто скапи...единствена негативност е што многу лесно се виткаат...па ако низ дома ти се шеткаат мали деца....:unsure:
 
Доколку поставувате венецијанер ролетни, вариолајт завеси , роло завеси, зебра завеси или пвц или алуминиум ролетни побарајте на 077 670 691 , 076 752 978 .... најдобри се дечките
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom