Како да се преведе? Прашања и примери за превод од и на македонски

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.546
Темава е за изнаоѓање најдобри преводни еквиваленти од и на македонски. Оние кои преведуваат искусиле колку преводот на одредени зборови, концепти, и фрази може да биде многу проблематичен. Се разбира, секој преведувач знае дека не се преведуваат зборови, туку смисла, значење, намера, во одереден контекст.

Еве ги првите примери: се работи за глаголите „celebrate“ и „embrace“. Во англискиот јазик често пати среќаваме изрази како We ought to embrace cultural differences, или Women need to learn how to celebrate their bodies. Во еден денешен текст на Кајгана „celebrate“ беше преведен во таков контекст.

Резултатите покажуваат како жените се однесуваат на комплициран начин кон своето тело и колку всушност време поминуваат грижејќи се што мислат другите. Важно е да ги прифатат своите недостатоци и да почнат да го слават своето тело, без оглед на обликот и големината“, кажа Вонг.

Што мислите, дали се добри преводите „да се прегрнат културните разлики..“ и „да го слават своето тело“? Кои се вашите предлози?
 
„да го слават своето тело“
Просечен човек веднаш ќе сфати дека се работи за превод и лесно ќе ја сфати поентата на зборот слават иако во фразава изгледа смешно.
Во случајов преводов е и добар и не, добар е бидејќи задржана му е смислата но лош е затоа што изгледа смешно.
Решение - наместо "слават" да се употреби друг збор како восхитуваат, уживаат во своето тело и слично.
 
да се прегрнат културните разлики е fail превод, баш како што рече ти треба да се преведе смислата и значењето а не буквален превод
боље би било нешто во стилот на, да се прифатат културните разлики
 
Еве уште два примери: impeachment, benchmark.
--- надополнето: Jun 10, 2011 5:20 PM ---
„да го слават своето тело“
Просечен човек веднаш ќе сфати дека се работи за превод и лесно ќе ја сфати поентата на зборот слават иако во фразава изгледа смешно.
Во случајов преводов е и добар и не, добар е бидејќи задржана му е смислата но лош е затоа што изгледа смешно.
Решение - наместо "слават" да се употреби друг збор како восхитуваат, уживаат во своето тело и слично.

Мислам дека понудените решенија ти се добри. Како уште еден можен превод во овој контекст би го додал „да бидат задоволни со своето тело.“
 
"women need to learn how to celebrate their bodies" може да се преведе буквално затоа што има буквално значење, "жените треба да научат како да ги слават своите тела" а исто добро е како и во горниот коментар "да научат да бидат задоволни со своето тело". додека "we ought to embrace cultural differences" во буквална буквален превод има некако смисла но не е тоа тоа, може да биде "треба да ги прифатиме културните разлики" или "треба да ги совладаме културните разлики" или така нешто :)
 
Мислам дека "embrace cultural differences" подразбира повеќе од прифаќање, значи не само да се прифатат разликите ами и да се има позитивен став кон таквите разлики. За жал во моментов не ми текнуваат подобри решенија.
 
Преводот на benchmark најмногу ќе зависи од контекстот. Најопшто и најшироко значење би било „мерило/аршин“, ама тоа е само за почеток. Е сега, ако се работи за економски контекст, тогаш најчесто се преведува со „граница // најниска/најисока вредност“, ама во политички и „евроинтеграциски“ контекст (кадешто и најмногу се употребува), често ќе го преведеме како „стандард“, или дури „цел“.

Во најтесна смисла impeachment кај нас се користи во истата форма - импичмент - а тоа најчесто кога се работи за претседател на држава: тоа е еден цел американски концепт којшто се раширил во многу европски јазични подрачја. Ама, кога се користи воопшто за која и да е владејачка позиција, тогаш имаме цела фраза - „недоверба на -------“, на пример „се гласа недоверба на владата“, и сл.
 
Прво, благодарам многу за анализата на двата збора! За benchmark немам што да додадам – многу исцрпно и компетентно ги изложи преводните еквиваленти.

Што се однесува до impeachment, тоа е доста сложен концепт кој постои не само во политиката ами и во судството. “Недоверба на/кон...“ ми е прифатлив превод, иако ми е малку несмасна синтагмата „гласање недоверба“, но тоа е друг муабет. Инаку, недовербата како семантичка основа на поимот impeachment (во јуридичка смисла) е сосема добар превод. На пример, witness impeachment јас би го превел како „недоверба во веродостојноста на сведокот.“

Политичките конотации на impeachment се малку поинакви. Во политиката, импичментот на претседател или влада е повеќе од искажување недоверба -- тој содржи елементи на јавна осуда, поточно јавна прозивка. Политичкиот импичмент би го превел како “јавна прозивка“ а impeached како “јавно прозван“. Инаку, заемката „импичмент“ ич не ме бендисува – некако непотребно ми „пичи“ и ми „пара уши.“ :)
 
Мислам дека "embrace cultural differences" подразбира повеќе од прифаќање, значи не само да се прифатат разликите ами и да се има позитивен став кон таквите разлики. За жал во моментов не ми текнуваат подобри решенија.

или пак може “да се надминат културните разлики“ али тоа би било повеќе како превод за "to overcome cultural differences" но битно има по малку смисла, сепак битни се само идеи :)
 
Јас би го преведел како "да се прифатат културните разлики". Дека секој би разбрал што сака да се каже со тоа. Според мене колку помалце комплицирање - толку подобро. Јес да има поголемо значење, поопширно, али битно е да долови поентата. Кога ќе изфилософираме и прегрнеме може да го сметаме, али премногу буквално доаѓа, и можеби може да биде пореално, но во брзо читање или пример без контекст изгледа и звучи смешно.
 
to embrace the differences. Прво, мислам дека најблиску е „да се прифатат разликите“. Бидејќи, ова е веќе скоро скаменета фраза во англискиот јазик, и тоа ни диктира да најдеме и кај нас таква една колку-толку фиксна фраза, а мислам дека горенаведенава го исполнува тоа. Бидејќи, преку честата употреба на англиската фраза, лексемата embrace веќе го има излитено значенскиот потенцијал и преносноста, и се’ повеќе се восприема кај родените говорители како „прифаќање“. Второ, „да се надминат разликите“ има една сосема друга значенска нијанса - таа фраза кај нас се употребува во ситуација кога имаме две спротивставени ставови по однос на едно прашање, чие решавање бара надминување на конкретни разлики. А разликите во англиската фраза (т.е. во нејзиниот јазичен контекст) се најчесто од поинаков карактер - културолошки, цивилизациски, религиозни и слично. Се надевам дека се изјаснив добро.
 
Изјаснувањето е одлично, благодарам! Сосема е точна констатацијата за семантичкото излитување на embrace во ваквиот контекст. Кога се` ќе се земе пред вид, „да се прифатат разликите“ е најдобар македонски превод.
--- надополнето: Jun 12, 2011 12:31 AM ---
Што мислите за преводите на изразот to be gendered во следниве контексти:

Sexual violence is gendered violence.
(Сексуалното насилство е условено од родот.)

We are a gendered society at birth.
(Доаѓаме на свет како дефиниран род.)

Fighting and shooting games are typically gendered games.
(Игрите со борби и пукање се типично родовски игри.)

We are all gendered to behave in certain way -- like boys or girls.
(Сите сме воспитани родово да се однесуваме -- како машки или како женски.)
 
--- надополнето: Jun 12, 2011 12:31 AM ---
Што мислите за преводите на изразот to be gendered во следниве контексти:

Sexual violence is gendered violence.
(Сексуалното насилство е условено од родот.)

„Сексуалното насилство е родово условено“ или можеби „Сексуалното е родово условено насилство.“

We are a gendered society at birth.
(Доаѓаме на свет како дефиниран род.)

„Се раѓаме во родово (определено) општество.“

Fighting and shooting games are typically gendered games.
(Игрите со борби и пукање се типично родовски игри.)

„... се игри со класична родова определеност.“ „Игрите со борби и пукање се типичен пример за родово определени игри.“ (второво е малце долго, ама и тоа е во крајна линија ок, бидејќи преводот често пати мора и да дообјаснува.)

We are all gendered to behave in certain way -- like boys or girls.
(Сите сме воспитани родово да се однесуваме -- како машки или како женски.)

За ова во моментот не ми текнува нешто добро, ќе размислам. Бидејќи, на македонски тешко може да се изведе глагол, или глаголска придавка од именката „род“.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom